fbpx
Таг: невреме

таг: невреме

Се санираат штетите од синоќешното невреме во Велес, исчезна едно лице

Општинскиот штаб за заштита и спасување во Велес денеска на вонредна седница донесе повеќе заклучоци за санирање на последиците од синоќешното невреме во кое е нанесена голема материјална штета и исчезна едно лице, жител на велешко Белештевица, по кого се уште се трага. Според СВР – Велес, 51-годишниот Спасе Димовски во обид со својот трактор да и помогне на...

Дезинформации дека птици „умираат од 5Г“ во град во кој оваа мрежа не е поставена

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот, односно од БиХ на север, до...

Бројни интервенции на екипите на Град Скопје по синоќешното невреме

„Екипи на Град Скопје, составени од јавните градски претпријатија и Противпожарната бригада на Скопје, во соработка со Центарот за управување со кризи, интервенираа на поголем број локации за отстранување на штетите и препреките предизвикани од невремето и силниот ветар што синоќа дуваше во Скопје и достигна брзина од над 100 километри на час“, соооштија од Градот. Се додава дека на...

Времето сончево со облачност, попладне можен пороен дожд и грмежи

Времето во земјава денеска ќе биде сончево, со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Во попладневните часови ќе има локална нестабилност со појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, претежно во западните делови. Дневните температури ќе се движат од 22 до 33 Целзиусови степени. Во Скопје ќе биде сончево, со умерена облачност и со слаб...

Прилепските земјоделци треба да бидат обесштетени со 80 милиони денари

На прилепските земјоделци од селата Канатларци и Тополчани и околните населени места, треба да им бидат исплатени околу 80 милиони денари, отштета поради уништените посеви во невремето што ги зафати атарите на двете села на 24 јуни и 4 јули годинава. Прилепските советници на денешната 30. седница на Советот на Општина Прилеп, ги прифатија извештаите од увидните екипи на терен...

Претпладне сончево време, попладне со услови за невреме

Денеска во земјава ќе преовладува сончево време со максимална температура до 35 Целзиусови степени. Во попладневните часови на места ќе има пороен дожд и грмежи. Локално ќе има услови за појава на поинтензивни процеси во форма на невреме. Во Скопје слично време со максимална температура до 32 Целзиусови степени.

Времето претпладне сончево, попладне со дожд и грмежи

Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Ќе дува умерен североисточен ветер. Дневната ќе се движи во распонот од 23 до 34 Целзиусови степени. УВ-индексот ќе изнесува 7. Во Скопје слично време, претпладне сончево со умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Дневната ќе...

Денеска обилни врнежи од дожд во голем дел од земјава

Времето во Македонија денеска ќе биде облачно, со обилни врнежи од дожд. Врнежите на некои места во земјава, главно во јужниот дел на земјава ќе достигнат и до 50 литри на квадратен метар. Утринските температури на воздухот се движеа од 6 до 14 Целзиусови степени, додека дневните температури ќе се движат во интервал од 10 до 22 степени. За наредните денови се...

Сончево и топло време, со мала облачност

Времето денеска ќе биде сончево, со мала до умерена локална облачност и со умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Локално, особено во југозападниот дел од земјава, ќе има услови за локален дожд со ретки грмежи. Максималната температура ќе достигне од 18 до 24 Целзиусови степени. Времето утре ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност, а попладне во...

Oштетувањата на градското пристаниште во Охрид ќе бидат санирани пред летната сезoна

Министерството за транспорт и врски веќе издвоило пари за санирање на оштетувањата на градското пристаниште, а работите ќе почнат кога тоа ќе го дозволи хидролошката состојба. Од буџетот на министерството се предвидени 7,8 милиони денари (126.800 евра) за санација на пристаништата. Поради големото количество врнежи од дожд и снег и очекуваното зголемување на водостојот, работите за санацијата не може да...

Ново оштетување на дел од градското пристаниште во Охрид

Последното големо невреме што го зафати Охрид предизвика ново оштетување на дел од градското пристаниште. Од Kапетанијата објаснуваат дека оштетувањето не ја загрозува стабилноста на објектот и додаваат дека веќе се известени надлежните органи во градот. Градското пристаниште со тек на време попушта под налетот на брановите. Последното оштетување е голема пукнатина на пристапниот дел, која настана по големото невреме,...

