fbpx
Таг: неработен

таг: неработен

Понеделник 29 април е неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека 29 април 2019 година (понеделник), вториот ден на Велигден според православниот календар е неработен ден за сите граѓани. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија им го честита големиот христијански празник Велигден.                                                                      

Понеделник е неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека во согласност со Законот за празниците, 23 октомври (недела), Денот на Македонската револуционерна борба, односно 24 октомври (понеделник) е неработен ден за сите граѓани на Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните им го честита Денот на Македонската револуционерна борба.

Понеделник е неработен за граѓаните од католичка вероисповед

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека во согласност со Законот за празници, 28 март, вториот ден на Велигден, е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од католичка вероисповед им го честита празникот Велигден.

Понеделник е неработен ден за сите граѓани

Понеделник, 12 октомври, е неработен ден, поради тоа што Денот на народното востание, 11 Октомври, се паѓа в недела, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика. Од Министерството на сите граѓани на Република Македонија им го честитаат Денот на народното востание.

Следната среда неработна поради Ден на дрвото

Следната среда, 3 декември, е неработен ден затоа што Владата на Република Македонија донесе одлука да се одржи Ден на дрвото, така што низ цела Македонија ќе бидат организирани акции за пошумување. Денот ќе се одработи во сабота на 13 декември.

Нема спојување на новогодишните и на божикните празници

Не се предвидени спојувања на деновите за новогодишните и за божикните празници, информираат од Министерството за труд и социјална политика. „Во согласност со Законот за празниците на Р. Македонија, кај нас нема да има спојување на празниците околу Нова година и Божик“, се  вели во соопштението. Министерството за труд и социјална политика информира дека неработни денови ќе бидат 1 јануари (четврток)...

(АНАЛИЗА) Наплата на даноци и трошоци за плати и комуналии во 2023: Струга, Тетово, Чаир и Скопје

„Договорни услуги“ во износ од стотици илјади евра, платите и придонесите доминантна трошковна ставка во буџетите на локалните власти. Во второто продолжение на „Анализа“ се претставуваат податоци за приходите...