fbpx
Таг: нотари

таг: нотари

Лога: Нотарите и извршителите да ги бираат коморите, да се укине Вишиот управен суд и да се смени Законот за судски совет

На вчерашната седница на Советот за следење на имплементацијата на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор, која за првпат се одржа со физичко присуство, министерот за правда Кренар Лога на членовите на Советот порачал дека е неопходно одредени активности да бидат дел од новата развојна Стратегија. Па така, министерот за правда Лога по сопствена иницијатива побарал да се укине неговото...

Вистиномер: Старите сметки ги одраа граѓаните, се офајдија адвокатите и нотарите

Ана Глигорова од „Стоп за грабежот“ ја поздравува одлуката на Владата да се намалат тарифниците за нотарите и извршителите, но посочува дека сега адвокатите неколкукратно ги зголемиле тарифниците. Ако сега на пример, за услугата на нотарот некој должник, кој има неплатена сметка за режиски трошоци, треба да плати 2.600 денари, за адвокатската услуга треба да одвои 5.200 денари, посочува...

За факултетите, банките и дел од нотарите електронскиот извод претставува нерешлива енигма

Образовните институции, банките и нотарите се несигурни и не се доволно информирани дали да прифатат електронски издаден Извод од матична книга на родени. Иако добивањето на извод од Управата за водење на матичните книги (УВМК) по електронски пат е едноставно и на издадениот документ пишува дека ги содржи сите податоци како и изводот што се добива на хартија, има институции...

Ќе почекаме за пониски тарифи од извршителите и нотарите

Предлог-измените на Законот за извршување и Законот за нотаријатот со кои меѓу другото се предвидува и намалување на тарифите за услугите на извршителите и нотарите останаа заглавени во Собранието, кое во изминатиов период се посвети на спроведување на референдумот и на процедурата за уставни промени. Се додека не бидат донесени измените на законот во Собранието не може да се...

Tрошоците во постапките пред нотарите и извршителите се намалуваат

Владата на 90. седница ги прифати предлог – законите за изменување и дополнување на законот за извршување и на законот за нотаријат. Од таму информираат дека главната цел на овие измени е намалување на трошоците на најсиромашните граѓани кои не можат да си ги платат сметките за комунални трошоци и кои земаат мали потрошувачки кредити. „Во постапките пред нотарите овие граѓани...

Секоја година ќе се проверува имотот на членовите на Антикорупциската комисија

Со новиот закон за изменување на Законот за спречување на корупцијата, кој од денеска е на јавна расправа, ќе се зајакне Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) и поефикасна борба против корупцијата, соопшти министерката за правда Рената Дескоска, презентирајќи ги предложените измени. Се предвидува во иднина и нотарите и извршителите да поднесуваат Анкетен лист до Антикорупциска и до Управата...

Дескоска: Законите за нотари и за извршители нема да донесат подобрување за граѓаните

Вчера во ноќните часови, сакајќи да го сокрие срамот од своето ретерирање, владејачкото мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ изгласа измени на законите за нотари и за извршители кое нема да донесе никакво подобрување за граѓаните, вели Рената Тренеска-Дескоска, пратеничка од СДСМ. - Со вчерашното гласање се потврди она што СДСМ и коалицијата го зборуваше пред три и пол месеци, кога...

Германски експерти со забелешки за предложените измени во законот за нотаријат

Германски експерти по право имаат низа забелешки на најавените измени на законот за нотаријат, со кои се воведува обврска за ангажирање правен застапник при склучување одредени договори пред нотар. Тие велат дека новите измени на законот може да донесат само хаос и ривалство меѓу колегите кои треба да се држат секој до своите области, пренесува „Алсат-М“ - Многу фантазија ни е...

Предложените законски измени ги раскараа нотарите и адвокатите

И Меѓународната унија на нотарите со седиште во Рим е против предлогот за измена на Законот за нотаријат
Додека трае подготовката на измените на Законот за нотаријат, нотарите и адвокатите се поделија околу предлогот да се воведе законска обрска за ангажирање правен застапник при склучување договор. Според нотарите, адвокатите и сега се чести гости во нивните канцеларии и немаат ништо против нив, но од принципилени причини не сакаат да го прифатат новото законско решение. Тие реагираат на обврската,...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...