fbpx
Таг: ница

таг: ница

Почина еден од повредените во нападот во Ница

Почина еден од повредените во минатомесечниот терористички напад во Ница, кога радикален исламист со камион влета на шеталиштето во градот за време на прославата на Денот на падот на Бастиља. Со тоа последниот биланс на загинатите се искачи на 85 лица. Медиумите јавуваат дека починал Пјер Атерман, чија сопруга Франсоаз и синот загинаа во нападот, додека неговата ќерка сè уште...

Поднесени обвиненија за нападот во Ница

Париското обвинителство соопшти дека поднело обвиненија против пет лица кои се наоѓаат во притвор поради сомнеж за вмешаност во нападот во Ница. За соучество во убиствата кои ги изведе група со терористички врски се обвинети само три лица, додека двајца се обвинети за кршење на законот за оружје во врска со припадност на терористичка група. Државното обвинителство, кое ја надгледува антитерористичката...

Осомничениот за терористичкиот напад во Ница имал петмина соучесници

Возачот на камионот кој усмрти 84 лица во терористичкиот напад во Ница, Мохамед Булел, имал логистичка поддршка од петмина соучесници, кои сега се наоѓаат во притвор, соопштил денеска на прес-конференција францускиот обвинител Франсоа Молин, пренесува „Би-би-си“. Обвинителот изјавил дека нападот бил планиран со месеци однапред, а еден од осомничените го снимал местото еден ден по нападот. Сите петмина осомничени со...

Речиси половина од жртвите во Ница се странци

Од 84 жртви од терористичкиот напад во Ница, 38 се странски државјани, соопшти француското министерство за надворешни работи. Настраданите се по потекло од 19 земји и тоа од Алжир, Германија, Ерменија, Белгија, Бразил, Естонија, САД, Грузија, Италија, Казахстан, Мадагаскар, Мароко, Полска, Романија, Русија, Швајцарија, Тунис, Турција и од Украина, стои во соопштението од француското МНР и се додава дека списокот...

Француската полиција уапси уште две лица поврзани со нападот во Ница

Француски официјални лица соопштија дека полицијата уапсила уште две лица во врска со нападот во туристичкиот град Ница, во кој загинаа најмалку 84 лица, а беа повредени околу 300 други. Еден маж и една жена беа уапсени денеска во утринските часови во Ница. Пет други лица веќе се во притвор, вклучувајќи ја и жената на возачот на камионот, 31-годишниот Мохамед Булел. Светските...

ИД ја презеде одговорноста за нападот во Ница

Агенцијата на Исламската држава „Амак“ објави дека војник на ИД го извел нападот во Ница, пренесуваат светските медиуми. Со оваа објава, речиси два дена по нападот во градот на Азурниот Брег, Исламска држава ја презеде одговорноста за смртта на 84 лица. Агенцијата „Амак“, цитирајќи „безбедносни извори“ од ИД, пренесе дека напаѓачот ја извел операцијата одговарајќи на повиците да се нападнат граѓаните...

Уапсени четири лица поврзани со нападот во Ница

Уапсени се четири лица за кои постојат сомневања дека имаат врска со Мохамед Булел, кој во Ница усмрти 84 лица. Француската полиција и на почетокот на викендот врши рации низ целата земја во обидот да пронајде нови докази во врска со нападот што се случи во четвртокот. Мохамед Булел е идентификуван како вршител на нападот и официјално е потврдено дека го возел...

Оер: Франција тагува, но нема да попушти во борбата против тероризмот

Денеска Франција тагува поради терористички напад, изјави  француската амбасадорка Лоренс Оер во француската резиденција, по повод синоќешниот напад во Ница. - Сите денеска сочувствуваат со Франција. Многумина сè уште трагаат по своите најмили - рече Оер. Амбасадорката соопшти дека се во контакт со македонската амбасада во Париз и оти засега нема информации за настрадани Македонци. - Бевме во контакт со амбасадата во...

