fbpx
Таг: Ники Хејли

таг: Ники Хејли

Ники Хејли се откажа од претседателската трка во САД, засега не го поддржува Трамп

Кандидатката за републиканскиот претставник на претстојните претседателски избори во САД Ники Хејли денеска најави дека се повлекува од претседателската трка, пренесува Си-ен-ен. Ова известување доаѓа ден по „Супер Вторник“, односно денот на кој се гласа во 15 американски држави за кандидат за претседател истовремено. Нејзиниот противкандидат Доналд Трамп победи во 14 од 15 држави, а претходно имаше победено во 8...

„Супер вторник“: Бајден и Трамп доминираа на прелиминарните избори, Хејли со изненадувачка победа во Вермонт

Џо Бајден и Доналд Трамп во голема мера стигнаа до лесни победи во таканаречениот „Супер вторник“ - ден кога гласачите во 15 сојузни држави и една американска територија гласаат за номинација на кандидати од Демократската и Републиканската партија. Во раните резултати, Бајден и Трамп извојуваа победи на прелиминарните избори во Калифорнија, Вирџинија, Северна Каролина, Мејн, Масачусетс, Оклахома, Тенеси, Тексас,...

Ники Хејли го победи Доналд Трамп на републиканските прелиминарни избори во Вашингтон

Ники Хејли го победи Доналд Трамп на републиканските прелиминарни избори во Вашингтон, што е нејзина прва победа над поранешниот американски претседател во кампањата за 2024 година за тоа кој ќе стане републикански претседателски кандидат. Хејли, која е единствен преостанат предизвикувач на Трамп, освои 62,9 отсто од гласовите во Федералниот округ Колумбија, наспроти 33,2 проценти што ги освои поранешниот претседател, пренесува...

Трамп победи во Њу Хемпшир, речиси извесно дека ќе биде републиканскиот кандидат

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп води на изборите за републикански кандидат за претседател во Њу Хемпшир за 12 поени, со 90 отсто од избројани гласови, пренесува Би-Би-Си. Со оваа победа, речиси е извесно дека Трамп ќе биде републиканскиот претседател на претстојните избори. Досегашните резултати од изборите покажуваат дека Трамп освоил 55 отсто од гласовите, а неговата противкандидатка Ники Хејли освоила...

Ривалите Хејли и ДеСантис во жестока политичка битка на републиканската претседателска дебата

Гувернерот на Флорида, Рон ДеСантис и поранешниот амбасадор на Oбединетите Нации, Ники Хејли, постојано се обвинуваа меѓусебно во републиканската претседателска дебата организирана од Си-Ен-Ен на Универзитетот Дрејк во Де Мојн, Ајова, пренесе Ројтерс. Но, со оглед на тоа што поранешниот претседател Доналд Трамп отсуствуваше од дебатата, двајцата ривали се препукуваа меѓусебно. „Не ни е потребна уште една замолчена политичарка која ви...

САД бараат итен состанок во ОН за ситуацијата во Иран

Соединетите Американски Држави го повикаа Советот за безбедност на Обединети нации и Советот за човекови права на ОН да одржат итен состанок за Иран, каде што повеќе од 20 лица загинаа, а стотина се уапсени по повеќедневните демонстрации. „ОН мора да се огласат по тоа прашање“ смета американската амбасадорка во ОН, Ники Хејли. Истовреме, Белата куќа го повика раководството на Иран...

САД повикаа да се прекинат дипломатските и трговските односи со Северна Кореја

САД повикаа на прекин на дипломатските и на трговските односи со Северна Кореја, соопшти американската амбасадорка во ОН, Ники Хејли, заканувајќи се дека режимот во Пјонгјанг ќе биде целосно уништен во случај на војна. На вонредната седница на Советот за безбедност на ОН, Хејли истакна дека по последната проба на интерконтинентални ракети, Северна Кореја избра агресија, а не мирен процес. Хејли ја...

Нема докази дека Русија се вмешала во изборите во Велика Британија, смета Џонсон

Британскиот министер за надворешни работи, Борис Џонсон, денеска изјави дека нема докази дека Русија се мешала во изборите во Велика Британија. „Не видов никакви докази. Колку што знам, Русија немаше никаква улога“, одговорил Џонсон на новинарско прашање во врска со улогата на Русија во британските избори. Американската амбасадорка во Обединетите нации, Ники Хејли, неодамна ја обвини Русија дека се меша во...

Дипломатските средства за Северна Кореја се при крај, вели амбасадорката на САД во ОН

Доколку САД ги исцрпат дипломатските опции за да ја убедат Северна Кореја да ја запре нуклеарната програма, тогаш најверојатно работите во свои раце ќе ги преземе Пентагон, вели амбасадорката на САД во Обединетите нации, Ники Хејли, за „Си-ен-ен“. - Ние сакавме да бидеме одговорни и да ги искористиме сите дипломатски средства за да го привлечеме нивното внимание. Ако тоа не...

САД веќе не се фокусираат на заминување на Асад

САД повеќе не инсистираат на заминување на сирискиот претседател Башар ал Асад, изјави американската амбасадорка во ОН, Ники Хејли. - Наш приоритет таму не е да бидеме фокусирани на заминување на Асад. Наш приоритет е вистински да проучиме како да дејствуваме и со кого да соработуваме за да направиме нешто за сирискиот народ. Не може по секоја цена да се...

Косово заслужува полноправно членство, смета новиот амбасадор на САД во ОН

Новиот амбасадор на САД во ОН, Ники Хејли, се заложи за полноправно членство на Косово во ОН, пренесува„Коха нет“ (koha.net). - САД веруваат дека меѓународната заедница треба да признае оти Косово направи големи чекори од прогласувањето независност. Косово заслужува да го заземе местото што му припаѓа во меѓународната заедница, вклучувајќи и полноправно членство во ОН - рекла Хејли на седницата...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...