fbpx
Таг: Нобелова награда

таг: Нобелова награда

Клаудиа Голдин ја доби Нобеловата награда за економија за работата на родовиот јаз на пазарот на труд

Нобеловата награда за економија годинава ѝ беше доделена на американската економска историчарка Клаудиа Голдин за нејзината работа на полето на вработувањето и платите на жените. Истражувањето на професорката Голдин ги откри клучните двигатели зад родовиот јаз во платите, соопшти шведската Кралска академија на науките која ја доделува Нобеловата награда, а пренесе Би-би-си. Голдин е третата жена што ја добила наградата и...

Нобеловата награда за мир е доделена на иранска активистка која сè уште е во затвор

Активистката Наргес Мохамади е овогодишната добитничка на Нобеловата награда за мир поради нејзината долгогодишна борба за правата на жените. Таа моментално се наоѓа во озлогласениот затвор Евин во Техеран, пренесува Радио Слободна Европа. Таа е активистка уште од времето кога била студентка. Работела како новинарка и активистка во различни организации за човекови права. Во последните две децении е уапсена 13 пати,...

Норвешкиот писател Џон Фосе ја доби Нобеловата награда за литература

Норвешкиот писател, драматург и поет Џон Фосе е прогласен за добитник на Нобеловата награда за литература. Шведската академија денеска соопшти дека тој ја добил наградата поради неговите „иновативни драми и проза кои му даваат глас на неискажливото“, пренесува Би-Би-Си. Зборувајќи на норвешката државна телевизија НРК, Фосе рече дека бил „донекаде исплашен“ од победата и дека се подготвувал ментално за овој...

Нобелова награда за изумителите на мРНК вакцините

Годишната Нобелова награда за физиологија или медицина беше доделена на унгарската научничка Каталин Карико и американскиот научник Дру Вајсмен. Двајцата научници биле клучни во развивање на технологијата зад мРНК вакцините, технологија која беше основата на вакцините против ковид-19 развиени од Бионтек-Фајзер и Модерна, известува Би-би-си. Пред ковид-19 пандемијата, мРНК технолгијата за вакцини беше експериментална и никогаш претходно не била искористена...

Русија, Белорусија и Иран не се поканети на доделувањето на Нобеловата награда во Стокхолм

Фондацијата за доделување на Нобеловата награда ја повлече одлуката да ги покани Русија, Белорусија и Иран на овогодинешната церемонија на доделување награди во Стокхолм. Поканата наиде на силни критики во јавноста, а од Фондацијата соопштија дека ја препознале силната реакција во Шведска. Русија и нејзиниот сојузник Белорусија не беа поканети и минатата година по руската инвазија на Украина, додека Иран...

Не е точно дека Мајка Тереза ​​има ромско потекло

На социјалните мрежи се отвори дебата за потеклото на Мајка Тереза, при што дискусијата во коментарите има призвук на расистичка реторика и поттикнување омраза. Во постот се тврди дека Мајка Тереза ​​не е Албанка, но тоа не е точно. Нејзиното потекло е општо прифатено, но таа самата изјавила: „По крв сум Албанка; По националност, јас сум Индиец; По вера,...

Француската писателка Ани Ерно е овогодишна добитничка на Нобеловата награда за литература

Нобеловиот комитет денеска Нобеловата награда за литература ја додели на француската писателка и професорка по книжевност Ани Ерно, истакнувајќи дека таа ја добива наградата поради нејзината „храброст и перцепција со која ги открива корените, раздвоеноста и колективните стеги на личната меморија“. „Ани Ерно цврсто верува во ослободувачката сила на пишувањето. Нејзината работа е бескомпромисна и напишана со едноставен јазик, чиста....

Научниците Бертоци, Мелдал и Шарплес се добитници на Нобеловата награда за хемија

Керолин Р. Бертоци, Мортен Мелдал и К. Бери Шарплес се овогодишните добитници на Нобеловата награда за хемија, објави Нобеловиот комитет, пренесува Гардијан. Со олеснување на комплицираните хемиски процеси, тие овозможиле овозможиле употреба на ефикасни хемиски реакции за да се создадат комплексни молекули за фармацевтската индустрија, за мапирање на ДНК-то и за создавање на соодветни материјали. Според Нобеловиот комитет, научниците се стекнуваат со наградата...

Тројца научници ја добија Нобеловата награда за физика

Кралската шведска академија на науките одлучи Нобеловата награда за физика за 2022 година да ја додели на тројца научници – Ален Аспект од Франција, Џон Ф. Клаусер од САД и Антон Зелингер од Австрија за експерименти со испреплетените фотони, утврдување на прекршувањето на Беловите нееднаквости и пионерската квантна информатичка наука. Одлуката ја соопштија од Нобеловиот комитет. Тројцата научници спровеле револуционерни...

Нобеловиот медал на Муратов се продаде за 103 милиони долари, сите пари се за украинските деца

Рускиот нобеловец и главен и одговорен уредник на независниот весник „Новаја Газета“, Дмитри Муратов, го продаде на аукција во Њујорк медалот кој се доделува со Нобеловата награда. Собра неверојатни 103,5 милиони американски долари, јави Би-Би-Си. Аукциската куќа „Херитиџ“ не соопшти кој е човекот или правното лице што ја дало победничката понуда на аукцијата. Парите ќе се испорачаат на УНИЦЕФ за...

