fbpx
Таг: неработен ден

таг: неработен ден

МТСП: Неработни денови за администрацијата и училиштата во текот на самитот на ОБСЕ

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) соопшти дека врз основа на заклучоците донесени на 199 седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 14.11.2023 година, во деновите на самитот на ОБСЕ во Скопје, ќе има посебно работно време за администрацијата, односно еден неработен ден и еден ден со скратено работно време. Сите вработени во државната и јавната администрација...

Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври е неработен за сите граѓани

Денот на македонската револуционерна борба - 23 Октомври (понеделник) е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија, информираа денеска од Министерството за труд и социјална политика. Од ова министерство информираат дека прославата на Денот на македонската револуционерна борба е во согласност со Законот за празниците на РМ („Службен весник  на  РМ„ бр.21/98 и 18/07).

Уставниот суд одлучи, недела останува неработен ден

Уставниот суд одлучи да не се поведе постапка за иницијативата која беше поднесена од Стопанската комора на Македонија и недела да остане неработен ден. Портпаролката Христина Беловска по седницата соопшти дека оваа одлука на Уставниот суд е конечна и дека во правниот поредок на земјава останува да важи дека недела е неработен ден за најголем дел од работниците во земјава,...

Вистиномер: Не е точно дека Левица не гласаше за недела неработен ден

Во продолжение пренесуваме текст на „Вистиномер“ кој ја анализира вистинитоста на изјавата на пратеничка од СДСМ во однос на гласањето за прогласување на недела за ден на неделен одмор: На 20.12.2021 Собранието со 62 гласа „за“ и ниту еден против го усвои Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи со кои недела станува ден на неделен одмор....

Шахпаска: Со Законот за недела неработен ден ги унапредуваме правата на работниците

Министерката за труд и социјална политика во денешното интервју за Утрински брифинг оцени дека со новото законско решение кое предвидува недела да биде ден за неделен одмор се унапредуваат работничките права, што е предуслов за мотивиран работник. Инаку, на вчерашната седница на Собранието, Законот за работни односи беше изгласан со 62 гласа „ЗА“ и еден против. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ...

Работниците излегоа на протест, бараат итно да се донесе Законот за недела да биде неработен ден

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) попладнево излезе на протест пред Собранието и пред Стопанската комора на Северна Македонија (СКСМ) за да го изрази незадоволството од неизгласувањето на законското решение со кое недела треба да се прогласи за неработен ден, но и да потсетат дека бараат измена на Законот за минимална плата. На протестот беше истакнато дека работниците бараат и...

Владата предлага од 1 октомври неделата да биде неработен ден

Од 1 октомври годинава, неделата да биде неработен ден, предлага Владата. Измените на Законот за работни односи и на Законот за трговски друштва, што Владата ги усвои на денешната седница, се донесени во договор со работодавачите и синдикатите, објасни на денешната прес конференција премиерот Зоран Заев. Останува тие да бидат изгласани во Собранието. „Неделата станува неработен ден, ден на одмор....

24 Мај – Денот на сесловенските просветители, неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 24 мај 2021 година (понеделник) „Св. Кирил и Методиј“, Ден на сесловенските просветители е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија. „Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани во Република Северна Македонија им го...

Рамазан Бајрам, 13 мај, е неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно Законот за празниците, 13 мај 2021 година (четврток), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија. Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните од муслиманска вероисповед во Република Северна Македонија, им го честита Рамазан Бајрам.

Петок е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед, а понеделник втор ден Велигден, за сите

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците, 30 април (петок), пред Велигден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед. Понеделник (3 мај), вториот ден на Велигден според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани. Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните од православна вероисповед им го честита големиот христијански празник Велигден. ​

Измените во ЗРО за прогласување на неделата за неработен ден одложени за следната година

фатмир битиќи фото: влада на РСМ
Создавањето на предвидливо бизнис опкружување е една од најважните теми за секој стопанственик, па затоа, пред донесување на било какво законско или под законско решение, Владата ќе продолжи отворена дискусија и консултации со бизнис секторот, за да се унапреди деловното опкружување и да се обезбеди предвидливост и одржливост на економските текови. Ова го истакна вицепремиерот Фатмир Битиќи, на денешната редовна...

Петок, 28 август е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Петок, 28 август Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) е неработен ден за граѓаните од православна верисповед во Република Северна Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика. Воедно, МТСП им го честита празникот на граѓаните од православна верисповед во државата.

Владата го прогласи за неработен ден 15 јули, денот на одржување на изборите

Фото: Борче Поповски
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека 15 јули, среда, е неработен ден за сите граѓани, поради одржување на изборите за пратеници во Собранието, и нема да се одработува. „Прогласувањето на 15 јули за неработен ден е согласно заклучокот на Владата од 74. седница, одржана на 7 јули, заради непречено спроведување на предвремените парламентарни избори,“ се вели во соопштението.

15 јули ќе биде неработен, на 13 и 14 јули ќе гласаат болните, позитивните на ковид-19 и оние во самоизолација

Фото: Борче Поповски
Владата на вчерашната 68-ма седница донесе Уредба со законска сила за прашања поврзани со изборите за пратеници во Собранието на 15 јули 2020 година. Молкот пред денот на гласање ќе настапи на крајот на денот 12 јули, недела. Гласањето на 15 јули ќе започне во 07 часот и ќе трае непрекинато до 21 часот. На 13 и 14 јули, односно понеделник...

Први јануари е неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празницитe, 1 јануари 2020 година (среда), Нова година е неработен ден за сите граѓани. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните им ја честита Новата година.

Божиќ, 25 декември, неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед

Првиот ден на Божиќ 25 декември (среда) е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед, соопшти Министерството за труд и социјална политика. Од Министерството на граѓаните од католичка вероисповед им го честитаат празникот Божиќ.

Понеделник 9 декември е неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ 8 декември 2019 година (недела), односно 9 декември 2019 година (понеделник), „Св. Климент Охридски”, е неработен ден за сите граѓани. Истовремено, Mинистерството за труд и социјална политика на граѓаните им го честита празникот „Св.Климент Охридски”.

Среда (23 октомври) е неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците 23 октомври 2019 година (среда), Денот на Македонската револуционерна борба, е неработен ден за сите граѓани. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните им го честита Денот на Македонската револуционерна борба.

Среда, 28 август, неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно со Законот за празниците, 28 август 2019 година (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), е неработен ден за граѓаните од православна верисповед во Република Северна Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика им го честита празникот Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) на граѓаните од православна верисповед во Република...

Следниот вторник, Рамазан Бајрам, е неработен за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) соопшти дека согласно со Законот за празниците, 4 јуни 2019 година (вторник), првиот ден на Рамазан Бајрам, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија. Истовремено, МТСП на граѓаните од муслиманска вероисповед им го честита Рамазан Бајрам.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...