fbpx
Таг: Нигерија

таг: Нигерија

Шолц во Нигерија бара алтернатива за рускиот гас за Германија

Германија е заинтересирана за увоз на природен гас од Нигерија, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц во интервјуто објавено откако во неделата го напушти Берлин на патување во Западна Африка, пренесува германската новинска агенција ДПА. „Нигерија ги има најголемите резерви на гас во Африка“, изјави тој за нигерискиот дневен весник Д Панч. „Германските компании се заинтересирани за испораки на гас од Нигерија...

МНР: Со хуманитарен конвој успешно се вратени 102 македонски студенти од Турција

Министерството за надворешни работи (МНР) информира дека 102 студенти од нашата земја кои студираат на универзитетите во Турција беа успешно репатрирани во земјава. „Упатуваме благодарност до турскиот Директорат за дијаспора којшто во соработка со нашите претставници во Турција помогнаа за координацијата околу превозот на студентите од Истанбул, Анкара, Бурса, Коња, Сакарја, Кајсери, Измит, Едрене, Чанаккале и Текирдаг до турско-бугарската граница“,...

Уапсени 400 лица во Нигерија поврзани со Боко харам

Најмалку 400 лице се уапсени во рамки на двонеделната безбедносна акција на островите на езерото Чад во поради поврзаност со екстремистичката група Боко харам, соопшти нигериската армија. Од уапсените, 167 се борци на Боко харам, 67 се жени, а 173 деца. Жените и децата по истрагата, како што соопшти армијата, ќе бидат упатени во кампови за раселени лица. Ова е...

Самоубиствен напад во џамија во Нигерија, загинаа 50 луѓе

Најмалку 50 лица загинале во североисточниот нигериски град Муби, кога бомбаш самоубиец, тинејџер, се разнел во џамија, соопштија локалните власти. Според портпаролот на нигериската полиција, Отман Абубакар, сè уште не се знае колку лица се повредени затоа што се префрлени во многу болници. Абубакар изјави дека бомбашот самоубиец го детонирал експлозивот додека се наоѓал со други верници во џамијата, а верниците...

Во Нигерија убиен киднапиран Британец

Државјанин на Велика Британија, кој на средината од октомври беше киднапиран во Нигерија, е убиен, додека тројца се ослободени, соопштија денеска во Лондон. Британското Министерство за надворешни работи објави дека четворица Британци се киднапирани во нигериската држава Делта на 13 октомври. Како што се наведува, убиен е Јан Сквир, а британскиот Висок комесаријат и нигериските власти успеале да испреговараат ослободување на Алан Карсон,...

Тринаесет загинати во три самоубиствени напади во Нигерија

Тринаесет лица загинаа, а 16 се повредени во три самоубиствени напади во североисточниот нигериски град Маидугури, соопштија локалните власти. Како што јавуваат локалните медиуми, нападите ги извршиле жени, кои на себе носеле експлозивни појаси. Првиот напад се случил во ресторан, а набргу потоа и двете жени - самоубијци се саморазнеле, повредувајќи случајни минувачи. Северниот дел на Нигерија е честа мета на...

Во Нигерија од колера починале 14 лица

На североистокот на Нигерија од колера починале 14 лица, а жртвите претежно биле раселени лица во прифатни центри кои побегнале поради насилствата на Боко харам. Нигериското министерство за здравство соопшти дека до 1 септември умреле 14 лица и додаде дека околу 180 лица се заразени со колера. Колерата е многу заразна болест од која може да се умре за неколку часа доколку...

18 жртви на Боко харам во Нигерија

Припадниците на екстремистичката група Боко харам убија 18 лица на североистокот на Нигерија, соопштија нигериските власти. Нападот е извршен ноќта помеѓу четвртокот и петокот на границата со Камерун, а екстремистите со ножеви ги убивале жртвите. Нападот го потврди и претставникот на цивилните сили. Зачестеноста на нападите се зголеми во последните неколку месеци, при што убиени се 172 лица.

Во напад на Боко харам во Нигерија загинаа 40 лица

Најмалку 40 лица загинаа откако исламистичката организација Боко харам нападна група истражувачи на нафта во североисточниот дел на Нигерија, соопштија нигериските власти. Во борбите во близина на градот Маигури загинаа пет истражувачи. Меѓу загинатите има и нигериски војници и екстремисти, пренесува „Би-би-си“. Властите стравуваат дека бројот на жртвите би можел да се зголеми. Побуната на Боко харем трае осум години и досега...

Девет загинати и 10 повредени при експлозија на резервоар за гас во Нигерија

Најмалку девет лица загинаа, а 10 добија тешки повреди при експлозија на резервоар за гас во комплекс за гориво на југозападот на Нигерија. Засега нема објаснување како дошло до експлозијата во објектот на нигериската компанија „Линк оил анд гас“ во Калабара, соопшти полицијата. - Засега е потврдена смртта на девет лица, а многумина добиле различни изгореници и во моментов се на лекување...

