fbpx
Таг: невреме

таг: невреме

Невреме предизвика поплави на северот на Србија, „реки“ по улиците и во Нови Сад

Големо невреме со обилни дождови и грмотевици, град и силен ветер го зафати вчера приквечер северот на Србија, при што во Војводина и во Срем погодени беа и поголемите градови Нови Сад, Зрењанин, Рума, Шабац и Валево, јави српскиот весник „Данас“. Силен дожд имало и во Крагуевац, во централна Србија. Метеоролозите невремето со обилни врнежи го припишуваат на влијанието на...

Најмалку 23 лица загинаа од торнадо во САД

Во американската сојузна држава Мисисипи загинаа најмалку 23 лица, а четворица се водат за исчезнати во торнадото што зафати неколку населени места во централниот дел на САД, пренесува Гардијан. Огромни штети од торнадото и грмотевиците се регистрирани во малите градови Силвер Сити и Ролинг Форк, каде торнадото со брзина од над 110 километри на час предизвикало оштетувања на куќи...

Бурата во САД однесе 37 животи, жителите во западен Њујорк заробени под снег

Најмалку 37 лица загинаа среде бруталната зимска бура која изминативе денови ги зафати САД, додека делови од западен Њујорк се затрупани под снежна покривка од над еден метар, оставајќи заглавени возила среде улица и илјадници семејства без струја за време на божиќните празници, јави Си-ен-ен. Гувернерката на Њујорк, Кети Хочул, изјави дека оваа бура е „најразорната досега во долгата историја...

Снежната бура во САД досега одзеде 19 животи

Најмалку 19 лица загинаа во САД како последица на огромната снежна бура што ја зафати оваа земја. Под мраз се околу 200 милиони американски граѓани за време на божиќните празници. Снабдувањето со струја во некои од американските држави е отежнато, па така 1,5 милиони жители останаа без електрична енергија. Невремето ги погоди и јужните делови на САД, но најопасни...

Леден бран: Снежна бура и екстремно ниски температури ги зафатија САД

Над 200 милиони лица од различни сојузни држави во САД пред божиќните празници се под предупредување за зимска бура и ниски температури, пренесува Гардијан. Силни врнежи од снег, температури длабоко под нулата, замрзнат дожд и силен северен ветар се само дел од предупредувањата на метеоролозите за ледениот бран што ги зафати САД. Предупредувањата за ниски температури се протегаат од северните...

Стара фотографија од поплава во ГТЦ се прикажува како да е нова, од последното невреме во Скопје

Фотографијата од ГТЦ што се споделува на социјалните мрежи нема никаква врска со невремето што се случи на 30 август годинава. Всушност, таа е стара цели осум години. Снимена е во 2014 година, при силно невреме што се случило во мај истата година, пишува ВистиномерВистиномер. На Фејсбук страница споделена е фотографија на која е прикажана поплава во Градскиот трговски центар....

КАРИЛ го демантира ВМРО-ДПМНЕ: Невремето не ја поплави клиниката

Поплавите по невремето во Скопје на 30 август не ја поплавија Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување, туку предизвикаа дефект во дел од инсталациите, соопштија од Универзитетската клиника ТОАРИЛУЦ. Тие ги демантираат објавите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за состојбата на оваа Јавна здравствена установа. Додаваат дека не е точно оти пациентите кои се згрижени на КАРИЛ се препраќани во...

Контраспин: Едно невреме, спинови безброј

Oколу невремето во Скопје имаше спинови од двете главни политички партии во земјата – СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, со тоа што, од она што го забележавме во јавноста, преовладуваат спиновите од ВМРО-ДПМНЕ. Но, имаше и голем број спинови и на социјалните мрежи, а злоупотребата на невремето отиде дотаму што за поплавениот подрум во ЈЗУ Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедски болести,...

Населбата Серава цела ноќ „будна“ поради поплавите: Ај што не доаѓаат да нѝ помогнат, туку ни на телефон не одговараат

Поројните врнежи завчера попладне ја поплавија населбата Серава во општина Чаир, која што се наоѓа на само 2,5 километри од центарот на Скопје. Екипата на Порталб.мк посети дел од куќите кои настрадаа од поплавите. Жителите чистеа цела ноќ, но и преку ден, бидејќи подрумите и другите простории им беа полни со вода. Бараат од општинските или централните власти да им...

Водовод и канализација денеска ги проверува шахтите и ја чисти атмосферската канализација

Јавното претпријатие Водовод и канализација - Скопје соопшти дека од утрово биле повторно на терен, вршат проверка и чистење на шахтите и сливниците, дел од атмосферската канализација по големото и силно невреме кое го зафати скопскиот регион вчера. Оттаму велат дека интервенирале на сите улици во градот и на критичните места: бул. Гоце Делчев кај Мавровка и кај МРТВ, подвозникот...

