fbpx
Таг: Никола Димитров

таг: Никола Димитров

Димитров и Коѕиас во Њујорк разговарале за мерките за доверба и за името

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров синоќа во Њујорк имал работа вечера со својот грчки колега, Никос Коѕиас, на која, како што соопшти МНР, било разговарано за мерките за градење доверба меѓу двете земји и за процесот за надминување на разликите околу името. Во соопштението на МНР не се наведуваат повеќе детали од средбата, која била последна од вчерашната „богата“...

Димитров со низа билатерални средби на маргините на ГС на ОН

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на првиот ден на маргините од генералната дебата на 72. сесија на Генералното собрание на Обединети нации остварил билатерални средби со заменик-министерот за надворешни работи на Мексико, Карлос де Гонзалес Иказа, со министерката за надворешни работи на Канада, Кристина Фриланд, министерот за надворешни работи на Украина, Павло Климкин, исо  министерката за надворешни работи...

Димитров: Паралелно да се одвиваат преговорите за влез во ЕУ и за спорот за името

Македонија се надева дека направи доволно за да ја убеди Европската Унија да почне преговори и покрај тоа што сè уште не е решен спорот со Грција за името, изјави вчера шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, за „Ројтерс“. - Ако ги спроведеме реформите во земјата, се надеваме дека ќе стигнеме до таа фаза (почеток на преговори за влез во ЕУ)...

Димитров за „Скај њуз“: Ако не ни се допадне во ЕУ, ќе го следиме примерот на Британија

Тие што се внатре често забораваат колку е студено надвор, изјави шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, за „Скај њуз“, одговарајќи на прашање што очекува од Велика Британија која излегува од Европската Унија. - Ако не ни се допаѓа, ќе го следиме вашиот пример. Но, во Лондон сум да ја добијам поддршката од најстарата демократија во светот за тоа што...

Данкан до Димитров: Сакаме да ја видиме Македонија просперитетна и успешна

Сакаме да ја видиме Македонија просперитетна и успешна, му порача британскиот министер за Европа, Алан Данкан, на шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, по потпишувањето на заедничката изјава за партнерство и за соработка меѓу Република Македонија и Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска. „Нашите две земји се посветени да работат билатерално и мултилатерално за да се исполни оваа...

Димитров во Лондон ќе се сретне со Данкан и со британските парламентарци

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, ќе биде во прва работна посета на Велика Британија на 12 и 13 септември. Домаќин на Димитров во Лондон ќе биде британскиот државен министер за Европа, сер Алан Данкан. За време на посетата, Димитров ќе има билатерални средби со британските парламентарци, а ќе има одделна средба и со Комисијата за надворешни односи во Горниот дом на...

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерот за надворешни работи Димитров

Собранието денеска со 43 гласа „за“, 56 гласа „против“ и ниту еден воздржан, ја отфрли интерпелацијата за министерот за надворешни работи Никола Димитров поднесена од пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, кои го обвинија Димитров за кариеризам. Претседателот на Собранието следната седница, на која треба да се најдат интерпелациите за министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, и на министерот за...

Интерпелација: Опозицијата го обвини Димитров за кариеризам

Собранието ја почна расправата за интерпелацијата што пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја поднесоа за министерот за надворешни работи, Никола Димитров. Интепелацијата ја образложи пратеникот Антонио Милошоски, поранешен министер за надворешни работи, кој од собраниската говорница рече дека „единствената идеологија на Димитров е кариеризмот“. - Видете ја неговата биографија и ќе видете дека кариерата му била приоритет без разлика дали на власт бил...

Интерпелациите на Николовски, Царовска и на Димитров денеска на собраниска седница

Собранието на Република Македонија денеска на пленарна седница треба да ја почне расправата за интерпелациите што пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги поднесоа за министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство, за труд и социјална политика и за надворешни работи, Љупчо Николовски, Мила Царовска и Никола Димитров. Интерпелациите се петта, шеста и седма точка на денешната 13. седница на Собранието, чиј почеток се...

Димитров: Преговорите со Грција дефинитивно ќе почнат до крајот на годинава

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во интервју за „Дојче веле“ дадено при неговата посета на Германија, изразува силна увереност дека преговорите со Грција за спорот околу името, кои подолго време беа во застој, ќе продолжат до крајот на годинава. - За време на посетата на грчкиот министер Никос Коѕиас, минатата среда во Скопје, ги дискутиравме мерките за градење доверба....

