fbpx
Таг: Неготино

таг: Неготино

Обвинение за труење кучиња во Неготино

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен предлог против 62-годишен жител на Неготино за кривични дела – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1, како и Мачење животни според член 233 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 08.01.2023 на улицата “Индустриска” во Неготино, со намера да усмрти кучиња, истурил течен отров помешан со храна. „Иако бил свесен дека на местото...

Наставничка ги отвори вратите од домот, учениците го развеселија нејзиниот син со попреченост

Весна Петридова, наставничка во основното училиште „Страшо Пинџур“ од Неготино и мајка на дете со посебни образовни потреби, реши да ги запознае учениците со нејзиниот син, за преку својот личен пример да ги научи децата за прифаќањето на различностите и за инклузијата. Таа ги отвори вратите на својот дом и сите петтодделенци од нејзиното одделение дојдоа во посета кај нејзиниот...

Од Владата најава за изградба на четврти блок во РЕК Битола и брза пруга кон Србија

За земјава да ја постигне енергетската независност од руски гас, клучно е во претстојниот период да се изгради интерконективниот гасовод од Неготино до Грција. САД даваат огромна поддршка на земјава, а од Владата повикуваат што поскоро во Собранието да се одблокира донесувањето на законот преку кој Електрани на Северна Македонија ќе биде во можност да влезе во инвестицијата за...

Полицијата кај Неготино пресече шверц на 100 килограми марихуана

Во автомобил „мерцедес“ пресретнат на автопатот Скопје-Гевгелија во Неготино полицијата вчеравечер запленила околу 100 килограми марихуана што требало да биде прошверцувана. На откривањето на дрогата претходела бркотница. Според официјалното соопштение на Министерството за внатрешни работи (МВР), дрогата најверојатно потекнува од фабрика за масло од канабис (марихуана), а „на улица“ би достигнала вредност од 300.000 евра. Според соопштението, сообраќајни полицајци од Неготино...

Мисијата на Дионис ја преземаат синовите: Музејот на олдтајмери во Неготино ја сонува иднината за нов објект

Љубовта кон колекционерството и страста кон олдтајмерите на Дионис Пашлаков ретко кој во Македонија не ја осозна во документарниот филм „Avec l’amour“ („Со љубов“), во режија на Илија Цветковски. Овој документарец беше прикажан пред повеќе од пет години во земјава, преку кој македонските граѓани можеа да се запознаат со Музејот на олдтајмери во Неготино. Пред повеќе од две години,...

Деветнаесет пожарникари работеле на санирање на штетите од невремето во Неготино

Деветнаесет пожарникари работеле синоќа до 23 часот на санирање на штетите од невремето во Неготино, кое беше проследено со силен ветер и поројни дождови. „Општина Неготино, од 16:10 до 16:30 часот, беше зафатена од силен ветер и поројни врнежи од дожд, се направени штети, паднати дрва, кровови од куќи и гаражи, паднати бандери, паднати фолии на земјоделци и слично. За...

Фемицидите се производ на молкот на општеството и недовербата во институциите

Фемицидот на 46-годишната жена од Неготино ја дополнува поразителната статистика според која повеќе од 80% од жртвите во земјава претходно не пријавиле насилство во надлежните институции, реагираа од Платформата за родова еднаквост. Од таму додаваат дека непријавувањето на насилството и несоодветното постапување на институциите во случаи со семејно и родово базирано насилство директно ја зголемуваат веројатноста насилството да кулминира со убиство. „Фемицидот, како...

ИЈЗ: Изминатата седмица 2.320 нови случаи на ковид-19, жаришта биле Кавадарци и Неготино

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во периодот од 15 до 21 февруари годинава, тестирани се вкупно 15.849 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, односно новиот корона вирус. Притоа, регистрирано е намалување од 2,8 отсто на бројот на тестови во однос на седмицата пред тоа. Во однос...

Општини како Тетово и Неготино и во 2020 година со часови имаат рестрикции на вода за пиење (видео)

Процентот на неприходувана вода во водоводните системи во земјава лани изнесувал дури 64,64 отсто од вкупното количество произведена вода за пиење. Додека во некои општини, како што е случајот со Скопје, милиони кубни метри вода се губат во дотраените водоводни цевки и диви приклучоци, одредени општини во земјава имаат недостигна питка вода и рестрикции во водоснабдувањето на населението. Water4Changes како...

Градоначалникот на Неготино нема да дозволи изградба на депонија за опасен отпад

Во Неготино е покрената постапка за изградба на депонија за индустриски и неопасен отпад. Додека ВМРО - ДПМНЕ обвинува дека актуелната локална власт предводена од СДСМ со сите сили го турка овој проект, градоначалникот Тони Делков одговара дека тоа е проект на претходната власт. Делков на денешната прес-конференција изјави дека локацијата, која што е спорна за граѓаните и екологистите, е...

