fbpx
Таг: Никола Младенов

таг: Никола Младенов

Доделени новинарските награди „Никола Младенов“

Новинарот Александар Димитриевски ја доби првата награда за Најдобра истражувачка сторија на годинешниот конкурс за новинарските награди „Никола Младенов 2023“, за сторијата „Од фирма за долна облека до надзор над проект од 1,3 милијарди евра со позајмени експерти“, објавена во емисијата „360 степени“. Втората награда за Најдобра истражувачка сторија ја доби новинарката Ирена Мулачка за серијалот текстови поврзани со случувањата...

ИРЛ за „Нечиста крв“ ја доби наградата „Никола Младенов“ за најдобра истражувачка сторија

Тимот новинарки Сашка Цветковска, Елена Митревска Цуцковска и Маја Јовановска од Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) ја доби новинарската награда „Никола Младенов“ за најдобра истражувачка сторија за сторијата „Нечиста крв“, емитувана на МТВ1 и на интернет-страницата на ИРЛ. „Сторијата обелоденува загрижувачки податоци за начинот на којшто се третирале пациентите во една од приватните болници во државата за време на пандемијата со...

МИМ го објави конкурсот за новинарските награди „Никола Младенов 2022“

Македонскиот институт за медиуми го објави конкурсот за новинарските награди „Никола Младенов 2022“ во кој ќе бидат доделени три годишни награди во категориите најдобра истражувачка сторија, најиновативен новинарски производ и најдобра репортерска фотографија. На конкурсот може да се пријават сите новинари и фоторепортери кои професионално работат во медиумите или соработуваат како фриленсери. Како што информираат од МИМ, пријавените материјали треба...

Контраспин: На Мицкоски не му е првпат да става сол врз раната за Никола Младенов

На 27 јуни, обраќајќи им се на граѓаните на Кочани, во рамките на изборната кампања и презентацијата на програмата на ВМРО ДПМНЕ, претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, во дел од својот говор се осврна на истрагата за смртта на новинарот и основач на неделникот „Фокус“, Никола Младенов, недвосмислено користејќи спин преку прашувањето до каде е истрагата за овој случај,...

МИМ ги објави наградите „Никола Младенов“ за најдобра истражувачка сторија

Македонскиот институт за медиуми, МИМ, го објави добитниците на наградата „Никола Младенов“. Сторијата „Жив и надграден: Лукративниот бизнис-клуб околу РЕК Битола“, на новинарот Владо Апостолов, ја освои првата награда на годинешниот конкурс „Никола Младенов“ за најдобра истражувачка сторија за 2019. Сторијата е објавена на интернет-страницата „Призма“ и открива како се злоупотребува системот на јавни набавки за внесување фирми блиски...

Атанасова Точи добитник на наградата „Никола Младенов“

Новинарката Менче Атанасова Точи е добитник на првата награда „Никола Младенов“ за најдобра истражувачка сторија за 2017 година, што денеска ја додели Македонскиот институт за медиуми (МИМ). Точи е добитник на првата награда за серијалот текстови за домашниот паралелен увоз на лекови, со кои се откри фалсификувањето на лековите и злоупотребите на власта за манипулирање на граѓаните со квалитетот и цената на лековите. Втората...

Заев: Ќе бараме меѓународна истрага и за Никола Младенов

Граѓаните бараат одговор дали е убиен новинарот Никола Младенов, а ние бараме меѓународна истрага затоа што општеството е премногу исполитизирано и граѓаните немаат доверба во домашните институции, рече премиерот Зоран Заев, на прашањето на пратеникот Африм Гаши од Беса, дали Владата ќе побара меѓународни истраги за одредени случаи. Заев рече дека за случаите „Смиљковско Езеро“, „Никола Младенов“, „Диво Насеље“ и „Сопот“...

Серафиновиќ и Лупевска-Созен ја освоија првата награда „Никола Младенов“

Миомир Серафиновиќ и Снежана Лупевска-Созен го освоија првото место на годинешниот конкурс на Македонскиот институт за медиуми, за новинарската награда „Никола Младенов“, за најдобра истражувачка сторија. Серафиновиќ и Лупевска-Созен ја добија наградата за сторија објавена во емисијата „Код“ на телевизија „Телма“, за смртта на Коста Крпач, сведок на Специјалното обвинителство и едно од лицата аболирани од претседателот. Втората награда ја доби...

