fbpx
Таг: нотар

таг: нотар

Димовски: Собранието стана нотар на Владата без можност за сериозна дебата за законите

Собранието, за жал, стана нотар на Владата без можност за никаква длабинска и сериозна дебата, анализа, без мислење на стручната јавност, со драстичен број на намалени јавни расправи и без одржување на било каква надзорна расправа во рамките на надлежностите на Собранието, рече денеска на прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски. „Само во изминативе три дена во Собранието пристигнаа 41...

Шилегов: Милошоски врши злоупотреба со ставањето во мирување на нотарската позиција

Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, денеска го обвини ностителот на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ во петтата изборна единица, Антонио Милошоски, дека со ставањето во мирување на позицијата нотар, прави злоупотреба на штета на другите избрани нотари, но и на штета на граѓаните. „Спротивно од сите норми, Милошоски ја ставил во мирување позицијата нотар иако истата воопшто не ни почнал да...

Шилегов: Милошоски ќе биде нотар, соработниците го напуштаат Груевски

Најблиските соработници на Никола Груевски први го напуштаат бродот на криминалната банда и се подготвуваат за опозиција. Прв повлече нога еден од најблиските соработници на Груевски, носителот на листа Антонио Милошоски, кој, според овој документ издаден завчера, ќе работи како нотар - изјави денеска на прес-конференција портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. Тој презентираше официјален документ од Министерството за правда, според кој, само еден...

Претседателот на Меѓународната нотарска унија во посета на Македонија

Даниел Седар Сенгор, претседател на Меѓународната нотарска унија, денеска и утре, ќе престојува во Скопје по повод 17 години од основањето на нотаријатот во Република Македонија. Меѓународната нотарска унија е организација во која членуваат 86 земји од светот, од кои 22 земји-членки на Европската унија, и има цел да ги координира и да ги развива функцијата и работата на нотарите...

Се намалуваат извршните решенија на нотарите

Се зголемува финансиската дисциплина на граѓаните и на правните лица, покажала анализата на нотарската комора. Извршните предмети што ги работат нотарите во последните четири години бележат тенденција на намалување. Во 2014 година се примени 40.000 предмети помалку, во споредба со 2013 година.

Меѓународната унија на нотарите е против владините измени

И Меѓународната унија на нотарите со седиште во Рим е против предлогот за измена на Законот за нотаријат
Меѓународната унија на нотарите со седиште во Рим е против предлогот за измена на Законот за нотаријат и официјално со писмо реагира до премиерот Никола Груевски и до министерот за правда, Аднан Јашари. Во реакцијата е наведено дека од унијата се загрижени за најавените измени во нотаријатот и поставаат неколку дилеми, објави „Телма“. Тие се интересираат како ќе се регулира...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...