Герасимовски: УХМР најави ново невреме, затворете ги прозорците и обезбедете го објектот ако протекува

Градоначалникот на општина Центар Горан Герасимовски преку соопштение до јавноста посочи дека УХМР и за денеска издаде предупредување за невреме и упати апел до граѓаните да бидат претпазливи, да избегнуваат движење надвор додека трае невремето, да ги затворат прозорците и соодветно да го обезбедат нивниот објект ако протекува. Како што се вели во соопштението, службите на општина Центар изминатото деноноќие...

Скопје денес: Откорнати покриви, поплавени објекти, оштетени автомобили – УХМР предупреди за ново невреме

Две лица се повредени, повеќе покриви на згради и куќи се откорнати и оштетени, голем број објекти, улици подвозници беа поплавени, стотици дрвја се откорнати и скршени. Ова е билансот од вчерашното невреме кое го зафати главниот град Скопје во попладневните часови со силен ветер, обилен дожд, град и грмотевици. Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) објавија метеоаларм со...

Невреме попладнево во Скопје, откорнати дрвја и поплавени улици [фото]

Невреме со силен ветар, град, дожд и грмотевици попладнево го зафати Скопје околу 17 часот. Паднати дрвја и билборди, оштетени покриви, поплавени улици и објекти веќе се пријавуваат од граѓани на социјалните мрежи во општините Центар, Аеродром, Кисела Вода, Гази Баба и Бутел. Од Центарот за управување со кризи информираат дека граѓаните на телефонскиот број 112 пријавуваат паднати дрва, откорнати...

Силно невреме вчера вечер предизвика поплави низ земјава, се санираат штетите

Силното невреме кое синоќа ја зафати Македонија предизвика поплави во Прилеп, Битола, Виница, Неготино и Тетово. Како што соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), подрачјето на општините Прилеп, Долнени и Кривогаштани беа зафатени од поројни дождови кои предизвикаа поплави. Најкритично е во прилепското село Лажани, каде поголем дел од селото е под вода и се врши евакуација на загрозените...

Деветнаесет пожарникари работеле на санирање на штетите од невремето во Неготино

Деветнаесет пожарникари работеле синоќа до 23 часот на санирање на штетите од невремето во Неготино, кое беше проследено со силен ветер и поројни дождови. „Општина Неготино, од 16:10 до 16:30 часот, беше зафатена од силен ветер и поројни врнежи од дожд, се направени штети, паднати дрва, кровови од куќи и гаражи, паднати бандери, паднати фолии на земјоделци и слично. За...

Силно невреме погоди дел од земјите од Западна Европа, повредени четири лица

Локалните медиуми соопштија дека четири лица се повредени во холандскиот град Барендрехт, кој се наоѓа јужно од Ротердам, а рано утрово силни ветришта ги корнеа покривите и дрвјата, пренесе Франс 24. Околу 250.000 француски куќи останаа без електрична енергија, а возовите од Нормандија кон Париз се запрени откако силни ветришта зафатија делови од северна Франција, Холандија и Белгија. Железничкиот сообраќај е...

Во Солун и во Атина состојбата се нормализира по силните дождови

Од утрово метрото и трамваите во Атина повторно сообраќаат, а некои од клучните сообраќајници што вчера беа затворени поради поплавување исто така од утрово се отворени за сообраќај. Во Солун и на островот Евија состојбата исто така беше многу лоша, таму некои луѓе мораа да бидат спасувани. На планината Грамос падна првиот снег. Се очекува денеска невремето „Балос“ денеска да...

Лошото време остави без струја 16 села во Албанија, големи поплави и во Италија

Лошото време предизвика 16 села во областа Лежа, северозападна Албанија да останат без струја. Како што јави „ТВ Клан Албанија“, силниот ветер ги оштетил далноводите во селата и од синоќа, овие области немаат електрична енергија. Оваа телевизија објави и дека во градот Корча, на југот на земјата, ветрот оштетил  многу дрвја и соборил покрив од станбена зграда, што можело да...

Разорно торнадо однесе најмалку четири животи и остави пустош во Чешка

Силно торнадо придружено со град нанесе огромни штети во неколку села во Чешка и уби најмалку четири лица, а остави над 100 луѓе повредени. Во ужасното невреме вчеравечер, ветриштата откорнуваа цели дрва и покриви во југоисточните области Брецлав и Ходоњин, превртуваа автомобили и нанесоа други материјални штети, јави Би-би-си. Во најтешко погодените подрачја биле забележани ветришта од 220 километри на...

МЕПСО: Невремето го прекина снабдувањето со електрична енергија во Дебар и околните населени места

Силното невреме и мразот предизвикаа прекин во снабдувањето со електрична енергија на градот Дебар и околни населени места, информираат од МЕПСО. „Имено, тежината на мразот и силното невреме во мавровско-реканскиот крај соборија повеќе стебла при што едно дрво падна врз 110 киловолтниот далекувод ТС Вруток - ТС Шпиље и предизвика прекин во снабдувањето со електрична енергија. Националниот диспечерски центар на...

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...