fbpx
Таг: Никола Димитров

таг: Никола Димитров

Западен Балкан бара изземање од извозните рестрикции на ЕУ за одредени медицински продукти

На иницијатива на министерот за надворешни работи Никола Димитров, министрите за надворешни работи на земјите од Западниот Балкан денес испратија писмо до Комесарот за трговија Фил Хоган, Комесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји и до Високиот претставник на ЕУ и потпретседател на ЕК Жозел Борел со барање за изземање на земјите од Западен Балкан од Регулативата на ЕУ...

По 15 години чекање, Македонија безусловно ги започнува преговорите со ЕУ

Македонија ги започнува преговорите за членство во Европската унија, рече денеска на прес-конференција премиерот, Оливер Спасовски. Тој додаде дека Советот за општи работи на Европската унија се согласил дека нашата држава треба во најбрз можен рок да ги започне преговорите за членство во ЕУ. „Стигна верификацијата за успех на нашите напори за истрајноста, капацитетите и политичката волја на нашите институции,...

Околу 2.300 наши државјани ќе бидат вратени со хуманитарни летови, пријавувањето е до утре до 18 часот

Министерот за надворешни работи Никола Димитров извести дека околу 2.300 граѓани се затечени на граници и на аеродромите и чекаат да бидат вратени дома. Тие се низ целиот свет но со најголема концентрација во европските држави. Димитров информираше дека на Влада е донесена одлука да се организираат хуманитарни летови за да се вратат дома, а обврската е 15 дена да...

МНР: Земјите го олеснуваат поврзувањето за време на кризата, за да им се помогне на граѓаните

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, на негово барање, вчера и денес имаше телефонски разговори со своите колеги, министрите за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас, Албанија, Гент Цакај, Бугарија, Екатерина Захариева, Црна Гора, Срѓан Дармановиќ и Австрија, Александер Шаленберг. „Во фокусот беше олеснување на процесот на поврзување (интерконективноста) меѓу земјите во периодот на кризата, со крајна цел, помош на...

Димитров на видео-конференцијата со Рот побара ЕУ-помош

Првично планирана како реална посета на германскиот Државен министер за Европа, Михаел Рот на земјава на 17 март, денеска се одржа видео-конференција на Рот со македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров, на која покрај евроинтеграциите, се дискутираше и за состојбата со ширењето на КОВИД-19. Шефот на македонската дипломатија упати повик до ЕУ да даде поддршка за ублажување на...

Димитров повика граѓаните затекнати во странство да се пријавуваат по е-маил

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, ги повика македонските граѓани затекнати во странство поради ситуацијата со корона вирусот, задолжително да се пријавуваат во дипломатско-конзуларните претставништва (ДКП) за да може да се следи ситуацијата и да се преземаат мерки да им се помогне. „Почитувани македонски граѓани кои во моментов сте во странство, посебно вие кои немате регулиран престој и поради вонредно...

Шпанскиот Сенат го ратификуваше Протоколот за членство на Македонија во НАТО

Шпанскиот Сенат денес го изгласа Пристапниот протокол за членство на Македонија во НАТО. Шпанија беше последната од земјите - членки на Северноатлантската алијанса која што го немаше ратификувано протоколот. По ратификацијата од страна на законодавниот дом, Протоколот во Мадрид треба да биде потпишан уште од шпанскиот крал, по што земјата ќе го депонира документот во Стејт департментот. Со ова,...

Петмина нови пациенти со корона вирус, се затвора скопскиот аеродром

Има пет нови случаи позитивни на корона вирусот, a за уште двајца тестирани во клиниката „Жан Митрев“ се чека потврда во лабораторијата на Инситутот за јавно здравје во текот на утрешниот ден, информира вечерва министерот за здравство Венко Филипче. Со ова, вкупната бројка на заболени во моментов се искачи на 23 пациенти. Неговиот колега, министерот за надворешни работи Никола Димитров,...

Захариева: Се надевам дека во март ќе има одлука за почеток на преговорите со ЕУ

Институт за демократија „Социетас Цивилис“ во соработка со Европскиот совет за надворешни односи канцеларија Софија, од 8 до 10 март го организираа третиот тинк тенк форум Западен Балкан со наслов „Стимулирање на стратешка автономија. Придонесот на Западен Балкан за заедничка европска иднина“. Форумот кој траеше три дена е дел од програмата на ко-претседателството на Македонија и Бугарија со Берлинскиот процес...

Заев носител во четвртата, Шекеринска во петтата, Димитров во првата изборна единица

Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) на вчерашниот конгрес ги објави носителите на листите и кандидатите за пратеници на претстојните парламентарни избори што ќе се одржат на 12 април. Партискиот лидер, Зоран Заев, ќе биде носител на изборната листа во четвртата изборна единица, заедно со Соња Миракоска. Радмила Шекеринска ќе ја предводи листата во петтата изборна единица, во тандем со Јован Митрески....

