fbpx
Таг: Никола Јанкуловски

таг: Никола Јанкуловски

Некој не знае колку пари има, а некој плаќа кредити – колку „тежат“ кандидатите за ректор на УКИМ?

Универзитетската изборна комисија веќе ги разгледа и ги прифати сите шест пријави на кандидатите за нов ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, кои стигнале пред завршувањето на крајниот рок. И официјално, кандидати за нов ректор станаа актуелната проректорка за финансии Биљана Ангелова од Економскиот институт; Горан Ајдински од Филозофскиот факултет; неговиот колега кој доаѓа од истиот факултет,...

По речиси 15 години, УКИМ отвора нови лекторати по македонски јазик во светот

УКИМ
Со заложби на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) е засилено присуството на македонистиката на универзитетските центри во светот – за првпат по близу 15 години се отвораат нови лекторати по македонски јазик, соопштија од овој универзитет. Оттаму велат дека заложбите на УКИМ за изучување на македонскиот јазик на странските универзитети остварени во изминатите неколку години преку Меѓународниот семинар за...

Економскиот институт – Скопје ја одбележа 70-годишнината од неговото постоење [фото]

Економскиот институт – Скопје вчера свечено ја одбележа 70-годишнината од неговото основање во 1952 година. На свеченоста, покрај директорот на Економскиот институт, проф. д-р Зоран Јаневски, свое обраќање имаше ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Никола Јанкуловски, како и министерот за образование и наука на Република Северна Македонија, д-р Јетон Шаќири. Директорот на Економски институт-Скопје, проф. д-р Зоран...

Американското катче се пресели на Економскиот факултет при УКИМ

Американската амбадасорка Кејт Мари Брнз и ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) Никола Јанкуловски денеска го пуштија во употреба Американското катче во Скопје. Иако официјално е отворено уште во јануари 2005 година, тоа доби нови простории на Економскиот факултет при УКИМ. Амбасадорката Брнз на Твитер напиша дека со отворањето на Американското катче се продлабочува соработката со УКИМ. https://twitter.com/USAmbNMacedonia/status/1457703576311148549 „Од 2005...

Денеска се одржа тркалезна маса „Блаже Конески – мостот што ги поврзува македонските и руските слависти“

За делото на Блаже Конески пишувано е многу пати, разгледувано е од многу аспекти, но сепак и децении подоцна тоа останува актуелно. За тоа најдобра потврда е географијата на денешниот настан, но исто така потврда е и задоволството за прифаќањето на поканата на сите поканети за учество на откривањето на уште еден сегмет од делото на Конески. Со овие...

Прв академски час во новата неизвесна академска година: „Сите ќе излеземе посилни и помудри“

Паралелно со старот на учебната година, први октомври го означи почетокот и на новата академска година на дел од македонските универзитети. Студентите кои годинава го започнуваат своето високо образование, првиот академски час го имаа на отворено на платото пред факултетите. Рекоторот на најголемиот универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Никола Јанкуловски, ги поздрави новите бруцоши на Правниот и Филозофскиот факултет и...

Владата го стави во мирување изборот на нов ректор на УКИМ поради корона вирусот

Владата на вчерашната седница одлучи да го стави во мирување изборот на нов ректор на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје по реакциите што беа упатени од дел од кандидатите за избор на оваа функција и од Независниот академски синдикат (НАКС). Владата го допрецизираше членот 5 од Уредбата за законот за високо образование, со кој се предвидува на органите...

60-тина студенти ќе учествуваат на меѓународниот натпревар по роботика – RoboMac 2020

На Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) денес почна меѓународниот натпревар за роботика и вештачка интелигенција RoboMac 2020. Оваа година, студенти од Македонија, Србија и Грција, во наредните пет дена, ќе ги измерат своите сили во знаењата за роботиката и вештачката интелигенција. За продеканката на ФЕИТ, професор д-р Соња Геговска Зајкова во наредните неколку дена ФЕИТ ќе биде место...

Обвинителство ја отфрли иницијативата од Антикорупциска против ректорот Никола Јанкуловски

Основното јавно обвинителство Скопје ја отфрлило иницијативата за кривично гонење поднесена од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) против Никола Јанкуловски, ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. Обвинителот што ја водел предистражната постапка констатирал дека нема основано основано сомнение дека пријавениот сторил злоупотреба на службената положба и овластување, измама во службата и несовесно работење. Во иницијативата од...

Јанкуловски: Како нов ректор, немам лесна задача, туку голема обврска

Деканот на Медицинскиот факултет, Никола Јанкуловски, од денеска и официјално е новиот ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и тој оваа функција ќе ја извршува во наредните четири години, со можност за реизбор. Јанкуловски на 27 јуни беше избран за ректор на УКИМ откако освои 43 гласа, наспроти неговиот противкандидат, професорот Ненад Новковски, кој освои шест гласа. Тој на денешната свеченост...

МОФ бара поништување на изборите за претседател на СПУКМ

Вчерашните криминални избори за претседател на Студентски парламент при УКИМ (СПУКИМ) се нелегални, недемократски и ги погазија правата на студентите и мора веднаш да бидат поништени, се вели во реакцијата на Младински образовен форум (МОФ). Од МОФ бараат целосно поништување на изборите од страна на избирачката комисија на СПУКМ, ректорот во заминување, Велимир Стојковски, и од идниот ректор, Никола Јанкуловски,...

Никола Јанкуловски избран за нов ректор на УКИМ

Деканот на Медицинскиот факултет, Никола Јанкуловски, е избран за нов ректор на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Тој освои 43 гласа, наспроти неговиот противкандидат, професорот Ненад Новковски, кој освои шест гласа, додека шест ливчиња беа неважечки. Јанкуловски ќе биде ректор на УКИМ во наредните четири години. Пред почетокот на седницата на Сенатот на УКИМ, „Студентски пленум“ го блокираше влезот на Ректоратот за да ги...

Новковски и Јанкуловски ќе се борат за ректорската позиција на УКИМ

Ректорската управа денеска одлучи двајцата кандидати помеѓу кои ќе се избира новиот ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ да бидат универзитетските професори Никола Јанкуловски и Ненад Новковски. Никола Јанкуловски е актуелен декан на Медицински факултет, а Ненад Новаковски е професор на Природно-математички факултет. Новковски беше министер за образование и наука во владата на Љубчо Георгиевски од 1998 година. Освен Јанкуловски и...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...