fbpx
Таг: непознат сторител

таг: непознат сторител

Во Штип изминава година биле запалени 23 возила, од нив шест намерно

Изминатава година црната хроника од Штип беше полна со вести за запалени возила. Еден значаен дел од нив се однесуваше на скапи автомобили и луксузни џипови на луѓе од бизнисот. Новинарите и пожарникарите на крајот од годината заедно ги броеја запалените возила и стигнаа до бројка од 23. Полицијата објаснуваше дека бројката е преувеличена. Повеќето, според ова објаснување, се...

Фрлен молотов коктел врз возило во Скопје

Ноќеска околу 2.20 часот 42-годишна скопјанка во Единицата за информации и команда Скопје пријавила дека непознат сторител фрлил шише со запалива течност врз нејзиното возило, марка „пежо“. Возилото било паркирано во дворот од нејзината куќа на улицата Ѓорги Крапчев, во населбата Горно Лисиче. Како што информираат од полицијата, во инцидентот опожарен бил предниот дел од автомобилот, а огнот бил изгаснат...

Украдени изборни материјали од просториите на ОИК Кавадарци

Претседателот на општинската изборна комисија во Кавадарци вчера попладне во локалната полициска станица пријавил дека биле украдени изборни материјали од големата сала во зградата на Општина Кавадарци, што ја користела комисијата. Кражбата, според пријавата, најверојанто била извршена утрината истиот ден, во периодот меѓу 1.30 и 6.30 часот. Сторителот, како што информираат од МВР, влегол преку вратата од салата, која била...

Мигрант ранет со огнено оружје во близина на селото Хоргош, на српско-унгарската граница

Непознато лице на 29 ноември пукало во група мигранти во близина на селото Хоргош, на српско-унгарската граница. Во инцидентот еден од мигрантите биле ранет, потврдиле за телевизијата Н1 од српското министерство за внатрешни работи. Како што информирале оттаму, мигрантот бил ранет со куршум од мал калибар и кај него лекарите констатирале полесни повреди. Полицијата го истражува случајот, а било известено...

Разбојник ограбил и до смрт претепал 91-годишен жител на Свети Николе

Вчера, во периодот меѓу 13 и 18.20 часот, непознат сторител претепал и ограбил 91-годишен жител на Свети Николе, во неговиот дом, информираат од МВР. Старецот, на кој му била укажана лекарска помош во светиниколската болница, ноќеска околу 2 часот им подлегнал на повредите. Според полициските информации, разбојникот во станот на улицата Рахилка Гонева, влегол преку незаклучена врата и со тап...

Запален автомобил на скопјанец во населбата Шуто Оризари

Непознат сторител синоќа, околу 20 часот, подметнал пожар во автомобил, марка „фолксваген голф 4“, кој бил паркиран на улицата Виетнамска во Скопје, информираат од полицијата. Од пожарот била зафатена десната страна на возилото. Екипа на скопската противпожарна бригада веднаш интервенирала на местото и го изгаснала пожарот. Увид бил извршен од екипа на Секторот за внатреши работи Скопје, кој презема мерки за...

Фрлен молотов коктел во локал во Тетово

Непознат сторител, утрово околу 4 часот, фрлил молотов коктел на улицата ЈНА во Тетово, кај угостителскиот објект „Бар код“, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, во случајот нема повредени лица, а била причинета материјална штета. Полициска екипа извршила увид на местото и презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот.

Од поштата во Миладиновци украден сеф со пари и со документи

Ноќта меѓу вторникот и средата неделава, непознат сторител провалил во поштата во скопското село Миладиновци и украл сеф, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, крадецот насилно ја отворил влезната врата, влегол внатре и одзел сеф во кој имало пари и документи. Извршен е увид на местото и полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот.

Од куќа во Скопје украден сеф со златен накит и со 200 куршуми

Синоќа, околу 19.30 часот, непознат сторител извршил кражба во куќа, сопственост на 73-годишен скопјанец, на улицата Женевска во Скопје. Како што информираат од полицијата, крадецот од спалната соба во куќата одзел сеф во кој имало златен накит и околу 200 куршуми. Од полицијата велат дека преземаат мерки за откривање на сторителот и за расчистување на случајот.

Маскиран и вооружен разбојник ограбил казино во ГТЦ

Непознат сторител, со маска на главата (фантомка) и вооружен со пиштол, синоќа ограбил казино во Градскиот трговски центар (ГТЦ), информираат од полицијата. Разбојништвото се случило околу 20 часот во казиното „Д-слот“, а сторителот одзел 140.000 денари или околу 2.300 евра.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...