Вистиномер: Новите соеви на вирусот не се предизвикани од вакцините

Сите научни докази говорат дека новите варијанти најмногу се шират помеѓу невакцинираните. Вирологот Фридеман Вебер од универзитетот „Јустус Либиг“ во Гисен е дециден дека невакцинираните лица се оние кои ја предизвикаат мутацијата на вирусот. Наспроти тврдењето во постот, научно е потврдено дека од вакцините не може да се инфицирате со коронавирусот. Вакцината не содржи никаков жив или активен дел...

Кард, Ангрист и Имбенс се добитници на овогодишната Нобелова награда за економија

Нобеловата наградата за економија оваа година им беше доделена на Дејвид Кард „за неговите емпириски придонеси во економијата на трудот“ и на Џошуа Д. Ангрист и Гвидо В. Имбенс „за нивните методолошки придонеси за анализа на причинско-последичните односи“ објави Нобеловиот комитет. Канаѓанецот Кард, кој е роден 1956, предава економија на универзитетот во Калифорнија, Беркли. Ангрист кој е роден во САД...

Нобеловата награда за хемија ја добиваат Бенјамин Лист и Дејвид Мек Милам за „екологизирање“ на хемијата

За нивното откритие, односно создавање на прецизна нова алатка за конструирање молекули, наречен „асиметрична органокатализа“, што има големо влијание на фармацевтските истражувања и ја прави хемијата „позелена“, годинашната Нобелова награда за хемија ја добиваат Бенјамин Лист од Институтот „Макс Планк“од Милхајм на Рур (Max-Planck-Institut für Kohlenforschung, Mülheim an der Ruhr), Германија, и Дејвид Мек Милан од универзитетот „Принстон“ од...

Тројца научници се добитници на овогодишната Нобелова награда за физика

Научниците Сјукуро Манабе (Јапонија/САД), Клаус Хаселман (Германија) и Џорџо Паризи (Италија) се тројцата добитници на овогодишната Нобелова награда за физика, соопшти Нобеловиот комитет. „Нобеловата награда за физика за 2021 година беше доделена за 'извонредниот придонес во нашето разбирање на сложените системи', со една половина доделена на Сјукуро Манабе и Клаус Хаселман за физичкото моделирање на климата на Земјината топка, квантифицирање...

Дејвид Џулиус и Ардем Патапутијан се добитници на Нобеловата награда за медицина

Американските научници Дејвид Џулиус и Ардем Патапутијан се годинешните добитници на Нобеловата награда за медицина, одлучи Нобеловиот комитет. Овие двајца експерти ја добија наградата за физиологија и медицина за нивните откритија и придонес во однос на рецепторите за температура и допир во човечкото тело, соопштија од Нобеловиот комитет. „Нашата способност да чувствуваме топлина, студ и допир е од суштинско значење...

Босанскиот сервис „Раскринкавање“ побива лажни твитови на Трамп за нобеловецот Хандке

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу бргу ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од Хрватска на север, до...

„Можеби избрзав малку“ вели Саша Богдановиќ откако го нарече Никола Димитров „идиот“

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, на својот профил на Фејсбук му честиташе на писателот Петер Хандке за Нобеловата награда за литература, чиешто врачување беше бојкотирано од неколку земји поради поддршката што Хандке ја давал на Слободан Милошевиќ и на неговиот режим во текот на војните во поранешна Југославија и поради негирањето на геноцидот во Босна и Херцеговина, пишува...

Номинацијата на Заев и Ципрас за Нобелова награда поддржана од 33 европратеници

Фото: Борче Поповски
По прв пат на Балканот со покажано лидерство се постигнува ваков иновативен договор, пишуваат 33 европратеници од 16 земји и шест политички групи од Европскиот Парламент, во писмото до Норвешкиот комитет за Нобел со кое ја поддржaa иницијативата на Видед Бушамауи од Тунис, премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас да бидат добитници на Нобеловата награда за мир за 2019. Писмото...

Претседателот на ЕП, Тајани, против предлогот за Нобелова награда за Ципрас и Заев

Претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани и заменик - претседател на Европскaта народна партија (ЕПП) во која членуваат партиите на европската десница -  не ја поддржува кандидатурата на Алексис Ципрас и Зоран Заев за Нобелова награда за мир, јави грчка „иЕфимерида“. Тој на седница на Бирото на ЕПП во Атина објасни дека како заменик - претседател на ЕПП не може...

Нобеловата награда за книжевност годинава нема да биде доделена

Шведската академија годинава нема да ја додели Нобеловата награда за книжевност, соопштија од Нобеловата фондација. Работата на Шведската академија е во криза поради начинот на кој го решила случајот против сопругот на една од членките, која во меѓувреме дала отказ, по што истото го направиле и првиот човек на Академијата и уште четири членови. Жан-Клод Арно, сопругот на поетот Катарина Фростенсон, е обвинет за...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...