Хан на средба со Димитров во Талин дал поддршка за владините реформи

На маргините на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија и на земјите кандидати за членство во ЕУ во Талин, денеска шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, имал средба со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, соопшти македонското министерство за надворешни работи. „На средбата шефот на македонската дипломатија го запозна еврокомесарот со досега постигнатото во првите...

Димитров во Талин: Имам голема приказна во надежен момент за Македонија

Имам голема приказна да им раскажам на министрите од ЕУ во овој надежен момент за Македонија, рече шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, во главниот град на Естонија, Талин. Таму се одржува неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија и на земјите кандидати за членство во ЕУ. Димитров се надева дека преговорите за членство...

Димитров во Талин на неформален состанок за безбедносните предизвици на Европа

На покана на високaта претставничка за надворешна политика и за безбедност на ЕУ, Федерика Могерини, и на министерот за надворешни работи на Република Естонија, Свен Миксер, шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, денеска во Талин учествува на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија и на земјите кандидати за членство во ЕУ: Македонија,...

Димитров по средбата со Габриел: Ова е многу охрабрувачки ден за Македонија

Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, како исклучително охрабрувачки ги оцени пораките од Берлин по денешната средба со министерот за надворешни работи на Германија, Зигмар Габриел. - Добивме исклучително охрабрувачки пораки од Берлин, исклучителна поддршка за правецот по кој тргнавме и во однос на домашната агенда „3-6-9“ и во однос на проактивната надворешна политика, фокусирана на инвестирање политички капитал во...

Габриел: Опозицијата да не го блокира импресивниот старт на новата влада

Македонската влада направи импресивен почеток со поставувањето на своите приоритети на прашањата со соседите, на амбициозните реформски проекти и на позитивните чекори, истакнал министерот за надворешни работи на Германја, Зигмар Габриел, на денешната средба со шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, во Берлин, се наведува во соопштението на германското МНР. Габриел нагласил дека тоа што е важно е што најавените...

Димитров во еднодневна посета на Берлин – ќе се сретне со Габриел

Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, денеска во Берлин со својот германски колега, Зигмар Габриел, ќе разговара за интензивирањето на политичкиот дијалог и ќе побара засилена поддршка од Германија за спроведување на реформските приоритети, соопшти македонското Министерство за надворешни работи. За време на еднодневната посета на Берлин, која е на покана на Габриел, Димитров ќе се сретне и со советникот за...

Могерини: Очигледно е дека целиот Балкан на крајот ќе биде дел од ЕУ

Ние работиме на тоа секој наш поединечен партнер од Западен Балкан да има перспектива за членство во Европската Унија, изјави високата претставничка за надворешна и за безбедноста политика на ЕУ, Федерика Могерини, во своето обраќање на Бледскиот стратешки форум во Словенија. Могерини истакна дека Балканот е веќе во Европа, дека се наоѓа во срцето на Европа и дека балканските народи...

Коѕиас: Сакаме нашиот мил северен сосед да биде дел од ЕУ и од НАТО, но да исполни услови

Грција ги поддржува евроатланските аспирации на целиот регион, истакна министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас, по средбата со шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров. - Сакаме да ѝ помогнеме на земјата, да ѝ ги пренесеме искуствата и слабостите. Одлуките од Букурешт мора да се реализираат за потоа земјата да стане членка на НАТО. Сакаме нашиот мил северен сосед...

Коѕиас во посета на Скопје, на средби со државниот врв и со политичките партии

Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, денеска е во еднодневна посета на Македонија, за време на која ќе оствари поединечни средби со претставниците на државниот врв. Коѕиас, кој утринава со автомобил допатува во Македонија, прво ќе се сретне со министерот за надворешни работи на земјава, Никола Димитров, по што двајцата ќе дадат изјави за медиуми. По средбата со Димитров, грчкиот министер за...

Османи ќе му го претстави планот „3-6-9“ на Коѕиас

Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас, утре ќе биде во официјална посета на Македонија на покана на министерот за надворешни работи, Никола Димитров. Од МНР велат дека посетата на Коѕиас е продолжение на дијалогот помеѓу двајцата министри, во рамки на кој се опфатени перспективите на билатералната соработка помеѓу двете земји, како и други прашања од заемен интерес. Димитров денеска...

Посебен сообраќаен режим в недела заради атлетска трка на Средно Водно

Во недела, со почеток во 9 часот, поради атлетска трка на 10 километри, со траса на движење од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот...