fbpx
Таг: Нов Зеланд

таг: Нов Зеланд

Нов Зеланд сепак нема да ги забрани цигарите

Новоизгласената влада на Нов Зеланд најави дека нема да ја имплементираат политиката подготвена од претходната влада за „генерациска забрана“ за купување  цигари за сите родени во 2009 година или подоцна, известува Гардијан. Новата конзервативна влада тврди дека ја повлекува забраната за цигари за да се компензира за кратењето на други даноци. Во 2022 година се усвои „генерациската“ забрана на продажба...

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, икона за многумина, најави дека се повлекува

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која беше пофалена за начинот на кој се справи со најтрагичниот случај на масовен вооружен напад и раните фази на пандемијата на коронавирус, во четвртокот најави дека ќе се повлече од функцијата, објави „Асошиејтед прес“. Ардерн се соочува со зголемени политички притисоци дома и злонамерни критики што не беа случај за претходните лидери...

Дезинформациите да се регулираат, но не и да се забранат, бара Комисијата за човекови права во Нов Зеланд

Независната регулација треба да го поткрепи пристапот на Нов Зеланд кон дезинформациите, смета главниот комесар за човекови права во оваа земја, Пол Хант, пишува „НЗХералд“. Ваквата изјава доаѓа пред претстојното објавување на документот што е формиран врз основа на анализа на новозеландските службеници кои ги истражувале активностите извршени од странство во функција за справување со штетните содржини, особено оние што...

Стара фотографија од Нов Зеланд прикажана како нова од Охрид

Нашата проверка покажа дека фотографијата, на која се гледа тркало од автомобил на паркинг, со прикачена т.н. канџа, првпат се појавила на социјалната мрежа Твитер во 2016 година и дека според описот, истата е направена е во Нов Зеланд, а не во Охрид, како што се тврди во објавата, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во...

Ниту Австралија, ниту Нов Зеланд некогаш планирале пуштање вакцини против ковид-19 во водата за пиење

Фотографијата што се споделува не претставува вистинска објава на весник од Нов Зеланд, туку графички изменета фотографија со цел да се промовираат антивакцинални невистинити тврдења. Ниту Австралија, ниту Нов Зеланд некогаш планирале вакцините против ковид-19 да ги стават во водата за пиење, ниту, пак, таквата евентуална и апсурдна операција би дала резултат, бидејќи, како што велат експертите за...

Нов Зеланд планира да создаде генерација на непушачи до 2027

Нов Зеланд во една од најригорозните мерки за борба против тутунската индустрија во светот планира да им забрани на младите луѓе да купуваат цигари во текот на нивниот живот, тврдејќи дека другите напори против пушењето траат премногу долго, пренесе Ројтерс. Според законот кој се очекува да биде донесен до крајот на 2022 година, сите родени по 2008 година нема да...

Нов Зеланд постави цел од 90 отсто вакцинирани жители за да се стави крај на „локдауните“

Владата на Нов Зеланд денеска ја објави својата амбициозна цел да ги вакцинира против ковид-19 90 отсто од сите жители што може да примат вакцина, со цел да стави крај на „заклучувањата“. Во моментов повеќе од два месеца во „локдаун“ е градот Оукланд, јави агенцијата Асошиејтед Прес. Премиерката Џасинда Ардерн се наоѓа под јавен притисок за прекинување на таквата состојба,...

Нов Зеланд поради еден нов случај на ковид-19 спроведе целосен тридневен карантин

Поради само еден нов случај на ковид-19, прв во последните половина година, од полноќ цел Нов Зеланд ќе биде во строг локдаун, односно карантин, јавија новозеландските медиуми. Случајот е откриен во најголемиот новозеландски град, Окленд, кој ќе биде „затворен“ цели седум дена. Новозеландската премиерка Џасинда Ардерн рече оти случајот е откриен претпладнево, а засега не може да се каже дали станува...

Четириесет загинати во напад на две џамии во Нов Зеланд

Четириесет лица загинаа, а 20 се тешко повредени во терористички напад врз две џамии во Крајстчрч во Нов Зеланд кој се случи за време на попладневните молитви. Австралиецот Брентон Тарант (28) отворил оган од автоматско оружје, а сето тоа директно го пренесувал на „Фејсбук“. Претходно на „Твитер“ напаѓачот објавил манифест од 74 страни зошто го прави тоа. Себе си се...

Се отвори огромна дупка на Нов Зеланд, вулканолозите среќни

Огромна дупка се отвори на една фарма на Северниот Остров на Нов Зеланд, која има длабочина колку четири двокатни автобуси и површина колку две фудбалски игралишта, односно 20 метри на 200 метри површина. Не се предизвикани огромни штети и нема загинати луѓе и животни, а еден ефект од оваа појава предизвикана од обемните врнежи, е што вулканолозите ќе може од...

