fbpx
Таг: недоверба

таг: недоверба

Десничарската опозиција во Германија бара нова коалициска власт

Германската трипартиска коалиција на Олаф Шолц е во спор поради буџетот и затоа на земјата ѝ треба нова влада која ќе ја предводат демохристијаните, изјави лидерот на најголемата опозициска партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ) Фридрих Мерц, пишува германската новинска агенција ДПА.  Мерц за ДПА изјави дека тој и лидерот на баварската Христијанско социјална унија (ЦСУ), Маркус Зедер се сложни дека актуелната...

Контраспин: Судскиот совет спинува околу оценската мисија на ЕУ

Многу е голема перцепцијата дека членовите на Судскиот совет (или тој што го пишувал соопштението) мислат поинаку, ама не смее тоа да се каже и дека, всушност, во СС не се нималку задоволни со странска мисија што ќе го оценува, па ќе предлага решенија. Можеби затоа јавноста вчера беше известена со став во форма на соопштение во кое многу...

Подготвена алатка за мерење на работата на јавните обвинителства​

Јавните обвинители не бегаат од отчетност и одговорност за својата работа, но и другите чинители на власта мора да ги обезбедат сите услови за да се овозможи ефикасно функционирање на Јавното обвинителство, порача Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љубомир Јовески, на денешната конференција „Подобрување на ефикасноста, транспарентноста и отчетноста на Јавното обвинителство“. На конференцијата беше презентирана алатката во изработка...

Недовербата во бугарскиот претседател Радев за првпат е поголема од довербата

Најновата анкета на „Маркет линкс“ на бТВ покажува дека поголемиот дел од бугарските граѓани за првпат имаат поголема недоверба од доверба во бугарскиот претседател Румен Радев, пишува Медиапул.бг. Така, 40 отсто од анкетираните лица имаат доверба во претседателот Радев, додека 41 отсто од испитаниците одговориле дека немаат доверба во него. Во минатото, Румен Радев имаше доверба кај мнозинството Бугари,...

Црногорската влада и СПЦ потпишаа договор, се отвора можност за веронаука во училиштата

Црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ денеска објави на својот профил на Телеграм дека во Подгорица е потпишан фундаменталниот договор меѓу Црна Гора и Српската православна црква (СПЦ). Утрово во Подгорица пристигнал патријархот на СПЦ Порфириј Периќ, без претходна најава и присуство на новинари. „Потпишан e oсновен договор. Едно важно прашање поставено ad acta. Продолжуваме понатаму, фокусирајќи се на подобар животен стандард...

Изгласана недоверба на црногорската влада на премиерот Кривокапиќ

Црногорскиот парламент ја изгласа недовербата на владата предводена од Здравко Кривокапиќ, откако претходно вицепремиерот и коалицискиот партнер, Дритан Абазовиќ му ја скрати поддршката за време на големи политички тензии, јавува Ал Џезира Балканс. Парламентот се состои од 81 пратеник од кои на вчерашната седница гласаа 54, 43 за недовреба на владата и 11 против нејзиното менување, пратениците од помалите партии,...

Промена на власта во Црна Гора, се очекува Кривокапиќ од утре да не биде премиер

Промена на власта во Црна Гора се очекува по утрешното гласање на доверба на актуелната црногорска влада на чело со премиерот Здравко Кривокапиќ. Самиот премиер денеска изјави дека ќе биде сменет од функцијата на утрешното гласање и дека владата ќе падне, пренесува српската телевизија Н1. Кривокапиќ ги замоли граѓаните да не излегуваат на улица, порачувајќи им дека нивната безбедност и...

Меј го преживеа гласањето недоверба во парламентот

Британската премиерка Тереза Меј синоќа доби доверба за продолжување на мандатот од пратениците  во британскиот парламент, еден ден откако нејзиниот договор за Брегзит претрпи тежок пораз. Владата на Меј доби 325 гласови, наспроти 306 кои беа против. По овој крупен чекор, Меј ќе разговара со сите парламентарни партии во обид да се изнајде решение за проблемот. Излегувањето на Велика Британија од ЕУ,...

