fbpx
Таг: номинации

таг: номинации

Објавени номинациите за Оскарите: „Моќта на кучето“ е со дванаесет номинации

Американската академија за филмски уметности и науки ги соопшти овогодишните номинации за 94-тото издание на Оскарите. На листата со кандидати за филмските награди кои секоја година се доделуваат како признание за одличноста на професионалците од филмската индустрија, „Моќта на кучето“ води меѓу номинираните филмови со 12 номинации, пренесе Си-Ен-Ен. Режисерката на филмот, Џејн Кемпион, влезе во историјата со тоа што...

Објавени номинациите за Златен глобус 2021

Објавени се номинациите за 78. издание на доделувањето на наградата „Златен глобус“ кое ќе биде виртуелно и е закажано за 28 февруари, два месеца подоцна во споредба со вообичаениот датум за одржување. Водители ќе бидат Тина Феј и Еми Похлер. Со најмногу номинации се издвојуваат неколку проекти на Нетфликс. Серијата „The Crown“ води со 6 номинации, а комедијата „Schitt’s Creek“...

„Медена земја“ испиша историја со две номинации за Оскар, за најдобар документарец и странски филм

Документарниот филм „Медена земја“ доби две номинации за Оскар, за најдобар странски филм и документарец.Ова е прв пат, македонски филм да добие две номинации за Оскар. „Атиџе и пчелите се прототип за новиот генетски материјал, кој треба да победи во битката на титаните, каде природата се бори со деструктивното. Среќни сме дека светските критичари и членовите на Академијата го препознаа...

И Трамп меѓу 376 номинирани за Нобелова награда за мир

Одборот за доделување на Нобеловата награда за мир оваа година примил рекордни 376 номинации за престижната награда. - Убаво е да се види дека толку многу луѓе и организации го искористија правото на номинација – рече претседателот на норвешкиот одбор Олав Њолстад. Оваа година номинирани се 228 поединци и 148 организации. Помеѓу номинираните се и Едвард Сноуден, жителите на грчкиот остров...

„Брдмен“ и „Гранд хотел Будимпешта“ со најмногу номинации за „Оскар“

„Американски снајперист“, „Момчештво“, „Брдмен“, „Гранд хотел Будимпешта“, „Игра на имитирање“, „Теоријата за сè“, „Удар со камшик“ и „Селма“ се номинациите за најдобар филм за 87. издание на церемонијата за доделување на наградите „Оскар“. „Брдмен“ и „Гранд хотел Будимпешта“ имаат најмногу, по девет номинации, а по нив следува „Игра на имитирање“ со осум номинации. За најдобар режисир номинирани се Алехандро Гонзалес за „Брдмен“, Ричард...

Објавени номинациите за „Златен глобус“

Филмот „Човекот-птица“ (Birdman) на мексиканскиот режисер Алехандро Инариту доби седум номинации за „Златен глобус“, пред филмовите „Момчештво“ (Boyhood) и „Игра на имитација“ (The Imitation game), кои имаат по пет номинации. Новиот филм на Инариту, меѓу другото, е номиниран и за најдобра комедија, за најдобра главна и споредна улога во комедија (Мајкл Китон и Едвард Нортон), и за најдобра споредна женска...

Роналдо, Меси и Нојер во битка за „Златна топка“

Кристијано Роналдо, Лионел Меси и Мануел Нојер се тројцата номинирани од Светската фудбалска организација (ФИФА) за најдобри фудбалери за 2014 години, кои ќе конкурираат за престижната награда „Златна топка“. Наградите ќе бидат доделени на 12 јануари следната година во Женева. За најдобар тренер номинирани се тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, селекторот на Германската фудбалска репрезентација, Јоаким Лев, и...

Томи Стефановски, номиниран за личност на годината

Потврда за високата класа на Стефановски се двете победи (лани и годинава) на трката на езерото Сен Жан во Канада
Македонскиот маратонец Томи Стефановски, кој годинава го освои второто место во гранпри-серијата светски пливачки маратони, со 51 бод, осум помалку од првопласираниот Жоанес Едел од Франција, е меѓу 12 номинирани за личност на годината во изборот на Светската пливачка асоцијација на отворено (ВОВСА). За Стефановски, во образложението на номинацијата, меѓу другото, пишува дека во пливањето е четири децении и дека...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...