Зошто камерите го снимија Спасов, но не и „Монструм“, Младенов и Нешковски?

Истрагата за случувањата од вечерта минатиот петок освен што го ставија на тапет дополнителниот заменик-министер за труд и социјална политика, Диме Спасов, денеска ја расветлија енигмата дали функционираат камерите на скопските сообраќајници од проектот наречен „Безбеден град“. Денешната прес-конференција на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, а и „ексклузивните снимки“ што ги објави „Сител“, покажуваат дека камерите на скопските сообраќајници се...

И по 20 дена од смртта на Крпач, Обвинителството сè уште „интензивно работи“

Мистерија останува смртта на Коста Крпач, еден од 56-те лица аболирани од претседателот на државата, Ѓорге Иванов, иако минаа цели 20 дена откако тој беше пронајден мртов во својот дом во Капиштец, пред кој сè уште стои паркирано комбито во кое тој пукаше. Од Основното јавно обвинителство Скопје, кое обдукцискиот наод го доби уште наредниот ден, но побара и дополнителни вештачења и...

Тимот на БИРН за „Скопје 2014 под лупа“ ја доби наградата „Никола Младенов“

Тимот на БИРН денеска го доби првото место од конкурсот за наградата „Никола Младенов“ што ја доделува Македонскиот институт за медиуми за истражувачка сторија. Наградата ја добија за истражувањето „Скопје 2014 под лупа“, како истражување кое е од особен интерес за јавноста. Второто место ѝ припадна на Билјана Николовска за документарниот филм „Кога здравствениот систем убива дете“, објавен на ТВ „Телма“. Третото место...

СДСМ: Груевски ја потврди автентичноста на снимките

Денеска Никола Груевски уште еднаш ја потврди автентичноста и вистинитоста на аудиодоказите што ги презентира СДСМ во јавноста, реагираат од СДСМ на изјавата на премиерот Груевски во вестите на телевизија „Сител“ . „Тој потврди дека сè што е објавено на досегашните 30 прес-конференции на СДСМ е целосно точно. Призна дека аудиоснимките ниту се од странски служби, ниту, пак, се лепени, ниту сечени,...

Случај „Младенов“: Две години сомнежи и неодговорени прашања

На 27 март 2013 година, во ендек кај клучката Хиподром, беше пронајдено телото на новинарот и сопственик на неделникот „Фокус“, Никола Младенов, и неговиот автомобил со кој излетал од коловозот на делницата Скопје – Велес. Настанот предизвика шок и бура во новинарските кругови и во јавноста таа изборна пролет, кои до ден-денешен не стивнуваат бидејќи многу прашања поврзани со смртта...

Опозицијата денеска нема да ја објави „бомбата“ за смртта на Младенов

Опозицискиот СДСМ денеска, кога се навршуваат две години од смртта на новинарот и сопственик на „Фокус“, Никола Малденов, нема да одржи прес-конференција на која би биле објавени снимките, кои, како што претходно беше најавувано, содржат разговори околу трагичниот настан, потврди за „Мета“ портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. - Денеска нема да има прес-кнференција во врска со темата за која прашувате....

Две години без Младенов: Нè остави без да ни каже зошто

Точно пред две години, на 27 март 2013 година, во ендек кај клучката Хиподром беше пронајдено телото на новинарот и сопственик на неделникот „Фокус“, Никола Младенов, и неговиот автомобил со кој излетал од коловозот на делницата Скопје - Велес. Настанот предизвика шок и бура во новинарските кругови и во јавноста таа изборна пролет, кои до ден-денешен не стивнуваат бидејќи многу...

Новинарот Љубиша Арсиќ ја доби наградата „Никола Младенов“

Прва награда за истражувачка награда „Никола Младенов“, која ја доделува Македонскиот институт за медиуми, ја доби новинарот на „Фокус“, Љубиша Арсиќ, за серијалот текстови за исчезнатите АФИ-системи. Тој на колегите новинари им порача дека треба да продолжат да истражуваат и да пишуваат. Арсиќ рече дека го радува тоа што странските фондови почнале да даваат повеќе пари за новинари-истражувачи и...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...