fbpx
Таг: Никола Попоски

таг: Никола Попоски

Мора да ги слушаме младите и да ги направиме дел од решението, порача Курц

Претседавачот на ОБСЕ и австриски министер за надворешни работи Себастијан Курц, министерот за надворешни работи Никола Попоски и шефицата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорката Нина Суомалаинен, како и неформалната советодавна група за млади при Мисијата синоќа разменија мислења за перспективите на младите во борбата против терористичката радикализација и насилниот екстремизам за време на тркалезната маса која се...

Курц: Конечните одлуки треба да ги донесат партиите, а ние нема да се мешаме

Македонските политички партии треба да ги донесат одлуките кои што се носат по избори, а од наша страна нема да има мешање во понатамошниот тек на настаните, изјави шефот на австриската дипломатија и претседавач со ОБСЕ, Себастијан Курц, кој денеска е во посета на земјава. Тој истакна дека интересот на Австрија е во Македонија и понатаму да има силен партнер...

Попоски: Не е прв пат да ѝ правиме услуга на ЕУ, а да не го добиваме соодветниот третман

Нема да биде прв, ниту последен пат да ѝ правиме услуга на Европа, а да не го добиваме соодветнио третман од другата страна, изјави шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски за време на денешната посета на „котата 59“ на македонско-грчката граница, со својот австриски колега и претседавач со ОБСЕ, Себастијан Курц. Попоски, алудирајќи на ангажманот на земјава околу справувањето со...

Попоски и Курц ја посетија „котата 59“, но го одминаа кампот „Винојуг“

Шефот на австриската дипломатија и претседавач со ОБСЕ, Себастија Курц, денеска пристигна во земјава, а попладнево со својот домаѓин, вицепремиерот и министер за надворешни работи, Никола Попоски ја посетија котата (граничниот камен) 59 на македонското-грчката граница, кај Гевгелија. Изјава за медиумите, за време на посетата на „котата 59“, даде само Попоски кој истакна дека Македонија одиграла клучна улога во спречувањето...

Курц утре со Попоски ќе оди на „котата 59“ кај Гевгелија

Шефот на австриската дипломатија и претседавач со ОБСЕ за 2017 година, Себастијан Курц утре ќе претстојува во работна посета на земјава во рамките на која ќе се сретне со својот македонски колега Никола Попоски. Според агендата, објавена од Министерството за надворешни работи (МНР), Попоски и Курц утре во 13.30 часот ќе ја посетат котата (граничниот камен) 59 на македонско-грчката граница...

Дачиќ не попушта: Дали денеска ја посетив Македонија или БЈРМ, зависи од нив

Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, преку весникот „Блиц“ одговори на прашањето „дали знае во која земја доаѓа, Македонија или БЈРМ“, што денеска му беше поставено од медиумите во Скопје, откако тој неодамна рече дека Србија погрешила што ја признала Македонија под нејзиното уставно име затоа што Македонија го признала Косово и го поддржала неговото членство во УНЕСКО. Српскиот весник...

Хан: Тука сум да слушам, а не да давам препораки за новата влада

Еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, рече дека дошол да ги слушне ставовите на лидерите на политички партии, но не и да им дава насоки и препораки што да одлучат. Тој истакна дека земјата има направено голем напредок ако се спореди со ситуацијата од пред две години, но дека сè уште има работа што треба да биде...

Попоски: Дачиќ добро знаеше во која земја е дојден

Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, добро знаеше во која земја доаѓа, изјави шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, одговарајќи на новинарско прашање дали Дачиќ знае која земја ја посетува. - Да, добро знаеше каде дошол и не е единствениот во Србија што знае која е оваа земја. Ги поканувам да дојдат и да ја посетат Македонија затоа што...

Попоски: Анкетните листови се од различни години и затоа има и разлики во вредностите

Анкетните листови се поднесени во различни периоди, затоа се со различи вредности и со различни функции, соопшти денеска Никола Попоски по прес-конференцијата на портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, за двата имотни листа на Попоски, едниот поднесен како министер, а друг како пратеник. - Анкетниот лист на Никола Попоски како министер за надворешни работи е поднесен во 2014 година до ДКСК....

Кривични пријави од СДСМ за Димитриев, Попоски, Тодоров и за Канческа-Милевска

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ќе поднесе кривични пријави против премиерот во оставка, Емил Димитриев, и против министрите во оставка Никола Попоски, Никола Тодоров и Елизабета Канческа-Милевска поради прекршување на Изборниот законик. Кривичните пријави, како што соопшти денеска портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, ги поднесуваат бидејќи премиерот и тројцата министри во моментов истовремено ја извршуваат и функцијата пратеник во Собранието и...

