fbpx
Таг: Никола Тодоров

таг: Никола Тодоров

Кривични пријави од СДСМ за Димитриев, Попоски, Тодоров и за Канческа-Милевска

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ќе поднесе кривични пријави против премиерот во оставка, Емил Димитриев, и против министрите во оставка Никола Попоски, Никола Тодоров и Елизабета Канческа-Милевска поради прекршување на Изборниот законик. Кривичните пријави, како што соопшти денеска портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, ги поднесуваат бидејќи премиерот и тројцата министри во моментов истовремено ја извршуваат и функцијата пратеник во Собранието и...

СДСМ: Тодоров не го почитува упатството за грип што самиот го донел

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска го обвини министерот за здравство во оставка, Никола Тодоров, дека не го почитува упатството за грип што самиот го донел и go потпишал на 27 февруари 2015 година. Од партијата велат дека набавени се десетици илјади вакцини за грип помалку од потребното, а и тие што се набавени, на граѓаните им се наплаќаат по двојно...

Поради грипот, распустот на учениците продолжен до 23 јануари

Распустот за учениците ќе биде продолжен до 23 јануари, односно наместо на 18, второто полугодие од оваа учебна година ќе почне на 23 јануари. Ова денеска го соопшти министерот за здравство, Никола Тодоров, како една од мерките за намалување на ширењето на грипот во земјава. Покрај продолжувањето на распустот, како мерки се предвидени и секојдневна дезинфекција на автобусите во јавниот...

Тодоров: Имаме докази дека одлуката на ДИК за приговорот на Беса е незаконска

Шефот на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во втората изборна едница, Никола Тодоров, попладнево на прес-конференција ја образложи тужбата што партијата ја поднесе до Управниот суд во врска со приговорот на Беса и посoчи дека имаат докази кои покажуваат дека одлуката на Државната изборна комисија (ДИК), која го прифати приговорот, е незаконска и е „невиден преседан“. Според...

Тодоров: ДИК испраќа невини луѓе во затвор заради политичките амбиции на СДСМ

„Со незаконската одлука за графолошко вештачење не само што Државната изборна комисија (ДИК) активно се вклучи во фалсификување на волјата на народот, туку испраќа во затвор невини луѓе само за да ги задоволи политичките амбиции на СДСМ“, изјави денеска на прес-конференција носителот на изборната листа на ВМРО-ДПМНЕ во втората изборна единица, Никола Тодоров. - Со одлуката да се врши графолошко...

Тодоров: Одлуката на ДИК да изврши вештачење на потпис е скандалозна

Одлуката на Државната изборна комисија (ДИК) да се изврши графолошко вештачење на потписот на жената во избирачкото место во Гостивар е скандалозна, изјави членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров, пред партиското седиште. Тој апелираше ДИК да ја коригира одлуката. - И покрај тоа што од општинската изборна комисија и претставниците од избирачкиот одбор потврдија дека станува збор за жена...

Тодоров: Државната кардиохирургија на одличен глас кај пациентите

Бројот на хоспитализирани и на третирани пациенти на Државната клиника за кардиохирургија досега е двојно поголем од вкупниот број паценти минатата година, изјави министерот за здравство, Никола Тодоров. – Тоа докажува дека Државната кардиохирургија е на одличен глас кај пациентите и тие сè повеќе ѝ веруваат и одбираат да бидат третирани на Државната кардиохирургија на Клиничкиот кампус „Мајка Тереза“ во Скопје...

ВМРО-ДПМНЕ утре ќе организира голем народен собир

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ утре во 15 часот во спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе одржи голем народен собир, најави Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ на нивната страница на „Фејсбук“. „ВМРО-ДПМНЕ порачува, време е за крај на политичката криза. Време е за крај на деструкциите, конфликтноста, поигрувањето со чуствата на луѓето, крај за штетите на угледот на државата. Без оглед на...

Тодоров најави викенд за трибини, собири и за партиски настани

„Политичката криза во нашата држава трае предолго. Таа е наметната од опозицијата. Кризата предизвикува не само политичка штета, туку и економска. Го раѓа разбирливото чувство на загриженост и на несигурност кај граѓаните, а токму тоа е и целта на тие што ја предизвикаа - забавување на порастот, забавување на реформите, донесување деструкција и конфликти“, изјави денеска на прес-конференција Никола Тодоров,...

Тодоров: Нема опасност од заразни болести во поплавените подрачја

Министерот за здравство, Никола Тодоров, денеска на отворањето на бањата за физикална терапија во Градската општа болница „8 Септември“ рече дека во поплавените подрачја нема опасност од заразни болести и од епидемии. - Имаме контрола над ситуацијата во подрачјата зафатени од поплавите во Скопско и нема појава на епидемија иако ги имаше сите услови, тоа го предупредија и експертите и...

