fbpx
Таг: невистини

таг: невистини

Рециклирани дезинформации: Наводната фармацевтка од Бугарија по три години пристигна во Северна Македонија

Фабрикуваната објава во која се шират невистини за фармацевтската индустрија, со цел таа да се претстави како неетичка, неморална, лукративна и алчна, но истовремено се удира и по довербата во државните институции, е бајата најмалку три години и е увезена од соседна Бугарија. Таму на интернет просторот се ширела уште во 2020 година, при што била злоупотребена Бугарската национална...

Со лесно проверливи невистини се прави обид да се дискредитира Европската Унија

Станува збор за купишта дезинформации, кои се лесно проверливи, а кои имаат за цел да креираат слика дека Европската Унија промовира декаденција и небезбедни политики за децата, базирани врз очигледни невистини, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели: Зоофилија, марш на гордоста. Сексот со животни е дозволен...

Реакција на Историската комисија: Продолжува ширењето невистини за нашето работење

Mакедонскиот тим во Комисијата за историски и образовни прашања денеска преку соопштение до јавноста повторно реагира на неколкуте писанија и собирања потписи во јавноста, со кои продолжи ширењето невистини за работата на Комисијата во однос на неодамна објавените резултати од нејзината работа во 2018 и 2019 година. „Во последниот бран реакции повторно се даваат целосно произволни и тенденциозни толкувања на...

Тестовите за Ковид-19 ниту го оштетуваат мозокот, ниту содржат хидрогел, ниту се задолжителни

Објава на Фејсбук ја дезинформира јавноста дека тестовите за корона вирусот се многу опасни, дека со нив наводно се оштетува заштитната бариера на мозокот, се злоупотребува генетски примерок од ДНК, се врши умствена контрола врз тестираните?! Тестирањето за коронавирусот единствено има за цел да открие дали во организмот постојат знаци на активна инфекција, пишува Вистиномер.мк во својата нова анализа. На...

Артан Груби нема сестра, туку двајца браќа, а осомничениот е пронајден!

Споменатиот вицепремиер Груби не е во блиско ниту подалечно сродство со еден осомничен за убиството на младо момче од Скопје, кој, патем, по потерница од МВР бил пронајден и приведен во Германија, пишува „Вистиномер.мк“ во рамките на својата ексклузивна соработка со Фејсбук за проверка на вистинитоста на објавите.   Пост со вистинска фотографија, но со неточни тврдења, е објавен на Фејсбук...

МБА: Не верувајте нa невистини и искривени толкувања на социјалните мрежи, банкарскиот систем е стабилен

Македонската банкарска асоцијација (МБА) се огласи со предупредување по објавите во социјалните мрежи „со неточни информации за состојбите во банкарскиот систем и за поединечни банки, коишто можат да предизвикаат неоснован немир кај граѓаните“. МБА вели дека треба особено да се внимава кога се читаат информациите поврзани со работењето на банките, односно да се прифаќаат за точни и веродостојни само информациите...

Дезинформации за протест на 3,5 милиони луѓе во Берлин против мерките за ковид-19 се шират и во Грција

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот, односно од БиХ на север, до...

Руска агенција, преку бугарскиот сервис, пука со полувистини и невистини за Македонија

Во еден типичен руски наратив на обвинување и напаѓање на Западот, руската новинска агенција „News Front“ на својот сервис на бугарски јазик објави текст под насловот „Во Македонија се насетува револуција која не е во полза на интересите на Западот“ во кој примарно известува за маршот и за другите активности на на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје. Но таа „револуција“, како ја...

Српски министер дезинформира дека државните термоелектрани не испуштаат ПМ честички

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу бргу ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од Хрватска на север, до...

Јелинчич со невистина: Во договорите со Атина и Софија нема откажување од идентитетот!

Словенечкиот политичар и пратеник, Змаго Јелинчич - Племенити, даде изјава поврзана со состојбите во Република Северна Македонија, во која се содржат и невистинити тврдења - дека со Договорот од Преспа, Заев се откажал од сè македонско, а со потписот на Договорот за добрососедство со Бугарија се откажал од идентитетот и историјата на македонскиот народ, како и дека со усвојувањето...

Грчки медиуми „се запалија“ поради сонцето од Вергина, кое веќе го нема во ЈП „Водовод и канализација“

Еден грчки медиум викендов излезе со обвинувања дека во канцеларијата на генералниот директор на ЈП „Водовод и канализација - Скопје“ сè уште стојат тепихот и слика на ѕидот на коишто се наоѓа сонцето од Вергина. Написот е придружен со фотографии коишто би требало да го докажат тоа - но станува збор за многу стари фотографии, а сега во канцеларијата на...

ССНМ: Македонија не смее да биде земја во која нема слобода на медиуми

„На Денот на слободата на медиумите, за жал, Македонија спаѓа во земјите во кои не постојат слободни медиуми. Тоа го покажува индексот на „Фридом хаус“ за 2017 година, според кој се мерат слободата на изразувањето и слободата на медиумите. И оваа година на скалата на „Репортери без граници“ Македонија е последна во регионот“, се вели во соопштението на Самостојниот...

СДСМ: „Нова“ емитувала 1.545 секунди позитивни прилози за ВМРО-ДПМНЕ, а за СДСМ ниту една

„Медиумите под палката на Никола Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат да шират невистини и да ја бранат „фамилијата“ од криминалот за последните 10 години. Полека, но сигурно, приматот на прв медиумски пропагандист го зема телевизијата „Нова“ на Сеад Кочан“, се вели во соопштението на СДСМ. Од опозициската партија додадаваат дека за само три дена, според надзорот по идентична методологија утврдена од ОБСЕ/ОДИХР, телевизија „Нова“...

„Република“: Шилегов изнесе груби лаги и невистини

Неделникот „Република“ ги демантираше информациите што денеска беа изнесени од портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. „Во врска со обвинувањата од портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, изнесени во изјава за медиуми, а во врска со, наводно, приходи од Владата на Македонија, „Прва Република“ д.о.о.е.л. Скопје најостро реагира и ги демантира ваквите тврдења. Шилегов изнесе груби лаги и невистини за непостојни приходи,...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...