fbpx
Таг: непочитување

таг: непочитување

ДПИ вчера спроведе над 100 контроли во угостителски објекти, приведено одговорно лице за непочитување на здравствените протоколи 

Денеска, половина час после полноќ, полициски службеници го приведоа лицето М.Д. (41) од Скопје, поради постоење основано сомнение дека, како одговорно лице, управител на ланч бар „Мош“ во Скопје, сторил кривично дело – непостапување според здравствени прописи за време на епидемија, што е казниво по член 206, став 2 од Кривичниот законик. Како што соопштија од Владата, лицето М.Д....

Мицкоски не дојде на распит во „Беко“, советникот на Чулев, Љупчо Андоновски презема одговорност за „Боемска“

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска беше повикан на распит во полициската станица „Центар“, но тој не се појавил на разговорот. Наместо него, на распитот се појавил негов правен застапник. За разлика од Мицкоски, поранешниот директор на УБК и актуелен советник на министерот Наќе Чулев, Љупчо Андоновски се појави во „Беко“ и на распитот изјавил дека тој побарал од...

203 граѓани вчера не го почитувале полицискиот час, казни и за 481 лице без маски

И покрај тоа што земјава е присутен вториот бран со забрзано ширење на корона вирусот, Министерството за внатрешни работи (МВР) регистрира непочитувања на владините мерки за спречување на ширењето на Ковид-19 од страна на граѓаните. Само во текот на вчерашниот ден, евидентирани се 203 лица низ целата земја кои не го почитувале полицискиот час, при што приведени биле 155...

По рамазанските празници во Прилеп повторно ќе стартува јавниот превоз

Извор на фотографија: Општина Прилеп
Општинските власти најавуваат дека од вторник во Прилеп повторно ќе сообраќаат автобусите за градски сообраќај, заедно со неделната вонредна линија. - По продолжениот празничен викенд, од вторник ќе се воведе јавниот градски превоз со примена на сите заштитни протоколи. Воедно од сабота ќе биде отворен градскиот зелен пазар од 7 до 15 часот - најави денеска прилепскиот градоначалник Илија Јованоски. Прилеп...

МВР до денес утврдило 105 случаи на непочитување на самоизолацијата

Министерството за внатрешни работи информира дека од започнувањето на примената на мерките и препораките на Владата  заклучно со денеска (22.03.), поднесени се вкупно 77 кривични пријави, а по основ на член 206 и член 205 од Кривичниот законик. Во дел од вкупно поднесените кривични пријави се застапени и двата члена од Кривичниот закон - “пренесување заразна болест“ (чл.205) и “непостапување...

Спасовски побара од Собранието да ја разреши министерката Мизрахи

Техничкиот премиер Оливер Спасовски побара од пратениците во Собранието да ја разрешат техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи, информираат од владата. Предлогот на премиерот утрово бил доставен до собраниските служби и истиот треба да биде ставен на дневен ред на следната седница. - За сѐ може да има компромис, но, за непочитување на Уставот нема компромиси. Ако...

Скопје и Тетово се загадени поради големиот и брз урбан развој без еколошки стандарди

Аерозагадувањето во Скопје и во Тетово е резултат на нивниот голем и брз урбан развој, кој се одвива без да се запазат основните урбанистички и сообраќајни стандарди. Ова е ставот на дел од учесниците на Меѓународната конференција на применети науки, која се одржа на Државниот универзитет - Тетово. Професорот Вулнет Палоши смета дека градот треба да се развива на основа...

Кривичен суд: Јанева и Фетаи се однесуваа дрско и непрофесионално

Во 72-годишното постоење на Основниот суд Скопје 1, не се памети вакво однесување и непочитување на судот, судската власт и на судија која ја води постапката, какво што покажале специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи, на денешното рочиште за насилствата пред Општина Центар од јуни 2013 година, реагираат од  Кривичниот суд. - Како суд, заради транспaрентно информирање...

Зоран Божиновски го нарече судот „лудница“ и доби казна од 2.000 евра

Новинарот и сопственик на порталот „Буревесник“, Зоран Божиновски, на денешното рочиште во случајот кој се води против него за шпионажа, уцена и за изнуда, е казнет со парична казна од 2.000 евра поради непочитување на судот и непримерно однесување. „Не ви одговара тоа што го зборувам. Гладни сте за пари. Ова е лудница, не е судница. На 12 декември ќе...

ОЈО Скопје ѝ пиша на Јанева: Лажете и работите непрофесионално и неодговорно

Обвинителите од Основното јавно обвинителство Скопје денеска ѝ испратија отворено писмо на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, со кое, како што велат, сакаат да го изразат своето незадоволство од нејзината работа и од „срамната непрофесионалност“ со која обвинителката ѝнаштетила на јавно-обвинителската професија. Тие во писмото велат дека Јанева, во последното појавување во јавноста, лажела во врска со начинот на кој биле...

Делегација на МВР оддаде почит на пилотите што загинаа кај Струмица

Делегација на Министерството за внатрешни работи, денеска оддаде почит на загинатите пилоти Драги Мицев, Иљо Лопатички, Марјан Трајковиќ и Тоде Орешков на спомен-обележјето во аеродромската база Брест во Петровец, соопштија од МВР. Делегацијата на МВР била придружувана од семејствата на трагично загинатите пилоти. Хеликоптерската несреќа се случи на 10 јули 2014 година кај Струмица.

ААВМУ: „Алфа“, „Канал 5“, „Канал 5 плус“, „Нова“ и „Сител“ известуваат необјективно

Дел од телевизиите со национална концесија не ги почитуваат начелата од член 61 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, особено оние каде се бара објективно и непристрасно прикажување на настаните со еднаков третман на различните гледишта и мислења, пишува во првиот извештај на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (AAВМУ) од следењето на медиумското претставување во вестите,...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...