fbpx
Таг: несовесно работење

таг: несовесно работење

Вицепремиерката Грковска со резерва за усвоените измени на Кривичниот законик

Вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска на маргините на јавната расправа за Нацрт-стратегијата за транспарентност на Владата на РСМ (2023-2026 година) денеска изјави дека уште на владината седница на која се одлучувало за предложените измени на Кривичниот законик, таа изразила резерва, затоа што, како била свесна дека ќе има реакции во јавноста за начинот на којшто тие законски членови...

Кацарска: Над 2 години чекаме избор на уставни судии, фрапирана сум од измените на Кривичниот законик

Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска е изненадена и фрапирана од носењето на измените од Кривичниот законик, особено што истите се донесоа без никаква опструкција дури ни од опозицијата, а во услови кога повеќе од две години не може да се комплетира Уставниот суд и да се изберат уставни судии. „Би сакала да кажам дека сум навистина изненадена со носењето...

Ковачевски: Измените на Кривичниот законик се за побрзо казнување за кривичните дела и конфискација на имот

Измените на Кривичниот законик коишто беа изгласани во Собранието, а предложени од Владата се усогласување со ЕУ Директивата 42/2014, во која што се предвидува проширена конфискација во дела коишто се казниви согласно со Кривичниот законик, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски на новинарско прашање. Тој додаде дека има измени во еден општ член, 353(н.з. „Злоупотреба на службена положба и овластување“) кој...

Ќор-фишек за измените во Кривичен законик: „Службен весник“ ги објави, реакциите божем не стивнуваат

Ќор-фишек, термин во Дигиталниот речник на македонски јазик кој е опишан како „куршум за вежбање чие зрно не содржи смртоносно полнење“. Вака накратко може да се опишат реакциите по усвоените измени во Кривичниот законик, со кои значително се намалија затворските казни за кривичните дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, „злосторничко здружување“ и „несовесно работење во службата“. Измените на Кривичниот...

Обвиненија за 12 лица за смртта малата Тамара

За смртта на Тамара Димовска од Велес, која во 2015 година почина чекајќи операција на рбетот во странство, Основното јавно обвинителство поднесе кривични пријави против 12 лица, меѓу кои и за тогашните директори на Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија (ФЗОМ), Маја Парнарџиева - Змејкова и Џемали Мехази. Обвинението е за „несовесно работење во службата“. Обвиненија се поднесени против членовите...

Градоначалникот на Прилеп осуден поради несовесно работење

Основен суд Прилеп го осуди градоначалникот на Општина Прилеп, Марјан Ристески на парична казна од 36.900 денари, заради сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Истовремено, прилепскиот градоначалник е задолжен, на име надомест на штета на Општина Прилеп да и исплати 238.750 денари. На Ристески му е изречена и алтернативна мерка, односно условна осуда казна затвор во траење од 3...

Разрешувањето на Зврлевски денеска на дневен ред на Собранието

Собранието на Република Македонија на денешната 6. седница треба да расправа и да одлучува по барањето на Владата за разрешување на државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски, од функцијата. Разрешувањето на Зврлевски е 30. точка на дневниот ред на седницата, но според најавите, можно е таа да биде поместена и да биде една од првите за кои ќе одлучуваат пратениците. За разрешување...

Кристин Лагард на судење поради несовесно работење

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард, ќе мора да се појави на судење во Франција бидејќи е обвинета за несовесно работење. Таа му исплатила надомест на францускиот бизнисмен Бернар Тапи 404 милиони евра, кога беше министерка за финансии. Тапи одлучил да ги продаде сите свои акции во компанијата „Адидас Франс“ и за тоа ја овластил државната банка „Креди -...

Министерката Ременски поднесе кривична пријава против Диме Спасов

Министерката за труд и социјална политика, Фросина Ташевска-Ремески, денеска до Основното јавно обвинителство Скопје поднела кривична пријава против поранешниот министер Диме Спасов и службеничка вработена на пробна работа во министерството. Кривичната пријава што ја поднела Ременски ги товари Спасов и службеничката за злоупотреба на службената положба и овластување и за несовесно работење во службата. Како што објаснуваат од Министерството за труд...

Шефицата на ММФ повикана на суд поради несовесно работење кога била министерка

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард, ќе мора да се појави пред францускиот суд под обвинение за несовесно работење во времето кога беше министерка за финансии во владата на претседателот Никола Саркози, јавува „Би-Би-Си“. Лагард, како поранешна министерка во владата на Саркози, дозволила исплата на 404 милиони евра на бизнисменот Бернард Тапие во 2008 година, како наводна компензација...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...