fbpx
Таг: невладини организации

таг: невладини организации

Шорткат: Треба ли да се забрани ТикТок во земјава?

Немилите настани во Србија повторно го вклучија алармот за начинот на кој младите ги користат социјалните мрежи. Во Македонија беше предложена дури и забрана или ограничување на социјалната мрежа ТикТок, а конкретни одлуки засега нема. Што мислат за овој предлог младинските организации во земјава, дознајте во новата епизода на Шорткат. Во новите вести за млади информираме и за кампањата на...

РЕПОРТАЖА: Банките за храна во Португалија можат да прехранат до 4 отсто од целокупното население [фото]

Португалија има над 10 милиони жители и дури 21 банка за храна (food-banks), кои можат да прехранат до 4 отсто од целокупната популација на оваа земја-членка на ЕУ. Нивната главна цел е да се борат против фрлањето на разните видови на храна како отпад, а обезбедените вишоци од разни оператори на храна да ги насочат кон оние на кои...

Законските измени за матична евиденција се „сопнаа“ на родовиот идентитет

Главните промени на измените и дополнувањата на Законот за матична евиденција, кои во Собранието беа доставени минатата пролет, но Владата ги повлече од собраниска процедура во март оваа година, се однесуваат на родовиот идентитет. Со овие законски измени требаше да се направат промени во дефинирање на родовата политика во матичната евиденција, на тој начин што и оние лица кои...

Продолжува прогонот на активистите за човекови права во Белорусија, државата безмилосно затвора

Активностите на државниот апарат на Белорусија против граѓанското општество и заложбите за човекови права продолжува со забранување на веб-страницата на организацијата за човекови права „Хуман Константа“. Оваа организација, што работи во полето на дигиталните права и на заштита на правата на лица што не се државјани на Белорусија, веќе беше насилно затворена во октомври минатата година, јавува меѓународната организација...

Фондацијата Метаморфозис промовира пет нови комуникациски групи за правилно и брзо информирање

Фондацијата „Метаморфозис“ денеска преку онлајн-настан ги презентираше новосоздадените комуникациски групи на платформите за комуникација WhatsApp и Viber, наменети за новинарите и за пошироката јавност. Како што истакна Горан Ризаов, модераторот на настанот, преку групите на WhatsApp наменети за новинарите, тие ќе може да постават официјални прашања до претставниците на власта и да добијат брз официјален одговор на 4 теми: Ковид-19,...

Владата апелира да не се шират дезинформации за „населување со Талибанци од Авганистан“

Во овој момент Владата на Република Северна Македонија има преземено обврска за прифаќање на 450 граѓани од локално население од Авганистан и тоа вработени и жени и деца од семејства на вработени во хуманитарните и миротворните мисии, активисти од организациите за човекови права, новинари, преведувачи, студенти, стипендисти, како и граѓани кои изминатите 20 години беа поддршка на НАТО сојузничките...

Платформа за борба против корупција: Изградбата на автопатите на Коридорите 8 и 10 да биде низ транспарентен процес

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата изразува загриженост од ниското ниво на транспарентност на процесот со кој Владата на РСМ ја договара изградбата на автопатските делници од коридорите 8 и 10. „Од информациите кои и се достапни на јавноста не може да се утврди оправданост за најавеното склучување на директен договор за реализација на инфраструктурни проекти без да...

Фронт 21/42 бара стопирање на изградбата на нови хидроцентрали кои се причина за колапс на екосистемите

Еколошко здружение на граѓани Фронт 21/42 сe приклучува кон Манифестот на европските невладини организации против изградбата на нови мали хидроцентрали, потпишан од над 150 европски невладини организации. Со документот се бара од Европската Унија, Европската инвестициона банка и Европскиот Парламент, да се запре поддршката и финансирањето на нови хидроцентрали. „Целта е да си ги зачуваме реките и уникатното богатсво на...

ЕК: Неопходна е засилена акција на институциите во борба со климатските промени

Институтот за демократија, ИДСЦС, Центарот за европски стратегии „Евротинк“ и Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ оценуваат дека фокусот на надлежните институции, на среден и на долг рок, треба да се стави на праведната транзиција на регионите зависни од јаглен, декарбонизацијата (елиминирање на фосилните горива и примена на нови одржливи обновливи извори на енергија) во сите...

МВР не дава граѓанскиот надзор во агенцијата за прислушување да биде без најава

Владата и Министерството за внатрешни работи го прифатиле предлогот на невладините организации Советот за граѓански надзор над прислушувањето да може да врши контрола по сопствена иницијатива, но, не и барањето таа да биде без претходна најава. Барањата се дел од пакетот коментари и предлози за измена на текстот на Законот што до МВР го доставиле повеќе невладини организации. „Во однос на...

