fbpx
Таг: Независни Грци

таг: Независни Грци

Каменос со нов видео-спот му удри шлаканица на Ципрас пред гласањето во парламентот

Со клип што го објави денеска партијата „Независни Грци“ промовирајќи го новото партиско лого и новите бори на партијата, коалицискиот партнер на владејачката СИРИЗА, оваа партија му порачува на грчкиот премиер Алексис Ципрас дека нема да гласа за ратификација на Преспанскиот договор, пишува грчкиот весник „иЕфимерида“. Во клипот во кој има само анимација со црвена линија и по некоја капка крв,...

Нова демократија води со 10 отсто пред СИРИЗА на најновата анкета

Опаѓа рејтингот на СИРИЗА на Алексис Ципрас на најновите анкети. Според сондажата на компанијата „Интервју“ опозициската Нова Демократија е грчка политичка партија со 30,9 отсто, додека партијата на Ципрас доби 21,3 отсто. Анкетата е правена со прашањето „За која партија би гласале ако следната недела се одржат општи парламентарни избори?“. Зад двете први партии се Златна зора со 7,2 отсто, Комунистичката...

Двајца пратеници на „Независни Грци“ се спротивставија на Каменос

Со различни позиции од оние на Панос Каменос, излегоа двајца пратеници од Независни Грци во однос на договорот од Преспа. Танасис Папахристопулос и Костас Зурарис во одделни интервјуа за грчките медиуми открија дека не се на иста линија со нивниот претседател, кој не го прифаќа решението меѓу Македонија и Грција и најави дека „ќе направи сѐ, договорот да не...

Каменос: Без разлика на референдумот, последниот збор ќе го има грчкиот народ

Каков и да е исходот од референдумот, последниот збор за Договорот од Преспа ќе го има грчкиот народ или на референдум или на избори, рече коалициониот партнер во грчката влада Панос Каменос, уште еднаш повторувајќи ги неговите позиции, но и откривајќи ги следните негови чекори откако Македонија би ги завршила предвидените обврски. - Мојот прв предлог до премиерот ќе биде...

Каменос бара референдум во Грција за името

Лидерот на Независни Грци, Панос Каменос, во неговата колумна за неделното издание на весникот „Димократиа“ порачува дека во Грција ќе мора да се одржи референдум за „новото име на северниот сосед“. „Грчкиот народ ќе треба да одлучи за ова, без преседан во историјата на човештвото, отстапување на истријата и културата на друг народ“, пишува Каменос и објаснува дека секое е...

Седиштето на СИРИЗА нападнато со молотови коктели

Седум лица се уапсени и околу 30 се приведени поради напад на седиштето на владеjачката партија СИРИЗА во центарот на Атина. Според информациите од полицијата, седиштето на партијата беше нападнато вчера вечерта од група од околу 40 лица. Напаѓачите биле маскирани со првоаприлски маски и со перики и ги нападнале објектот и полицијата околу него со молотови коктели, причинувајќи пожар и...

СИРИЗА и Независни Грци со различни ставови за изградба на џамија во Атина

Коалициските партнери во грчката влада, СИРИЗА и Независни Грци, се судрија околу прашањето за градење џамија во Атина. Десничарите Независни Грци остро најавија дека ќе гласаат против одредбата за градење џамија, за која денеска ќе се гласа во грчкото собрание. Одлуката да се изгради џамија во Атина ја поддржуваат СИРИЗА, Нова демократија, ПАСОК, Река и Комунистичката партија, така што сигурно е...

Грчката влада не обезбеди поддршка за новиот изборен закон

Грчкиот парламент денеска на полноќ ќе гласа за новиот изборен закон со кој се предлагаат клучни измени во начинот на кој владејачката партија влегува во законодавниот дом. Владејачката коалиција на СИРИЗА и на Независни Грци предлага укинување на бонусот од 50 пратеници за победничката партија на парламентарните избори и проширување на возрасната граница на гласачи со тоа што ќе...

Грчките пратеници вечерва ќе гласаат за нови даночни поскапувања

Грчкиот парламент вечерва ќе гласа за новите закони од програмата за штедење кои ќе донесат нови даночни поскапувања. Пратениците ќе гласаат и за автоматскиот механизам за стопирање на финансиите во јавната администрација доколу Грција до 2018 не ги исполни договорените реформи и цели. Законите е извесно дека ќе поминат во парламентот со поддршка на пратениците од владејачката коалиција Сириза...

Не би имал проблем ако името биде само Македонија, вели грчки пратеник

Пратеникот на СИРИЗА, Макис Балаурас одново ги разгоре страстите во Грција околу спорот за името. Само две недели по случајот со министерот Јанис Музалас кој во телевизиско интервју нашата држава ја именуваше како Македонија, Балаурас денеска во интервју за радиото „Параполитика“ истакна дека лично не би имал проблем да останеме именувани само како Македонија, без никакви географски одредници. - Не...

Ципрас ќе одлучува за Музалас по Самитот на ЕУ за бегалската криза

Грчкиот премиер Алексис Ципрас ќе одлучи дали министерот за миграција, Јанис Музалас, ќе остане во владата по завршување на Самитот на Европската Унија за бегалската криза. Самитот е закажан за утре и, како што истакна портпаролот на грчката влада, Олга Геровасили, приоритет за грчката влада во моментов е успешно справување со бегалската криза и наоѓање решение на европско ниво. Поради...

Ципрас и Каменос на тет-а-тет средба: Независни Грци инсистираат на оставка од Музалас

Продолжува тензијата во грчката влада и неизвесноста што ќе се случува со министерот за миграција, Јанис Музалас, кој синоќа во интервју ја нарече нашата држава со името Македонија. Министерот за одбрана и лидер на Независни Грци, Панос Каменос, во врска со ова прашање имаше едночасовна средба со својот коалициски партнер, премиерот Алексис Ципрас. Засега нема официјална потврда дали Музалас останува или...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...