fbpx
Таг: нерегуларности

таг: нерегуларности

Владата ѝ вратила на Европската комисија 1,75 милиони евра заради нерегуларности

Минатата година, поради утврдени нерегуларности со финансиите од ИПА, Владата извршила поврат на пари кон Европската комисија во износ од 108.229.000 денари или повеќе од 1,75 милиони евра, пишува во ревизорскиот извештај за финансиските извештаи на Министерството за финансии. Како што енаведено, во 2016 година, Европската канцеларија за борба против измама ОЛАФ, спровела истрага за фирма-добавувач која има склучено...

МВР: До 12 часот 39 отсто помалку нарушувања на изборниот процес во однос на лани

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека до 12 часот денеска има 39 отсто помалку нарушување на јавниот ред и мир во текот на гласањето во однос на парламентарните избори минатата година. Не се регистрирани посериозни нарушувања, а гласањето главно се одвива мирно и без проблеми. Од регистрираните инциденти, имало случај на изборен поткуп, агитации и притисоци врз гласачите, но...

Пријави за изборни неправилности во Скопје, Амбасадата на САД добила пријава за „83 попречувачи со огнено оружје“

Комисијата за следење на евентуални нерегуларности на Јавното обвинителство соопшти за неколку пријави за изборни нерегуларности во Скопје, како и за пријава добиена преку Амбасадата на САД дека 83 криминалци добиле огнено оружје за да вршат изборни нерегуларности. Добиена е пријава дека засега непознати лица со две патнички моторни возила вршат изборен поткуп во Топаана и Шуто Оризари. Дадени се...

Филипче: Ако имаше манипулации со вакцините ќе имаше и финансиска штета

Владата и Министерството за здравство од почеток на овој процес на набавка на вакцини, комуницира со голем број на компании со цел таа набавка да биде што поскора. Имаме два принципи кои ги следиме, тоа се принципите на внимателност и на регуларност. Ги отфрлам сите обвинувања на опозицијата дека станува збор за некакви незаконски постапки и за некакви провизии,...

ОЈО регистрира 24 изборни нерегуларности во кои нема елементи на кривични дела

Комисијата за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела против изборите и гласањето констатира дека парламентарните избори се одвиваа во мирна атмосфера, без значителен број на изборни нерегуларности, информираат од Јавно обвинителство. „Во основните јавни обвинителства и на електронската адреса [email protected] на која граѓаните можеа да пријават сомнение за сторено кривично дело поврзано со изборите и гласањето,...

ЦИВИЛ: Нотирани помали изборни нерегуларности помеѓу кои и еден случај на лажна вест

Мониторингот на ЦИВИЛ што ги следи изборите бележи еден случај на лажни вести во периодот од 13 до 16 часот. Оттаму информираат дека во изборно место 2476 во Гази Баба еден гласач за Канал 5 дал изјава, откако гласал, тврдејќи дека параванот бил низок и дека набљудувачите му сугерирале за кого да гласа. Според набљудувачот на ЦИВИЛ, не е...

МВР регистрираше осум прекршувања на изборниот молк

За време на предизборниот молк, до 7 часот денеска, односно до отворањето на избирачките места, МВР регистрирало осум прекршувања на изборниот молк, од кои шест на подрачјето на СВР Скопје, еден на подрачјето на СВР Струмица, односно Полициска станица Гевгелија и еден на подрачјето на СВР Велес. Како што соопшти МВР, во с. Виниче и с. Љубанци биле забележани закачени...

ЦИВИЛ регистрираше 18 нови изборни нерегуларности

Освен трите инциденти регистрирани по почетокот на гласањето денеска, организацијата ЦИВИЛ, која го следи гласањето на голем број избирачки места, во меѓувреме регистрирала вкупно 18 инциденти или други изборни нерегуларности, соопштени Џабир Дерала, претседателот на ЦИВИЛ на прес-конференцијата во 10 часот. Меѓу нерегуларностите што се забележани, се контрола од партиски набљудувач кој што заокружува на ливчињата, некористење УВ ламба за...

Општина Бутел отвори 24 часа дежурен телефон за пријавување на нерегуларности

Општина Бутел од денес отвори дежурен телефонски број, на кој што жителите ќе можат да пријават нерегуларности во делот на комуналните работи, на животна средина и урбанизам, како што се палење смет, токсичен отпад, уништување на јавно зеленило, дефекти на улично осветлување, уништување на детски игралишта и паркови, диви депонии, нелегално градење и друго. Телефонскиот број 075/249-314 ќе биде...

Затвореникот за изборни нерегуларности Агим Красниќи не се вратил во затворот во Штип од викендов

Синоќа во 18 часот бил крајниот термин до кога кондовецот Агим Красниќи требало да се врати од викенд во Затворот во Штип, каде отслужува 15 годишна казна. Уште синоќа е алармирана полицијата, а денеска писмено се извесни сите институции, потврди директорот на штипскиот затвор, Мики Тодоров. Красниќи се води како бегалец од затвор. Красниќи го напуштил затворот во понеделникот на...