Димитров за „То Вима“: Важно е да започнат преговорите за членство, да се надмине поделбата кај народот

Никола Димитров во својот календар има заокружено цела низа клучни датуми, но, најбитен е оној од 24 март кога треба да се одржи Советот за општи работи на ЕУ во Брисел и на дневен ред е прашањето за определување датум за отворање преговори со Северна Македонија и Албанија, пишува грчкиот медиум „То Вима“ за кој Димитров имал интервју по...

Долниот дом на шпанскиот Парламент го ратификуваше протоколот за НАТО, следен чекор е во Сенатот

Инфо-центарот за евроатлантски интеграции информираше дека Долниот дом на шпанскиот Парламент го ратификувал протоколот за членство на Македонија во НАТО. „Долниот дом (Конгрес) во Мадрид, утрово го ратификуваше пристапниот НАТО протокол со 279 гласа „за“ и еден глас „против“! Следен чекор е гласање во Сенатот на Шпанија, и откако Кралот ќе го потпише протоколот, следи депонирање на пристапниот протокол во...

Димитров: Март е тест за геополитичките амбиции на новата Комисија и на самата ЕУ

За да може да се продолжи да се говори за европската перспектива на регионот, неопходно е постигнување на консензус за зелено светло за почеток на пристапни преговори со Северна Македонија без одлагање, порача министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска во Солун, соопшти МНР. Тој на покана на министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас, учествува на конференцијата на...

Димитров: Добрите вести од Шпанија се реалност во март

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денес престојува во работна посета на Кралството Шпанија, на покана на Аранча Гонзалес Лаја, министерка за надворешни работи, ЕУ и за соработка. Димитров бил информиран дека ратификацијата на Пристапниот протокол е веќе започната во шпанскиот Парламент, по скратена постапка и дека се очекува утре да биде усвоена од Комисијата за надворешни работи на Долниот...

Пендаровски, Димитров и Шекеринска на Минхенската безбедносна конференција

Претседателот Стево Пендаровски, министерот за надворешни работи Никола Димитров и министерката за одбрана Радмила Шекеринска ќе земат учество на Минхенската безбедносна конференција. На една од најголемите глобални конференции од областа на безбедноста и одбраната годинава ќе учествуваат над 500 претседатели, премиери, министри, претставници на бизнис и невладиниот сектор, како и академици. Настанот ќе се одржи од 14 до 16...

Османи и Димитров во работната посета на Париз, со цел за добивање датум за преговори

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров ја започнаа работната посета на Франција каде што оствариле средба со Клеман Бон, дипломатски советник за Европа на претседателот Емануел Макрон. „Радува фактот што првичните впечатоци се дека новата методологија отвора можност за суштинско унапредување на процесот на преговори во секоја смисла како од аспект на силната...

ЕК ја усвои новата методологија за проширување, задоволни и во Брисел и во Скопје

Европската комисија денес ја усвои новата методологија за проширување на Европската Унија (ЕУ) кон земјите од Западен Балкан. За Македонија и Албанија новата методологија врз чија основа ќе се водат преговорите ќе биде задолжителна, додека Србија и Црна Гора ќе треба сами да одлучат по кој систем ќе ги продолжат преговорите со ЕУ во наредниот период. На прес-конференција по усвојувањето...

Рот – Димитров: Ќе продолжиме со заедничките напори за чекор напред

Ја споделуваме разочараноста заради неможноста Северна Македонија да го направи заслужениот чекор напред. Ќе ги продолжиме заедничките напори за постигнување на оваа цел во одлучувачкиот период пред нас. Паралелно, фокусот да се задржи на ЕУ реформите дома, порача Михаел Рот, државниот министер при Сојузното министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија, надлежен за Европа, на денешната средба во...

„Можеби избрзав малку“ вели Саша Богдановиќ откако го нарече Никола Димитров „идиот“

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, на својот профил на Фејсбук му честиташе на писателот Петер Хандке за Нобеловата награда за литература, чиешто врачување беше бојкотирано од неколку земји поради поддршката што Хандке ја давал на Слободан Милошевиќ и на неговиот режим во текот на војните во поранешна Југославија и поради негирањето на геноцидот во Босна и Херцеговина, пишува...

Пет децении македонската дипломатија гради мостови за соработка со странство

Во организација на Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија и Дипломатскиот клуб – Скопје, денес во Министерството за надворешни работи се одржа Конференција „50 години македонска дипломатија”. На конференцијата свое обраќање имаа министерот за надворешни работи, Никола Димитров, претседателот на Дипломатскиот клуб, амбасадорот Виктор Габер и амбасадорот на Република Словенија во нашата земја, Милан Јазбец. Никола Димитров се...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...