Новата година пристигна во Самоа, Тонга и Кирибати

Жителите на јужнопацифичките острови Самоа, Тонга и Кирибати во 11 часот според средноевропско време зачекорија во 2018 година, а наскоро по нив Новата година ќе пристигне и во Нов Зеланд, каде ќе биде дочекана со огномет над Оукленд од облакодерот „Скај“ висок 200 метри. Во 13 часот, според средноевропско време, во 2018 година ќе влезат и некои подрачја на...

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд

Силен земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала го погоди јужното подрачје на новозеландскиот Јужен Остров, соопшти Американскиот геолошки завод. Епицентарот на земјотресот бил на 196 километри северозападно од островот Окланд и бил на длабочина од 10 километри. Засега нема податоци за евентуални жртви или за причинета материјална штета.

Нов Зеланд се подготвува за втора голема бура

Жителите на Нов Зеланд се подготвуваат за удар на циклонот Кук, втора силна бура неделава. Претставниците на цивилната заштита ги советуваат жителите на пониските предели да се евакуираат во повисоките. Летовите од аеродромот „Тауранг“ се откажани, а војската распореди 500 војници во тоа подрачје. Метеоролозите предвидуваат дека ветровите во некои делови на земјата ќе дуваат со брзина од 150 километри на...

Нов Зеланд: Огнена стихија му се заканува на третиот најголем град

Стотина пожарникари и десетина авиони се борат со огнот кој се заканува Крајстчерч, трет по големина град во Нов Зеланд. Поради пожарната стихија, евакуирани се повеќе 1.000 луѓе. Пожарот досега уништил 11 куќи, а локалните власти прогласија состојба на опасност. Во последните три години во овој регион е забележана голема суша што е причината поради која вегетацијата во околните ридови е...

Китовите насукани на плажа во Нов Зеланд спасени благодарение на плимата

Повеќе од 200 китови кои беа насукани на плажа во Нов Зеланд успеале да отпливаат назад во океанот, соопшти денеска новозеландското министерство за заштита на животната средина. „Вчера попладне на плажата имаше уште 240 китови и се плашевме дека нема да преживеат. Но, тие самите се спасија бидејќи надојде плимата па можеа да отпливаат назад во водата“, изјавил портпаролот...

Повеќе од 650 китови се насукаа на брегот на Нов Зеланд

На брегот на Нов Зеланд денеска се насукале уште 240 китови, само неколку часа откако група волонтери успеаја да вратат дел од китовите кои вчера се насукаа на брегот, јавуваат светските агенции. За два дена повеќе од 650 китови се насукаа на новозеландскиот брег, на околу 5 километри од плажата Фервел спит на јужниот остров. Околу 335 китовите угинале,...

Силен земјотрес од 6,3 степени го потресе Нов Зеланд

Земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала го погоди северниот остров на Нов Зеланд. Засега нема информации за причинета штета и за евентуални жртви. Епицентарот на земјотресот бил во близина на брегот на островот, на длабочина од 37 километри. Потресот доаѓа една недела откако силен земјотрес со јачина од 7,8 степени го погоди јужниот новозеландски остров и усмрти две...

Двајца загинати и опасност од цунами по силниот земјотрес во Нов Зеланд

Премиерот на Нов Зеланд, Џон Ки, соопшти дека најмалку две лица загинале при силниот земјотрес  со магнитутда од 7,8 степени според Рихтерова скала што ја погоди земјата. Службите за цивилна одбрана им наредиле на жителите на источниот брег на земјата да се преместат во областите кои се наоѓаат на поголема надморска височина поради опасност од цунами. „Се очекуваат нови цунами-бранови, кои би можеле...

Првите цунами-бранови го погодија Нов Зеланд

Првите цунами-бранови, кои настанаа по земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала, го погодија Нов Зеланд, но засега е прерано за да се утврди колкава е штетата и дали има жртви, соопшти новозеландското министерство за справување со кризни ситуации. Како што пренесуваат светските медиуми, брановите достигнувале височина од 2,1 метар. - Се очекуваат нови цунами-бранови, кои би можеле...

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд, постои опасност од цунами

Властите на Нов Зеланд издадоа предупредување за можно цунами и ги повикаа лицата од целиот источен брег да се повлечат кон внатрешноста на островот или на повисоките делови, откако силен земјотрес го погоди североисточниот град Кристчерч, најголемиот град на Јужниот Остров. Засега нема извештаи за жртви. Потресот првично беше оценет дека имал магнитуда од 7,4 степени, но подоцна е утврдено дека...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...