Просечната нето-плата во април изнесувала 23.942 денари


Скопје, 22 јуни, 2018 - 15:41 (META) 

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април изнесувала 23.942 денари и е зголемена за 5,6 проценти во однос на истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика. Бруто-платата за април изнесувала 35.117 денари.

Ваквото зголемување се должи, пред се на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите рударство и вадење на камен (32,2 отсто), преработувачка индустрија (13 отсто) и објекти за сместување и сервисни дејности со храна (11,4 отсто).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано и во секторите административни и помошни услужни дејности (4 отсто) и трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли (3,7 отсто).


НЛБ – Скопје наплатила повеќе од два милиони евра за кражбата


Скопје, 10 февруари, 2018 - 14:00 (META) 

НЛБ – Скопје од осигурителна компанија наплатила 80 отсто од штетата направена со кражбата во април 2017 година, се дознава од билансот на успех за 2017 година, што банката го објави.

Преостанатиот дел од штетата, во износ од 35,241 милиони денари, банката го евидентирала како трошок во билансот на успех заклучно со 31 декември 2017 година на позицијата останати расходи од дејноста.

Лани во април вработен во банката и уште неколку вработени украдоа околу три милиони евра од банкарскиот трезор. Тие беа обвинети и осудени на вкупна казна од 20 години затвор, но парите не беа вратени ниту осудените кажаа каде се наоѓат.

Во билансот се вели дека во текот на целата 2017 година, НЛБ Банка АД Скопје работела согласно усвоената Деловна политика на Банката за 2017-та година, прилагодувајќи го тековното работење на економските и пазарните услови во земјата.

И покрај големата кражба, билансот на банката се зголемил за  5,7% во однос на 2016 година, што главно се должи на порастот на депозитите од небанкарскиот сектор.

Во декември 2017 година, Банката потпиша договор за продажба на уделот во НЛБ Нов Пензиски Фонд којшто преставува 49 отсто од вкупниот капитал на НЛБ Нов Пензиски Фонд.

Нето добивката на банката во текот на 2017 година е повисока за 34,6% во однос на 2016 година.


Просечната нето-плата изнесува 23.196 денари


Скопје, 23 јануари, 2018 - 13:25 (META) 

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември лани, изнесувала 23.196 денари и во однос на истиот месец во 2016 година е зголемена за 3.6 проценти, објави Државниот завод за статистика. Просечната месечна исплатена бруто-плата изнесува 34. 079 денари.

Ваквото зголемување се должи, пред сé на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите преработувачка индустрија (8,9 проценти), објекти за сместување и сервисни дејности со храна (8,7 проценти) и земјоделство, шумарство и рибарство (7,6 проценти).

Во ноември лани, 1,1 процент од вработените во Македонија не зеле плата.


Просечната месечна нето-плата во јуни изнесувала 22.808 денари


Скопје, 23 август, 2017 - 13:47 (META) 

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни изнесувала 22.808 денари, а бруто-платата 33.509 денари, објави Државниот завод за статистика. Платата во јуни во однос на лани истиот месец е зголемена за 2,7 проценти.

Ваквото зголемување на нето-платата се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите уметност, забава и рекреација (20 проценти), стручни, научни и технички дејности (9,8 проценти) и рударство и вадење на камен (7,4 проценти).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во однос на претходниот месец е
забележано во секторите рударство и вадење на камен (7,5 проценти), градежништво (4,1 проценти) и трговија на големо и трговија на мало (3 проценти).

Во јуни, 1,1 процент од вработените во Република Македонија не зеле плата.


Просечната нето-плата во април изнесувала 22.672 денари


Скопје, 23 јуни, 2017 - 11:25 (META) 

Просечната месечна нето-плата по вработен во април изнесува 22.672 денари и во однос на истиот месец лани бечежи зголемување од 1,4 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување е резултат, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна нето-плата исплатена во секторите информации и комуникации (22,4 проценти), рударство и вадење камен (14,7 проценти) и трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли (6,1 отсто).

Просечната месечна бруто-плата по вработен во април 2017 година изнесува 33.296 денари. Во април, 0,9 проценти од вработените не зеле плата.


Просечната нето-плата во септември изнесувала 22.191 денар


Скопје, 23 ноември, 2016 - 16:39 (META) 

Просечната месечна нето-плата во септември годинава изнесувала 22.191 денар, а бруто-платата – 32.640 денари, објави Државниот завод за статистика.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември во однос на истиот месец лани е зголемена за 0,8 отсто.

Ваквото зголемување, според ДЗС, се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна нето-плата во секторите градежништво (8,7 проценти), земјоделство, шумарство и рибарство (7,2 проценти) и информации и комуникации (6 проценти).

Во септември, 1,2 отсто од вработените во Македонија не примиле плата.

 


Просечната плата во април изнесувала 22.356 денари


Скопје, 22 јуни, 2016 - 14:19 (META) 

Просечната нето-плата во април изнесува 22.356 денари и во однос на истиот месец лани е поголема за 2,8 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Бруто-платата во април, пак, изнесувала 32.974 денари и во однос на истиот месец лани е поголема за 2,7 проценти.

Ваквото зголемување е резултат, пред сé, на зголемувањето на просечната нето-плата во секторите уметност, забава и рекреација (30,7 проценти), градежништво (12,7 проценти) и стручни, научни и технички дејности (12,1 отсто).

Во април годинава, 1,3 отсто од вработените во Македонија не зеле плата.


Просечната плата во март изнесувала 22.053 денари


Скопје, 20 мај, 2016 - 14:05 (META) 

Просечната нето-плата по вработен, во март изнесувала 22.053 денари, а бруто-платата 32.392 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Нето-платата е зголемена за три отсто во однос на истиот месец минатата година.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите административни и помошни услужни дејности (16,8 отсто), информации и комуникации (14,6 отсто) и градежништво (12,8 отсто).

Во март, 1,3 отсто од вработените не примиле плата.

 


Просечната плата во декември изнесувала 22.715 денари


Скопје, 25 февруари, 2016 - 15:58 (META) 

Просечната нето-плата, во декември 2015 година, изнесувала 22.715 денари, а бруто-платата истиот месец изнесувала 33.299 денари, покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика.

Во декември 2015 година се забележува зголемување на платата од 1,4 отсто во споредба со истиот месец од 2014 година.

Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата во секторите административни и помошни услужни дејности (11 проценти), уметност, забава и рекреација (6,1 отсто) и информации и комуникации (5,8 проценти).

Во декември 2015 година, 1,3 отсто од вработените во Македонија не примиле плата.

 


Просечната нето-плата во ноември изнесувала 21.976 денари


Скопје, 27 јануари, 2016 - 15:52 (META) 

Просечната месечна нето-плата по вработен во ноември 2015 година, изнесува 21.976 денари. Просечната нето-плата во ноември минатата година била повисока за 1,8 проценти во однос на истиот месец во 2014 година.

Ваквото зголемување е резултат, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата во секторите други услужни дејности (9,2 отсто), административни и помошни услужни дејности (8,4 отсто), градежништво (7,1 отсто).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата, во однос на претходниот месец е забележано во секторите уметност, забава и рекреација (23,5 проценти), рударство и вадење камен (7,4 проценти) и градежништво (2,6 проценти).

Просечната месечна исплатена бруто-плата во ноември 2015 изнесува 32.268 денари. Во ноември минатата година, 1,2 отсто од вработените во Република Македонија не зеле плата.