Општина Гази Баба одбележува две години од поплавите

Општина Гази Баба, денеска ќе одбележи две години од природната катастрофа со поплави во кои загинаа 22 лица, од реоните на селата Сингелиќ, Стајковци, Смилковци и Арачиново, кога на 6 август 2016, скопскиот регион беше погоден од обилни врнежи од дожд и силен ветер. Одреден дел од лица ги загубија животите на скопската обиколница. По тој повод градоначалникот на општина...

Невремето во прилепско 100 проценти ги уништи тутунот, пиперката, пченката и житото

Невремето кое вчера зафати повеќе населени места од прилепско, зад себе остави катастрофални последици, информираат од Општина Прилеп. Огромни се штетите на земјоделските површини во атарот на селата Мало и Големо Коњари, Кадино Село, Галичани, населбата Варош и повеќе други населени места. „На површина од околу 600 хектари, речиси целосно се уништени насадите со тутун, пиперки, пченка и жито. Жителите од...

МЗШВ: Штетите на јаболковите насади во Преспанскиот регион се до 80 проценти

Според првичните проценки на претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и локалните власти штетите од невремето во ресенскиот регион се 80 проценти, информираат од МЗШВ. „Преспанскиот регион е дури шест пати опфатен од невреме од мај до денес. Токму затоа, Комисијата за проценка на штети е веќе формирана и активна. Според првичните информации поројниот дожд и град во регионот...

Аларм за невреме попладне и во текот на викендот

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) прогнозира невреме со пороен дожд и грмежи во некои региони на земјава попладнево и во текот на ноќта. Слична ќе биде временската состојба и во деновите на викендот. Според алармот, попладнево и кон крајот на денот, особено во планинските региони ќе има изолирани појави на пороен дожд и грмежи, со голема можност невреме да има...

МЗШВ: Невремето предизвика штета на 5.000 хектари земјоделска површина во Овчеполието

Претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство заедно со локалните власти, излегоа на терен, во увид на штетите врз земјоделските посеви, по вчерашното невреме во овчеполскиот регион. Според првичините проценки во регионите на општините Лозово и Свети Николе,  од невремето е предизвикана штета на површина од околу 5.000 хектари. „Претставниците од МЗШВ реализираа средби со градоначалниците на овие општини. Бидејќи освен...

Од утре период со многу дожд

Според Управата за хидрометеоролошки работи, од утре до сабота ќе имаме период со многу дожд и во текот на денот, со голема можност за невреме со грмежи. Утре во текот на денот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. В четврток и в петок преку денот ќе има изолирана појава на нестабилност, претежно во планинските подрачја. В...

Невреме со поројни дождови вечерва

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предмалку издаде предупредување за невреме со пороен дожд и грмежи попладнево и вечерва. Според метеоролозите, со невремето ќе бидат зафатени главно западните и северните делови на земјава, вклучително и Скопската котлина. Вистинскиот удар ќе биде вечерва, со пороен дожд на одредени места, силен ветер и грмежи, а можен е и град, особено во североисточните делови....

Облачно време, попладне со услови за локално невреме

Времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Попладне, а особено во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, на места со поинтензивни процеси во форма на невреме. За кратко време, претежно во западните и северните делови се очекува да наврне поголема количина воден талог. Утринската темепратура ќе се...

Најмногу дожд во Куманово и Скопје, поплавени куќи и прекини на струјата

Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Куманово, 36 литри на метар квадратен и во Скопје - Петровец - 34 литри на метар квадратен, информираат од УХМР. Во Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје пристигнале дојави за поплавени објекти во скопските села Црешево и Стајковци. Невремето, во одредени делови од Скопје, предизвика проблеми и во одвивањето на сообраќајот, како и...

ОНХЦР: Застрашени сме од гробниците околу болниците во Газа

Високиот комесар за човекови права на Обединетите нации (ОНХЦР) Волкер Турк изјави дека е „застрашен“ од гробниците во Газа, пренесува Би-би-си. Во трите гробници кај болниците Насер и Ал-Шифа беа...