Владата 100 процентно ќе ги обештети граѓаните од поплавените подрачја

Владата на Република Македонија денеска усвои пакет на мерки наменети за граѓаните во погодените подрачја од поплавите кои го зафатија скопскиот регион. Министерот за здравство, Никола Тодоров, кој ги презентираше мерките, информираше дека прва мерка е обезбедување на 100 отстотно обесштетување на граѓаните од кризните региони за штетите предизвикани од поплавите. - Ова значи дека граѓаните погодени од поплавите ќе бидат обесштетени...

Вонредна седница на Владата, ќе се прогласи кризна состојба во Скопско и Тетовско

Владата за попладнево закажа вонредна седница на која се очекува да биде донесена одлука за прогласување на кризна состојба во Скопско и Тетовско, кои се најмногу погодени од вчерашното невреме. На седницата Владата, исто така, треба да донесе одлука утрешниот ден да биде прогласен за Ден на жалост за жртвите од невремето. По денешниот состанок на Управувачкиот комитет за справување...

Дваесет загинати во невремето, вонредна состојба во Скопско и Тетовско

Според последните информации, во синоќешното невреме кое го погоди Скопје животите ги загубиле 20 лица, а досега е извршена идентификација на телата на 13 од нив, соопштија денеска по завршувањето на состанокот на Управувачкиот комитет за справување со кризи. По состанокот беше соопштено и дека во Скопско и во Тетовско кои беа најмногу погодени од невремето, ќе биде прогласена кризна...

Тодоров тврди дека ВМРО-ДПМНЕ досега направила многу отстапки во преговорите

„Се надевам дека е можно да се приближат ставовите. ВМРО-ДПМНЕ оди на тие преговори за да се договори, да се најде решение и да се заврши целата оваа криза“, изјави денеска вицепремиерот и министер за здравство, Никола Тодоров, кој ја претставува ВМРО-ДПМНЕ на меѓупартиските преговори за надминување на политичката криза. - Досега направивме огромен број отстапки и сите тие отстапки се...

Тодоров: Сакаме да спречиме техничкиот министер да прави чистка во МВР

Вицепремиерот и министер за здравство, Никола Тодоров, кој ја преставува ВМРО-ДПМНЕ на меѓупартиските разговори, изјави дека очекува да биде постигнат договор на денешната средба што ќе се одржи во резиденцијата на американскиот абасадор Џес Бејли. – Се разговара за ингеренциите на министерот за внатрешни работи и за тоа до кога министрите предложени од опозицијата ќе бидат во владата. ВМРО-ДПМНЕ бара доколку СДСМ...

Интернет-петиција: Тодоров да се напие вода од Дојранско Езеро

Изјавата на министерот за здравство, Никола Тодоров, дека водата во Дојранското Езеро е исправна, поттикна интернет-петиција со која се бара тој да се напие чаша вода од езерото. „Бидејќи делата се погласни од зборовите, бараме министерот да стави крај на дилемите на граѓаните и со свечено пиење чаша вода од Дојранско Езеро да ни покаже дека ова лето безгрижно може да...

СДСМ песимист, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ оптимисти за преговорите

Претставниците на политичките партии кои и денеска разговараа со амбасадорот на ЕУ во Македонија, Аиво Орав, и со американскиот амбасадор Џес Бејли за надминување на политичката криза во земјава, повторно излегоа со различни впечатоци околу напредокот на разговорите. За СДСМ не станува збор за некои посебни поместувања. - Не може да се преговара и да прифатиме во избирачкиот список да останат...

Тодоров и Попоски и официјално нови вицепремиери на Владата

Министрите за здравство и за надворешни работи, Никола Тодоров и Никола Попоски, покрај раководењето со двата ресори, ќе ја извршуваат и функцијата вицепремиер на Владата. Тие, како што може да се види на интернет-страницата на Владата, и официјално се назначени за заменици на претседателот на Владата, Емил Димитриев. Ваквата одлука, според информациите на дел од медиумите, била донесена на владината седница што...

Алармантна е состојбата со смртноста на новороденчињата, предупреди СДСМ

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска предупреди дека состојбата со смртноста на новороденчињата во земјава е алармантна и го обвини министерот за здравство, Никола Тодоров, за катастрофалните политики во ресорот со кој раководи. Во изминатите шест месеци од оваа година на Клиниката за гинекологија и акушерство починале дури 82 новороденчиња, а само во последните две недели починале 20 новороденчиња, објави денеска д-р Ангелчо...

Тодоров: Од денеска во продажба масло од канабис

Реализиравме уште едно значајно ветување за унапредување на здравствената заштита на граѓаните. Од денеска, во аптеките во земјава е достапно масло од канабис кое се издава без лекарски рецепт, објави денеска на својот фејсбук-профил министерот за здравство, Никола Тодоров. „Со оваа новина излеговме во пресрет на барањата на граѓаните и на стручната јавност, чии забелешки, мислења и сугестии имавме можност да...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...