fbpx
Таг: Николас Мадуро

таг: Николас Мадуро

Трамп не ја исклучува можноста за воена акција во Венецуела

Американскиот претседател Доналд Трамп изрази загриженост поради хуманитарната криза во Венецуела, додавајќи дека не ја отфрла можноста за воена акција како одговор на политичката ситуација во оваа земја, јавуваат светските агенции. Трамп изјавил дека сите опции се на маса поради антидемократските случувања во Венецуела, вклучувајќи и воена интервенција. Министерот за одбрана на Венецуела, Владимир Падрино, пак изјавил дека заканите...

Главната обвинителка на Венецуела поведе истрага за изборна измама

Главната државна обвинителка на Венецуела, Луиза Ортега, отвори истрага за наводната измама за време на контроверзните избори одржани во неделата. Изборите за уставотворно собрани, според опозицијата, се „проект на претседателот Никола Мадуро“. Ортега, која е жестока критичарка на претседателот Мадуро, повика да се спроведе независна ревизија на изборите. Овој потег доаѓа само неколку часа откако британската компанија што го креирала системот за гласање,...

САД најавија брзи и одлучни мерки против Венецуела

Американските власти остро ги осудија изборите за членови на Уставотворното собрание во Венецуела и најавија „брзи и одлучни мерки“ против владата на социјалистичкиот претседател Николас Мадуро. „САД ги осудуваат изборите што го загрозуваат правото на народот на самоопределување“, наведе американското министерство за надворешни работи и додаде дека САД ќе преземат „брзи и одлучни“ против Венецуела. САД и претходно се заканија со санкции. Повеќе...

Десет загинати во хаосот на улиците во Венецуела откако Мадуро прогласи победа

Претседателот на Венецуела, Никола Мадуро, прогласи победа на изборите за Уставотворно собрание. Повеќе од осум милиони гласачи, или 41,53 отсто вчера гласаа за членови на Уставотворното собрание на Венецуела, а изборниот процес го обележа насилство во кое загинаа десет лица, соопштија властите на земјата. - Имаме Уставотворно собрание – рече Мадуро, обраќајќи се пред стотина приврзаници во Каракас, откако изборната комисија...

Малолетник убиен на протестите во Венецуела

Шеснаесетгодишно момче е убиено за време на демонстрациите против претседателот на Венеција, Николас Мадуро, соопшти обвинителството. Тоа е втора жртва во новиот бран протести. Обвинителството не го објави името на настраданото момче ниту, пак, детали за околностите под кои го загубило животот. Претходно беше убиен 30-годишен маж, за време на протестот во Ехида, на западот на земјата. Со ова вкупниот број на жртвите од почетокот...

Мадуро смета дека ЦИА сака да го симне од власт

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, побара од владите на САД, Мексико и на Колумбија објаснување за нивната наводна улога во заговорот на ЦИА против него. - Барам од претседателот на САД, Доналд Трамп, да ги разјасни навредливите зборови на директорот на ЦИА, кој себеси се смета за светска сила – изјави Мадуро на воена церемонија. Тој го обвини директорот на ЦИА, Мајк Помпео,...

Собранието на Венецуела гласаше за разрешување на Мадуро

Парламентот на Венецуела вчера гласал против претседателот на земјата Николас Мадуро поради прекршување на должностите, односно поради одговорност за „кризата без преседан“ во која се наоѓа земјата, јавуваат светските агенции. Според текстот на одлуката на венецуелскиот парламент, „Мадуро предизвикал криза без преседан во Венецуела“ и „занемарувајќи го Уставот“, предизвикал „економска стагнација“, „уривање на уставниот поредок“ со „насилство врз правата“ на...

Опозицијата во Венецуела бара референдум и отповикување на Мадуро

Опозицијата во Венецуела повика на протести на 12 октомври низ целата земја за да се забрза одржувањето на референдумот за отповикување на претседателот Николас Мадуро. Лидерите на опозицијата бараат референдумот да се одржи оваа година, а не следната, како што предложи изборната комисија. Опозицијата ги поттикнува граѓаните на Венецуела да протестираат секој ден поради неуставната одлука на комисијата, која одлучи дека...

Во Венецуела се продолжува вонредната економска состојба

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, ја продолжи за два месеци т.н. економската вонредна состојба, која во земјата е воведена во средината на јануари годинава поради економската и политичката криза. Вонредната состојба се продолжува за 60 дена поради околностите што влијаат врз националната економија, се наведува во претседателскиот указ потпишан во вторникот, а објавен вчера во службен весник. Првиот таков указ беше потпишан...

Мадуро: Ако ме сменат, почнете бунт

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, ги повика неговите поддржувачи да почнат генерален штрајк и бунт доколку опозицијата успее да го смени на референдумот. Мадуро одржа жесток говор по повод Денот на трудот, а истовремено венецуелската опозиција се подготвува утре да предаде 10 пати повеќе од 200.000 потписи кои беа потребни за да се одржи референдум за смена на непопуларниот претседател,...

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...