Истражување: Mажите повеќе од жените се на социјалните мрежи


Скопје, 6 декември, 2018 - 11:23 (META) 

Интернет пенетрацијата е зголемена на 79,3 проценти опфат на домаќинствата во првото триемесечjе од 2018 година, наспроти 73,6 проценти во истиот период минатата година, вели претседателката Асоцијација за е-трговија на Македонија, Нина Ангеловска.

Таа додава дека има подобрување и во начинот на пристап потребен за обавување на е-трговија.

„Во Македонија 79,2 проценти од популацијата на возраст од 15 до 74 години употребило интернет или околу 1,3 милиони жители. Од тоа машкиот пол повеќе (80,9 проценти) од женскиот (77,4 проценти). 97,5 од младите на возраст од 15 до 24 години употребиле Интернет, а најмалку употребувале Интернет во старосната група од 55 до 74 години (46,7 проценти) во изминатите 12 месеци. Речиси секој ден интернетот го користат 68,7 проценти од популацијата од 15 до 74 години и тоа пак повеќе мажите од жените. За да пристапат до Интернет најмногу користеле мобилен или паметен телефон дури 68,8 проценти од Интернет-корисниците, потоа од лаптоп 41,1 проценти, од десктоп 36,5 проценти и 14 проценти пристапиле од таблет“, вели Ангеловска.

Таа додава дека граѓаните на Интернет најмногу зборувале и учествувале на „Фејсбук“ и тоа 64,8 проценти од Интернет-корисниците, но помалку од минатата година односно 83,8 проценти.

Што се однесува до користење на Интернет за социјални мрежи кое е најголемо, мажите (68,6 проценти) многу повеќе од жените (60,9 проценти) учествувале на социјалните мрежи. Исто така спрема минатата година


Започнува со работа првата Асоцијација за е-трговија на Македонија


Скопје, 29 март, 2018 - 17:09 (META) 

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија денеска и официјално почна да работи, а во ЕУ-инфо центарот ги претстави мисијата, целите и годишната програма.

Гувернерот на Народна банка, Димитар Богов изјави дека формирањето на оваа Асоцијација е значајно бидејки може да одигра голема улога во унапредувањето на е-трговијата, а воедно да придонесе кон други позитивни аспекти за македонската економија.

„Народната банка се стреми за дигитализација на македонската економија, дигитализација на плаќањата и општеството во целина. Безготовинските плаќања кои се стимулираат со е-трговија се воедно начин за справување со сивата економија и овозможуваат лесна евиденција и следење“, изјави Богов и додаде дека е-трговијата може да го зголеми и извозот.

Министерот за информатичко општество и технологија, Дамјан Манчевски, рече дека ниското ниво на дигитална писменост е една од бариерите на која Владата треба да работи.

Тој ги претстави проектите поврзани со дигитализација како што се фокус кон широкопојасен интернет во белите зони, е-регистарот на население, унапредување на законот за електронска трговија и законот за потрошувачи.

Претседателката на првата Асоцијација за е-трговија на Македонија, Нина Ангеловска рече дека според податоците од Државниот завод за статистика и на Еуростат во 2017 година само 19,5 отсто од Македонците со пристап до интернет купиле/нарачале нешто онлајн во последните 12 месеци додека просекот во ЕУ, изнесува 68 отсто.

– Од компаративната анализа може да заклучиме дека Македонците најмногу сакаат да го користат интернетот за социјални мрежи, телефонирање и играње игри, додека се далеку под просекот во користење на интернет за праќање и примање емаил пораки, продавање производи и услуги, барање информации за производи и услуги, користење интернет банкарство и слично – рече Ангеловска.

Според НБРМ, од вкупниот промет направен со платежни картички лани, само 3 отсто отпаѓа на вредност во е-трговија и дури 67 отсто на подигнување и депонирање готовина од банкомати.

– Вкупната остварена вредност во оналјн реализирани трансакции изнесува 105 милиони евра во 2017 година, од кои 71 отсто се кон странски е-трговци. Според податоците на НБРМ во земјава има вкупно регистрирани 789 виртуелни продажни места кои работат за процесирање на трансакциите со една од 5те банки кои ја нудат оваа услуга. Според нашата анализа моментално се активни 578 веб страни на е-трговци. Во оваа вредност треба да имаме предвид дека се земени и плаќањата сметки преку е-commerce каналите за телефон, вода, струја, владини услуги и друго – додаде Ангеловска.