Во Ница пронајден уште еден камион со експлозив

Француските специјални сили на автопат во близина на Ница пронашле уште еден камион полн со експлозив, јавуваат локалните медиуми. Специјалците го деактивирале експлозивот, а поради тоа евакуирани се две станбени згради. Како што јавуваат светските медиуми, камионот бил паркиран неколку стотини метри од стан кој бил мета на рација, по терористичкиот напад кој се случи во четвртокот вечерта, во кој загинаа 84...

Идентификуван напаѓачот во Ница

Напаѓачот кој во Ница усмрти 84 лица е Мохамед Лахуаеј Булел (31), кој имал двојно државјанство, на Франција и на Тунис, и живеел на северот на Ница, објави весникот „Ница матен“. Како што се наведува, Булел пред нападот работел како возач во курирската служба, татко е на тригодишно дете и на полицијата ѝ е познат по „деликвентно однесување“. Според полициската...

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ изразија сочувство за нападот во Ница

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ денеска изразија сочувство до францускиот претседател Франсоа Оланд, премиерот Мануел Валс и до граѓаните на Република Франција за вчерашниот напад во Ница, во која животот го загубија повеќе од 80, а повредени се неколку десетици лица. Во одделни соопштенија двете партии го осудија грозоморниот терористички напад и порачаа дека е неопходно уште поцврсто и уште поорганизирано обединување и дејствување против насилството,...

Иванов испрати телеграма со сочувство до Оланд за нападот во Ница

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по повод терористичкиот напад во Ница, упати сочувство до претседателот на Француската Република, Франсоа Оланд. „Со шок и со огорченост ја примив веста за терористичкиот напад во Ница, во кој животот го загубија голем број невини лица и каде има голем број повредени. Во овие тешки мигови на тага на пријателскиот народ на Француската...

Италија и Шпанија ја зголемуваат контролата на границите со Франција

Италија и Шпанија ќе ја зајакнат контролата на границите со Франција по вчерашниот напад во Ница, во кој 84 лица загинаа, а неколку десетици се повредени, откако возач на камион, полн со оружје и со гранати, влета на шеталиште. Италијанскиот министер за внатрешни работи, Анџелино Алфано, соопшти дека Италија ќе ги зголеми контролите на трите гранични премини кон Франција и...

МНР: Досега нема информации за повредени и за загинати Македонци во Ница

Од Министерството за надворешни работи информираат дека досега нема информации за загинати или повредени Македонци во нападите во Ница, Франција. Од МНР соопштуваат дека се во постојан контакт со надлежните институции во Франција и до овој момент, нема информации за повредени или загинати македонски државјани, а за сите прашања поврзани со безбедноста на македонските граѓани кои во моментот се наоѓаат во...

МНР чека податоци од Париз за можни настрадани Македонци во Ница

Министерство за надворешни работи чека од француското МНР податоци во врска со тоа дали меѓу загинатите и повредените во нападот во Ница има македонски државјани. Како што соопштија од МНР за „Мета“, во текот на денот се очекуваат повеќе детали. Возач со камион синоќа влета на шеталиштето во Ница, за време на прославата на Денот на Бастиља, при што уби 84...

Светските лидери шокирани и згрозени од нападот во Ница

Светските лидери изразија шокираност, тага и сочувство со Франција поради нападот во кој возач со камион полн со оружје и со гранати влета меѓу луѓето на шеталиштето во Ница, при што усмрти најмалку 84 лица, a повреди повеќе десетици. Нападот се случил за време на прославата на Денот на Бастиља. Американскиот претседател Барак Обама го осуди нападот, квалификувајќи го како „страшен терористички...

Камион влета во шеталиште во Ница, најмалку 73 загинати и 50 повредени

Најмалку 73 лица загинаа, а околу 50 се повредени кога камион влета во преполно шеталиште во Ница, додека траела прославата на Денот на падот на Бастилја, пишува интернет-изданието на францускиот весник „Фигаро“, повикувајќи се на полициски извори. Градоначалникот на Ница, Кристијан Естрози, потврди дека повеќе од 70 лица се убиени во „најлошата трагедија во историјата на Ница“. Тој додаде дека...

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Лицето кое ја уби 46-годишната Танкица Маладеновска во Кочани на 25 септември доби доживотна затворска казна, соопшти Јавното обвинителство. Основниот суд во Кочани донесе пресуда за злосторникот за кривичното дело...