fbpx
Таг: непознатсторител

таг: непознатсторител

Украден сеф од благајната на Клиниката за инфективни болести

Вчера попладне, во периодот меѓу 15 и 19.30 часот, непознат сторител провалил во благајната на Клиниката за инфективни болести во Скопје и украл сеф во кој имало пари, картички за точење гориво и други предмети, информира полицијата. Според полицијата, крадецот, најверојатно, со автомобил влегол во кругот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ и дошол до Клиниката за инфективни болести, каде со...

Украден пиштол од куќа во скопско Волково

Непознат сторител, во периодот меѓу 31 октомври и 3 ноември годинава, провалил и украл пиштол од домот на жител на скопското село Волково. Како што информираат од полицијата, станува збор за пиштол марка „застава јуроп“, калибар 7,62 милиметри. Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.

Од стан во Скопје украдени пари, златен накит и два пиштоли

Непознат сторител, вчера провалил во стан во Скопје и украл извесна сума пари, златен накит и два пиштоли, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, кражбата се случила во стан на улицата Иван Аговски, во населбата Карпош, сопственост на М.Н. (36). Крадецот влегол во станот, откако насила и со употреба на погоден алат ја отворил влезната врата. Тој, според полицијата, одзел златен...

Од куќа во Порој украден златен накит вреден 7.000 евра

Тешка кражба вчера е регистрирана во тетовското село Порој, каде непознат сторител успеал преку отворен прозорец да влезе во куќата на 38-годишен жител на селото. Според полициските информации, крадецот од куќата однел златен накит чија вредност била проценета на околу 427.000 денари или околу 7.000 евра. Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Запалено возило на скопјанец

Непознат сторител, вчераутро, со запалива течност предизвикал пожар на возило, марка „хонда“, сопственост на скопјанецот М.С. (32). Според полицијата, возилото, кое било паркирано на улицата 1010, било запалено околу 2.10 часот. Пожарот го изгасила екипа на скопската противпожарна бригада, а тим на Секторот за внатрешни работи Скопје извршил увид на местото и работи на откривање на сторителот и на расчистување...

Каменуван воз во близина на скопска „Пивара“

Синоќа, околу 21.35 часот, во близина на „Пивара“ Скопје, непознато лице каменувало воз, кој сообраќал на релација Табановце - Скопје, соопшти полицијата. Во инцидентот, како што информираат од полицијата, нема повредени лица, а било искршено едно прозорско стакло. Од полицијата засега немаат осомничено лице за инцидентот и преземаат мерки за негово откривање.

Од стан во Дебар-маало украден накит вреден 6.000 евра

Непознат сторител деновиве провалил во дом на 46-годишен скопјанец и украл плен чија вредност била проценета на околу 360.000 денари, односно околу 6.000 евра. Според полициските информации, кражбата се случила во периодот меѓу петокот, минатата недела и вторникот неделава, во стан на улицата Орце Николов, во Дебар-маало, во центарот на Скопје. Крадецот од станот однел златен накит, вреден околу 6.000 евра. Полицијата...

Запален автомобил во населбата Кисела Вода

Ноќеска, околу 1.40 часот, на улицата Петар Делјан во скопската населба Кисела Вода, бил запален автомобил, марка „опел астра“, сопственост на 37-годишниот Г.Д., соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, пожарот го предизвикал засега непознат сторител, користејќи запаливо средство. Пожарот бил изгаснат од екипа на скопската противпожарна бригада. Од полицијата велат дека преземаат мерки за расчистување на случајот.

Молотови коктели фрлени на куќа на прилепчанец

Ноќта меѓу петокот и саботата, два молотови коктела биле фрлени на покривот од куќата на прилепчанецот К.Д. (58), соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, во саботата, триесетина минути по полноќ, непознат сторител фрлил две шишиња со непозната запалива материја на покривот од куќата на К.Д., на улицата Ило Попадинец во градот, од кое едното паднало во дворот. Од полицијата засега немаат осомничено лице...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...