Мицкоски: И покрај сите притисоци ВМРО-ДПМНЕ и Сиљановска ќе победат

И покрај сите злоупотреби и покрај сите тие притисоци, и покрај сето она што се случуваше изминативе денови и посебно полициската опсада која што беше реалност во Охрид и Ново Село изминативе неколку денови, ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Сиљановска - Давкова ќе победат денеска. И Македонија денеска ќе добие првата жена за претседател. Со таква порака до јавноста се обрати претседателот...

Бајрами: Инцидентот во Студеничани не е пријавен

Претседателот на Комисијата за следење на изборни нерегуларности во Јавното обвинителство на РСМ, обвинителот Џелал Бајрами по затворањето на гласачките места изјави дека до тој момент до обвинителството и до МВР не е пријавен настанот во Студеничани каде едно избирачко место утрово не беше отворено бидејќи, како што објави МОСТ дека лицето кое го поседувало клучот од избирачкото место...

МОСТ: До 13 часот, излезноста 20,8 отсто, регистрирани две неправилности

Фото: Борче Поповски
Според потврдените информации, добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ, граѓанската организација специјализирана за следење на изборите, до рано попладнево гласањето се одвивало во најдобар ред, без посериозни неправилности. Само на две гласачки места забележани се изолирани неправилности: -На ГМ 2805/1 во општина Центар, Скопје, на почетокот од гласањето биле откинати 3 ливчиња заедно со серискиот број од кочанот. -На ГМ...

Обвинителство: На референдумот регистрирани 40 нарушувања

Јавното обвинителство на Република Македонија денеска ја објави информацијата за привремената комисија што ги  следеше нерегуларностите и инцидентите во кампањата и на денот на референдумот. Вкупно се регистрирани 40 нерегуларности, а од нив еден случај е во текот на кампањата, за повик за поткуп на гласачи на подрачјето на Вишото јавно обвинителство Скопје. Нерегуларности на денот на референдумот не се регистрирани...

МВР: Гласањето се одвива без сериозни нарушувања на јавниот ред и мир

Министерството за внатрешни работи извести дека нема регистрирани посериозни нарушувања на јавниот ред и мир, на денешното гласање од вториот круг од локалните избори. Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, на прес-конференција рече дека се регистрирани три случаи на фотографирање гласачко ливче и апелираше гласачките ливчиња да не се фотографираат бидејќи се крши законот и следуваат санкции. Тој посочи на едно нарушување на јавниот...

„Цивил“: Неколку нерегуларности и мирен почеток на гласањето

Набљудувачите на невладината организација „Цивил“ утринава бележат мирен и навремен почеток на изборниот ден во 35-те општини каде што се спроведува вториот круг од локалните избори. Исклучок прави избирачкото место 2433, во ОУ „Витуриа“, во општина Сарај, кое било заклучено до 8.30 часот. Времето на гласање на ова гласачко место, според законот, мора да се продолжи за толку време колку...

ВМРО-ДПМНЕ: СДС му правеше притисок на Управниот суд да не дозволи прегласување

СДС со притисокот врз Управниот суд и врз ДИК, за тие да одлучат во негова полза, мисли дека го прикрил поткупот на гласачи, заканите и уцените врз граѓаните, кои ги вршеа неговите активисти, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение до јавноста. „Завчера, поради политичкиот притисок што во изминатиот период го вршеа СЈО, СДС и медиумите блиски до нив, Управниот суд подлегна на притисокот,...

„Мост“ регистрираше семејно гласање и технички проблеми со избирачкиот материјал

Граѓанската асоцијација „Мост“ на последната прес-конференција за денешните локални избори соопшти дека имало низа непочитувања на постапката за гласање, како и технички проблеми со материјалот. На гласачко место во село Градец, општина Врапчиште, претседателот на избирачкиот одбор стоел зад параванот додека луѓето гласале. Забележано е семејно гласање на три гласачките места во општина Врапчиште, а набљудувачите на „Мост“ забележале вкупно 20...

ВМРО-ДПМНЕ: Изборите поминаа со многу нерегуларности, среќни сме што нема жртви

ВМРО-ДПМНЕ оцени дека овие избори поминале со многу нерегуларности за кои од партијата направиле записници што ќе ги достават до меѓународните претставници во земјава. - Среќни сме што немаше жртви и повредени. Регистриравме нерегуларности за кои направивме записници и ќе ги доставиме до меѓународните претставници - изјави кратко на прес-конференција Никола Србов од ВМРО-ДПМНЕ. Тој додаде дека граѓаните уште еднаш се увериле во...

Затворени гласачките места, шестите локални избори поминаа во мирна атмосфера

Во 19 часот заврши гласањето за шестите локални избори на територијата на Република Македонија, кое се одвиваше во мирна атмосфера со помали нерегуларности. Поголемиот дел од гласачките места беа отворени во 7 часот утринава. Невладините организации „Мост“ и „Цивил“ информираа за задоцнување на отворањето на неколку гласачки места поради технички проблеми, но не повеќе од еден час. Локалните избори се спроведоа...

„Бизнисот на задоволството“ доби награда за најдобар долгометражен филм на фестивал во САД

Филмот „Бизнисот на задоволството“ на авторот Гоце Цветановски ја доби наградата за најдобар долгометражен филм на „Риверсајд Филм фестивал“ во Калифорнија, САД. Фестивалот, што се одржа од 10 до...