ОН: Без финансиска помош, повеќе од милион лица во Нигерија ќе остане без храна

Доставувањето храна за повеќе од еден милион луѓе во Нигерија ќе биде прекинато доколку не се исполни ветеното финансирање од меѓународната заедница, соопшти денеска заменик-координаторот за хуманитарна помош при ОН, Петер Лундберг. - Без доволно финансирање, Светската програма за храна ќе ја намали својата најважна поддршка - изјави Лундберг, додавајќи дека во северниот дел на Нигерија половина милион деца страдаат од...

Спречен напад на Боко харам на амбасадите на САД и на Британија во Нигерија

Претставници на безбедносните сили на Нигерија соопштија дека спречиле обид на припадник на терористичката група Боко харам, блиска до Исламска држава, да изврши напад на амбасадите на САД и на Велика Британија. Нигериските власти соопштија дека кон крајот на минатиот месец е разбиен синџир на терористи кои „усовршувале планови за напад“ на амбасади и на „други мети кои се од...

Нигериската војска „случајно“ бомбардирала бегалски камп, повеќе од 100 загинати

Авион на нигериската војска во акција против Боко харам „случајно“ бомбардирал бегалски камп, при што биле убиени повеќе од 100 бегалци, соопштија нигериските власти. Командант Лаки Ирабор потврди дека владин авион по грешка бомбардирал бегалски камп во североисточната област Ран, во близина на границата со Камерун. Во бомбардирањето се повредени повеќе бегалци и хуманитарни работници, меѓу кои и персонал на организацијата...

Нигерија: 20 лица загинаа при напад на Боко харам врз воена база

Пет нигериски војници загинаа при напад кој припадници на исламистичката група Боко харам го извршија врз воена база во североисточниот дел на Нигерија, соопшти портпаролот на армијата. Нападот бил извршен во саботата навечер, во Буни Јади, во нигериската држава Јобе. Во престрелката, како што соопшти нигериската армија, убиени се повеќе од 15 припадници на екстремистичката група. Во изминатите седум години, откако...

Ослободени 1.800 заробеници на Боко харам во Нигерија

Нигериската војска ослободила 1.800 цивили од екстремистичката група Боко харам и заробила повеќе од 500 припадници на групата во изминатата седмица во шумата Самбиса, упориште на екстремистите од североистокот на земјата, соопшти висок воен претставник. Војската спроведува операции во шумата Самбиса која се простира на повеќе од 1.300 квадратни километри во државата Борно, каде борци на групата побегнале по воените порази. -...

Нигерија: Ослободена група киднапирани девојчиња од училиште во Чибок

Дваест и едно од девојчињата што пред две години беа грабнати од милитантите на Боко харам од училиште во градот Чибок, на североистокот на Нигерија, се ослободени, соопшти денеска портпаролката на нигерискиот претседател, Гарба Шеху, пренесува „Би-би-си“. Шаху изјавила дека ослободувањето на девојчињата е резултат на преговорите меѓу властите и исламистичките милитанти. Портпаролката на претседателот на Нигерија, Мухамаду Бухари, исто така на „Твитер“...

Исламистите на Боко харам убиле 10 и киднапирале 13 лица

Нигериската исламистичка група Боко харам во саботата убила 10 и киднапирала 13 лица во селото Кубриву во близина на Чибока, каде милитантите од 2014 година држат повеќе од 200 ученици, соопштија синоќа селаните. Очевидците велат дека борците на Боко харам во саботата навечер  дошле во селото и почнале да пукаат по селаните кои спиеле, да ги пљачкаат и да ги...

Уапсен лидерот на исламистичката група Ансару во Нигерија

Нигериската војска уапсила лидер на милитантната група Ансару, која е фракција на организацијата Боко харам, соопштија нигериските власти. Ансару се смета за одговорна за киднапирање и за убивање лица од Западот. Американскиот Стејт департмент во 2012 година го стави лидерот на Ансару, Халид ал Барнави, на црната листа како еден од тројцата милитанти поврзани со Боко харам и со североафриканското крило на...

Ослободени 829 заложници на Боко харам во Нигерија

Припадниците на нигериската армија ослободила 829 заложници на исламистичката група Боко харам и протерала бунтовници од повеќе села во нестабилниот североисточен дел на земјата, соопшти нигериската војска. Портпаролот на војската, Сани Усман, соопшти дека војниците го ослободиле подрачјето Кала Балге и убиеле 22 терористи. - Војниците, исто така, ослободиле 309 лица кои терористите ги држеле како заложници – соопшти портпаролот. Војската ги...

Камерунските власти осудија на смртна казна 89 припадници на Боко харам

Властите во Камерун осудиле на смртна казна 89 припадници на нигериската исламистичка група Боко харам, јавува „Би-би-си“, повикувајќи се на извештаи на камерунските медиуми. Одлуката ја донел воениот суд на земјата, а осудените се товарат за тероризам поради нивната вмешаност во повеќе напади во североисточниот регион на Камерун што граничи со Нигерија. Камерун во 2014 година го донесе законот против тероризам, во...

МВР: Гласачки ливчиња се фотографирале и во Штип и Сопот

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти за нови случаи во кои се фотографирале гласачки ливчиња во текот на денешното гласање. Во 14 часот било пријавено дека на избирачко место во...