fbpx
Таг: незадоволство

таг: незадоволство

Тетовското и струшкото муфтиство незадоволни со разрешувањето муфтии, ИВЗ не дава образложенија

Ријасетот на Исламската верска заедница (ИВЗ) на 8 ноември годинава ги разреши муфтиите на Тетово и Струга и оваа одлука ја објави на Фејсбук. По ова, муфтиите ја прогласија одлуката како нелегитимна бидејќи, според нив, на седницата на Ријасетот не биле поканети сите членови. ИВЗ ја објавила одлуката, повикувајќи се на неколку членови на Уставот на ИВЗ. Но, последната...

Анкета на НДИ: Дури 64 отсто од граѓаните сметаат дека земјата се движи во погрешна насока, паѓа поддршката за ЕУ

Дури 64 отсто од граѓаните на Северна Македонија веруваат дека земјата се движи во погрешна насока, покажува најновата нкета на јавното мислење на Националниот демократски институт (НДИ). Мало мнозинство граѓани во Северна Македонија (52 отсто) сметаат дека има назадување на демократијата. Високи 58 проценти од граѓаните ја преферираат демократијата како систем на владеење, но се скептични дека основните принципи како...

Истражување на ИРИ: Градоначалниците незаинтересирани да ги вклучат граѓаните во одлучувањето

Неодамнешната квалитативна студија спроведена во Северна Македонија од страна на Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) покажува претежно слаба работа на градоначалниците и невклученост на граѓаните во локалната самоуправа, пред сè поради незаинтересираноста на локалната власт. Со студијата е дојдено и до сознанието дека македонските граѓани го поддржуваат пристапувањето во ЕУ, но не по цена на...

Протест против изградбата на мала хидроцентрала во Пробиштипско

Со блокада на локалниот пат што води кон локацијата каде започнаа подготвителните работи за изградба на мала хидроцентрала, попладнето протестираа жителите на пробиштипските села Турско Рударе и Шталковица. Жителите се во страв дека ќе останат без вода за пиење, која сега ја добиваат од водоводот што сами го изградиле. Проблем е и ерозијата на земјиштето што може да се јави,...

Граѓаните се жалат на неисчистен снег на автопатот Скопје – Велес, „Македонија-пат“ работи на терен

Граѓани од Велес кои утрово патувале на работа во Скопје се жалат дека автопатот Скопје-Велес е неисчистен од снегот којшто засилено врне утрово. На патот има кашест снег и вода, која го прави ризично сообраќањето на оваа автопатска делница. Како горлива точка, граѓаните го споменуваат делот од патот кај тунелот во близина на Катланово на делницата Велес-Скопје. Возачите бараат...

Некогаш хемичарите правеле врвни научни трудови, денеска немаат ни хемикалии за работа

Вработените и студентите на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет денеска на протест го изразија своето незадоволство од лошите услови за работа. Според нив, состојбата на овој Институт никогаш не била полоша бидејќи немаат елементарни услови за работа на оваа високообразовна институција. - Сето ова е резултат на лошата поддршка и политики во високото образование во последните дваесетина години, а...

Анализа: Во вториот круг претседателот ќе го избираат гласачите Албанци

Фото: Борче Поповски
Првиот круг од претседателските избори во неделата, освен што мина со една од најмалите излезности на изборите и други плебисцитарни форми во самостојна Македонија, донесе и шок за владејачката коалиција. Нивниот кандидат, Стево Пендаровски, оствари речиси микронска предност од својата главна конкурентка за позицијата шеф на државата, Гордана Сиљановска - Давкова, односно во вториот круг влегува во предност од...

Анкета: Граѓаните и натаму се многу незадоволни од работата на јавната администрација

Дури 44,4 отсто испитаници во новата анкета на Фондацијата Отворено општество - Македонија (ФООМ) и на „ЕвроТинк“ - Центар за европски стратегии, како лоша ја оцениле работата на јавната администрација во земјава. Ова беше соопштено на денешната презентација на истражувањето на ставот на граѓаните за работата на административците. Од анкетатата спроведена преку телефон во периодот 16 февруари - 7 март...