Попоски: Колку би било убаво Плевнелиев да беше како Желев пред 25 години

Пред 25 години, првото признавање на независна и суверена Република Македонија дојде од Софија, а „потоа следеа сите други пријателства“, напиша денеска министерот за надворешни работи во оставка, Никола Попоски, на својот фејсбук-профил, изразувајќи „благодарност до Бугарија од Македонија“. Попоски вели дека тогашниот претседател на Бугарија, Жељу Желев, имал демократско чувство и почит кон волјата на македонските граѓани, додавајќи дека...

Попоски за „Ла Верита“: Брзо формирање влада за да се избегне странското мешање

Вицепремиерот и министер за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, во интервју за италијанскиот весник „Ла Верита“ вели дека најдобар начин да се одолее на странското мешање е бргу да се состави влада. - Од денеска до крајот на месецот ќе се соочиме со денови кои се решавачки за нашата земја. Подготвени сме да излеземе од тоа постабилни и посилни....

Попоски: Изјавата на Бушати е одраз на неговото воспитување и култура

Не е добро политичари од регионот да влечат чекори за потребите на претстојни избори, изјави шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, коментирајќи ја изјавата на министерот за надворешни работи на Албанија, Дитмир Бушати, кој коментирајќи ги внатрешните случувања во Македонија, ги нарече Македонците „славомакедонци“. - Целта е да создадат слика дека раководат со сите политички партии со етнички предзнак во регионот....

Попоски: Тирана и Приштина да не се мешаат во внатрешните работи на Македонија

Шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, денеска го оцени како непристојно и несоодветно мешањето на Албанија и на Косово во внатрешните работи на Македонија. - Не е пристојно, ниту соодветно кога премиер или претседател од соседна земја директно се меша во внатрешни работи, особено не во период по демократски спроведени избори и пред формирање влада. Се испраќаат погрешни сигнали во...

Попоски во Загреб ќе го преземе претседавањето со Јадранската повелба

Вицепремиерот и шеф на македонската дипломатија, Никола Попоски, денеска ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на Јадранската повелба: Македонија, Албанија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина и САД, што се одржува во Загреб во рамки на хрватското претседавање со повелбата. Како што соопштуваат од МНР, на состанокот се очекува министрите да разменат мислења за...

Попоски: Да се искористи моментот за внатрешно средување на политичката клима

Успешното спроведување на изборите и огромната излезеност претставуваат аргументи во насока на повторно отворање на ЕУ-перспективите, им соопштил Никола Попоски на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ, утринава на работен појадок. - Неопходно да се искористи моментот за внатрешно средување на политичката клима, но и за напредок кон преговори за членство во ЕУ. Ова носи одговорност за...

Попоски: Подготовката на изборите не остава простор за изговори околу резултатите

Шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, денеска на министерскиот состанок на земјите членки на Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ), истакна дека тероризмот, насилниот екстремизам, радикализацијата и мигрантската криза претставуваат сериозни безбедносни предизвици со кои се соочува регионот на ОБСЕ. - Македонија е активен партнер на меѓународните антитерористички коалиции и ќе продолжи да придонесува кон напорите за сузбивање...

Попоски се сретна со Батели, координаторот на набљудувачката мисија на ОБСЕ

Вицепремиерот и министер за надворешни работи, Никола Попоски, денеска се сретна со Роберто Батели, координаторот на краткорочната набљудувачка мисија на ОБСЕ за предвремените парламентарни избори во Република Македонија, кој воедно е и специјален претставник за Западен Балкан на Парламентарното собрание (ПС) на ОБСЕ. Министерството за надворешни работи соопшти дека Попоски ја истакнал важноста на набљудувачките мисии на изборите во Република...

Курц: На митингот присуствував како член на сестринска партија и тука нема ништо спорно

На вчерашниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ присуствував како член на Европската народна партија и тука нема ништо спорно, рече министерот за надворешни работи на Австрија, Себастијан Курц, како одговор на новинарско прашање по денешната средба со неговиот македонски колега, Никола Попоски. – Овде сум како австриски министер за надворешни работи. Вчера бев на настан на партијата, присутен како претставник на Народната...

Попоски: Судот ќе одлучи кој ќе заврши во затвор

Треба да ја почитуваме презумцијата на невиност и да оставиме судските инстанции да одлучат дали е некој виновен или не, вели вицепремиерот и министер за надворешни работи, Никола Попоски, носител на листа во првата изборна единица од ВМРО-ДПМНЕ, во неделното интервју на „Радио Слободна Европа“, одговарајќи на прашањето како дел од осомничените за криминал во неговата партија ветуваат бескомпромисна...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...