Администрацијата најмалку одговара на новинарските прашања

Има реална потреба од менување на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер иако попроблематична е неговата примена отколку самиот закон – беше констатирано на денешната јавна расправа за овој закон што ја организираше Министерството за правда. Законот треба да се менува во роковите, во исклучокот да не се даде информацијата, и во  надлежностите што ги има Комисијата...

Невладините немаат официјална информација дека истрагите против нив се затворени

Граѓанските организации што беа предмет на истраги на МВР по налог на ОЈО, сè уште немаат добиено официјална информација дека истрагите се завршени и не е пронајден криминал, вели Фани Каранфилова-Пановска, извршната директорка на Фондацијата „Отворено општество“ - Македонија, на денешната конференција „Е-општество“ во организација на Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“. - Многу ми е драго што слушнавме изјава...

Завршени се истрагите против невладините организации – криминал нема, вели Спасовски

Истрагата за невладините организации е завршена затоа што не биле пронајдени нелегални дејности, информираше денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. - По извршените анализи и консултации со Основното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, МВР, односно Бирото за јавна безбедност заедно со Управата за финансиска полиција ги затворивме овие истраги бидејќи не постојат никакви докази што можат да ја потврдат...

Утре почнува дебатата за предлог-буџетот за 2018 година, со покани и на затворена сесија

Министерство за финансии утре ќе организира дебата на затворена сесија за предлог-буџетот за 2018 година, на која ќе учествуваат само поканети претставници на граѓански организации, синдикати и на стопански комори. Од Министерство за финансии, за „Мета“ велат дека ќе бидат поканети оние организации што се занимаваат со теми од областа на финансиите. - Сакаме да бидеме поттик за другите министерства, да покажеме...

Министерство за финансии: Нема спорни исплати кон невладиниот сектор

Министерство за финансии реагира на написите во дел од медиумите, во кои се вели дека на невладините организации се исплатени половина милион евра, појаснувајќи дека станува збор за редовни трансфери, во овој случај, кон спортските федерации, Црвен крст и кон Противпожарниот сојуз. „Извршена е исплата од страна на Агенцијата за млади и спорт во согласност со планираниот буџет кон спортски...

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Владата дала милион евра на невладините за да купува гласови?

„Веќе пет дена Владата не дава одговор на кои невладини организации се префрлени еден милион евра во предизборниот период и за каква намена ќе бидат користени. Повторно го прашуваме СДС, дали се врши масовен поткуп за гласови и дали се прави нов инженеринг за претстојните локални избори“, рече Соња Гелова-Стојановска на партиска прес-конференција во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Таа рече дека...

Доделени грантови на 18 организации од шест земји во рамки на проектот „Актион СЕЕ“

Вкупно 18 граѓански организации од шест држави добија грантови за имплементација на проекти во времетраење до шест месеци. Организациите од Македонија, Србија, Албанија, Косово, Црна Гора и од Босна и Херцеговина, во наредниот период ќе адресираат горливи прашања од локален и од национален карактер за да се унапредат доброто владеење и владеењето на правото. Грантовите се наменети за локални граѓански...

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги нападнаа медиумите и невладините организации

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на денешното продолжение на седницата за разрешување на државниот јавниот обвинител Марко Зврлевски ги нападнаа медиумите и невладините организации дека одработуваат за власта со критики до опозицијата дека го блокира разрешувањето на јавниот обвинител, наместо да известуваат за „важните прашања“. - Деновиве имаме оркестрирани напади од одредени портали на кои ударните наслови им се дека ВМРО-ДПМНЕ не...

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини власта за пожарите, Владата тврди дека институциите се на терен

Наместо проекти, гледаме само диви депонии, депонии кои горат, а никој не ги гаси и пожари на речиси секој дел од нашата земја кои СДС не може да ги згасне, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. „Пожарите горат, а владата на Заев се чешла. Неспособната влада дозволи и најмал пожар да се прошири во сериозни размери. Тоа се случи со пожарот во Зрновци, во...

Форум на невладините организации од Западен Балкан

Повеќе од 100 претставници на невладини организации од регионот на Западен Балкан и од ЕУ, се собраа денеска во Сараево за да дискутираат за проблемите на граѓанската организираност и за учеството на граѓаните во изградба на јавните политики, како и за поврзаноста на активностите во регионални рамки. Станува збор за шести Форум на невладиниот сектор, кој е во организација на Европскиот...

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...