Почнуваат преговорите со Грција за изградба на интерконективниот гасовод

Преговорите меѓу Македонија и Грција околу изградбата на интерконективниот гасовод се очекува да започнат во најскоро време. Владата на вчерашната седница го усвои предлогот за поведување постапка за водење на преговори за склучување на Договорот меѓу двете земји и го овласти министерот за економија Крешник Бектеши, како шеф на делегацијата на нашата земја, да го парафира текстот на договорот...

Во Кочани, Неготино, Кавадарци и скопска Кисела Вода ќе се градат нови градинки

Кочани, Неготино, Кавадарци и скопската Кисела Вода се првите четири општини од вкупно 17 во коишто ќе се градат нови градинки со грант од Светската банка. Само за градежните работи на овие објекти ќе се издвојат 220,7 милиони денари (3,58 милиони евра), информираат од Министерството за труд и социјална политика. Вкупниот капацитет на градинките е 552 деца, и се...

Релизацијата на изградбата на гасоводот е минимална, потрошено само 8,6 отсто од планираното

Реализацијата на изградбата на гасоводот досега е минимална и изнесува едвај 8,6 проценти од планираните 2 милијарди денари за годинава. Поради слабата искористеност на средствата, се поставува прашањето дали ќе се реализираат најавените проекти, како што е интерконекциската врска со Грција и Бугарија, но и поврзувањето на ТЕЦ Неготино со магистралниот гасовод. Директорот на Македонски енергетски ресурси Бајрам Реџепи за „Мета“ вели дека интерконекцијата со Грција...

Раководството и сопственикот на Фабрика за кабли Неготино добија кривични пријави

Полициската станица Неготино поднела кривична пријава против Г.Х. (47),генерален директор на АД „ФКН“ (Фабрика за кабли Неготино), против Ј.Ј. (37) претседателот  на одборот на директори на АД „ФКН“, против двајца членови на одборот на директори на АД „ФКН“, сите од Република Бугарија, како и против Љ.К. (61) од Велес, исто така член на одборот на директори. Тие се товарат за злуопотреба...

Шарпланинец воден на синџир каснал дете во Неготино

Шарпланинец воден на синџир од неговиот сопственик, каснал дете за рака во Неготино, соопшти полицијата. Инцидентот се случил вчера околу 14 часот на местото викано Антена. Кога кучето дошло до група деца што си играле, каснало за левата рака едно десетгодишно дете. Детето потоа добило медицинска помош во најблиската здравствена ординација.

Возач загинал кај Стоби

Во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера околу 19 часот, на регионалниот пат Градско - Неготино кај локалитетот Стоби, животот го загубил С.П. (47) од неготинското село Црвени Брегови. Како што соопшти МВР, автомобилот „киа“ со кој управувал сега загинатиот, излетало од коловозот и се превртело. Увид извршила екипа од СВР Велес, а по наредба на јавен обвинител, на телото...

Изборите и дебатите поминаа, време е да се формира влада, оцени Жбогар

Дојдено е време земјата да се придвижи напред, да се формираат државните институции, да се избере спикер на Собранието и да се формира влада, изјави во Неготино евроамбадорот Самуел Жбогар, додавајќи дека е поминато времето за избори и за постизборни дискусии. Според Жбогар, сите во државата треба да ја научат лекцијата и да се обединети кон една иста цел. - Дојдено...

Сообраќајот кај Стоби се одвива по една лента поради оштетување на мостот

Сообраќајот на автопатот А-1, Градско - Неготино, кај Стоби, се одвива по левата коловозна лента бидејќи десната е затворена за сообраќај поради оштетување на мостот на реката Црна, информираат од Автомото-сојузот на Македонија. Сообраќајот на државните патишта се одвива по на места влажни коловози. Во клисурите и во засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци Кочани - Македонска...

Пожар во Гоцевата шума кај Неготино

Пожар вчера избувна во Гоцевата шума кај Неготино, околу 16 часот, во близина на селото Курија, и сè уште е активен, а пожарникарите од противпожарната едница од Неготино се обидуваат да го изгаснат. Пожарникарите го гаснеле пожарот до еден часот по полноќ. Во гаснењето учествувале осум пожарникари и три противпожарни возила. На помош им дошле и 13 работници од подружницата на...

Откриени 12 илегални мигранти кај Неготино

Дванаесет илегални имигранти од Иран вчера се откриени во возило „фолксваген шаран“ со скопски регистарски таблички. Мигрантите, кои се откриени на автопатот на клучката кај Неготино, како што соопшти МВР, се пренесени во полициската станица Неготино и ќе бидат сместени во прифатниот центар за странци. Полицијата трага по возачот на возилото, кој и покрај предупредувањето на полицијата, избегал.

Синдикатот на Пошта бара нова систематизација, најавува протести и штрајк

Синдикатот на Македонска пошта најави дека во соработка со вработените и со ангажирање на експерти ќе подготви нова систематизација што ќе ја достави до новата влада со барање истата...