Грчкиот парламент не изгласа недоверба на владата на Ципрас

Со 127 гласа за и 153 против, парламентот на Грција вчеравечер ја отфрли иницијативата на опозициската Нова демократија за недоверба на владата на премиерот Алексис Ципрас. Гласаа вкупно 280 од 300 пратеници, а единствено Димитрос Каменос од Независни Грци имаше спротивна линија од партијата и не ја поддржа владата. Поради тоа веднаш претседателот на партијата и министер за одбрана, Панос...

Договорот со Грција ќе се потпишува утре, денеска се гласа доверба на владата на Ципрас

Во текот на утрешниот ден, недела, 17 јуни, во регионот на Преспа, на територија на Грција во засега непознат термин, ќе се одржи церемонијата на која, како што соопшти македонската влада, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров и министерот за надворешни работи на  Грција, Никос Коѕиас ќе го потпишат договорот за  решавање на македонско – грчкиот...

Утре прва расправа и гласање за (не)доверба за владата на Зоран Заев

Собранието на својата веб-страница го објави барањето на ВМРО-ДПМНЕ за гласање на доверба на Владата, а собранискиот спикер, Талат Џафери, потврди дека расправата ќе се одржи утре. „Единствени проекти коишто ги спроведе Владата на СДСМ и ДУИ во изминатиов период се партизирање на институциите и нивно деградирање, заробено судство, луксузирање на владините функционери со парите на граѓаните и политички реваншизам“, пишува...

Хан изрази жалење поради изгласувањето недоверба во владата на Косово

Еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јохнаес Хан, изрази жалење поради тоа што косовскиот парламент изгласа недоверба за владата. „Жалам поради денешното изгласување недоверба во владата на Косово. Политичките лидери, институции не смеат да ги загубат од вид предизвиците со кои се соочува Косово“, напиша Хан на својот твитер-профил. https://twitter.com/JHahnEU/status/862322566823911424 Тој додаде дека владеењето на правото, развојот на економијата, дијалогот и визната либерализација...

Косовскиот парламент не изгласа доверба на владата, на повидок избори

Владата на Косово денеска „загуби“ на гласањето доверба во парламентот, со што Косово го очекуваат предвремени избори најдоцна за 45 дена. Седницата на косовскиот парламент мина во тензична атмосфера, а Демократската партија гласаше исто како и опозицијата, на иницијативата на Фатмир Лимај, претседател на партијата Иницијатива за Косово. Според проценките, претседателот на Косово треба утре да почне консултации со парламентарните партии...

ДС предлага деблокирање на Собранието во три седници

Демократскиот сојуз (ДС) предлага да се одржат три седници на Собранието на Република Македонија, со кои ќе се деблокира работата на законодавниот дом и ќе се изберат нов спикер и нова влада. Според предлогот на партијата на поранешниот пратеник Павле Трајанов, прво 20 пратеници треба да поднесат барање за одржување вонредна седница на Собранието со единствена точка на дневниот ред - избор...

Отфрлено барањето за гласање недоверба на бугарската влада

Бугарскиот парламент денеска го отфрли барањето на опозицијата за гласање недоверба на владата на премиерот Бојко Борисов. Барањето на опозицијата е отфрлено со 130 гласа. 80 пратеници гласале „за“, додека пет биле воздржани. Коалициската влада на Борисов, која е на власт од ноември 2014 година, нема апсолутно мнозинство, но има поддршка од две помали партии. Опозицијата ја обвини владата дека не спровела реформи...

Падна владата на португалскиот премиер Пасос Коелјо

Шест недели по изборот, падна малцинската влада на португалскиот премиер Педро Пасос Коелјо, откако синоќа ѝ беше изгласана недоверба. Владата на Пасос Коелјо успеа да добие само 123 од вкупно 230 гласови на изјаснувањето за предлогот на Социјалистичката партија. Социјалистите, марксистичкиот Лев блок, Комунистичката партија и зелените ѝ изгласаа недоверба на владата на десниот центар на Пасос Коелјо и на неговиот...

Зврлевски: Не гледам причина за недоверба во работата на јавниот обвинител

Државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски, изјавил дека не гледа никаква причина за недоверба и за сомневање во неговата работа, објави „Дојче веле“, отакако партијата ДОМ, која е дел од владејачката коалиција, преку соопштение побара Зврлевски да си поднесе оставка. - Јас не гледам причина за недоверба и за сомневање во работата на државниот јавен обвинител. Досега, со моето професионално постапување...

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...