Бан Ки-мун: Се надевам дека набргу конечно ќе се затвори спорот меѓу двете земји

Охрабрувачки е фактот што се постигна решение, но загрижувачки е фактот што постои незадоволство кај граѓаните, вели поранешниот генерален секретар на ОН, Бан Ки-мун, во изјава за грчката новинска агенција АНА-МПА. Тој изразува надеж дека што е можно поскоро ќе има дефинитивно затворање на долгогодишниот спор меѓу двете земји. - Сметам дека е многу охрабрувачки фактот што и двете страни се...

Лицето што се заканило со напад на зградата на Владата било незадоволно од системот

Вчера во 17.40 часот, на телефонскиот број 192, од мобилен телефон се јавил маж во видно алкохолизирана состојба и без да се претстави рекол дека „за 16 минути две ракети ќе бидат испалени кон зградата на Владата на Република Македонија за да ја уништат“, информираат од МВР. - Министерството за внатрешни работи презеде мерки и набргу потоа пронајден е мажот...

Синдикатите и јавниот сектор во Грција денеска излегуваат на 24-часовен генерален штрајк

Грција денеска ќе биде парализирана од генерален 24-часовен штрајк на работничките синдикати и на јавната администрација. Илјадници членови на синдикатите се очекува да излезат на масовниот протест во центарот на Атина, за да го изразат своето незадоволство од владините мерки кои влијаат на социјалните и на финансиските можности на граѓаните на Грција. „Повикуваме на протест како реакција на континуираната политика на...

Грците се незадоволни од СИРИЗА, но спасот не го гледаат ни во Нова демократија

Новата анкета на јавното мислење на агенцијата „Паблик ишју“ покажува големо незадоволство од работата на владата и песимизам дека работите во Грција може да почнат позитивно да се развиваат. Разочараноста на граѓаните од работата на владата, насоката во која се движи државата и воопшто политичките партии е сè поголема. Огромен процент од испитаниците, дури 88 отсто, сметаат дека државата оди...

ОЈО Скопје ѝ пиша на Јанева: Лажете и работите непрофесионално и неодговорно

Обвинителите од Основното јавно обвинителство Скопје денеска ѝ испратија отворено писмо на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, со кое, како што велат, сакаат да го изразат своето незадоволство од нејзината работа и од „срамната непрофесионалност“ со која обвинителката ѝнаштетила на јавно-обвинителската професија. Тие во писмото велат дека Јанева, во последното појавување во јавноста, лажела во врска со начинот на кој биле...

„Балкански барометар 2016“: Песимизам и зачмаеност во Македонија

Речиси 80 отсто од граѓаните на Македонија се или незадоволни или неутрални од тоа како се движат работите во општеството, покажа последното истражување на „Балкански барометар 2016“, кое денеска беше претставено во Сараево. Дури 75 отсто од граѓаните на Македонија мислат дека во следните 12 месеци ситуацијата ќе остане иста или ќе се влоши, додека позитивни очекувања имаат 23 отсто од...

Големи протести во Франција поради незадоволство на работниците

Камионџиите во Франција за утре најавија блокада на најголем дел од патните правци низ земјата, а синдикатите ги повикаа на штрајк работниците во метрото во Париз во знак на противење на спорните реформи на законот за работа, за кои сметаат дека се на штета на работниците. Повикот на штрајк синдикатите го упатија откако владата минатата недела одлучи да го заобиколи...

Оризопроизводителите од Кочанско денеска повторно на протест

Производителите на ориз од Кочанско денеска повторно ќе протестираат, незадоволни од откупната цената на оризот. Тие еден час, односно од 11 до 12 часот ќе ја блокираат едната коловозна лента на патот Штип - Кочани, кај селото Облешево. Производителите на ориз, незадоволни од понудената, бараат цена од 50 денари за бел ориз и 25 денари за оризова арпа, како што...

Германците не се задоволни од работата на Меркел

Најголем дел од Германците, 52 проценти, не се задоволни од работата на канцеларката Ангела Меркел во решавањето на бегалската криза, но само 19 проценти веруваат дека заради тоа таа ќе мора предвреме да ја напушти функцијата, покажа денешниот политички барометар на телевизијата ЗДФ. Германците се поделени кога станува збор за тоа дали Германија ќе може да излезе на крај со...

Атлантик: Со среќа во борбата против дезинформации

Угледниот американски магазин Атлантик објави опширен напис, во авторство на Квинта Џуресик, со наслов „Со среќа во борбата против дезинформациите“. Сторијата се однесува на Ник Сојер, доктор во Калифорнија....