fbpx
Таг: нбрм

таг: нбрм

Иванов и Заев се согласиле единствено дека НБРМ не смее да се остави без гувернер

Народната банка не смее да се остави без гувернер, бидејќи тоа би имало негативни импликации врз економијата на државата, се согласиле претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Зоран Заев на денешната средба во вилата Водно која се одржа на барање на премиерот, а на која се разговараше за предлогот на Иванов за нов гувернер на НБРМ. Иванов, како и на претходната...

Богов: Извозот е над очекуваното, рано е за прогнози за економскиот пораст

Гувернерот на Народната банка, Димитар Богов изјави дека се уште е рано да се даваат прогнози за економскиот пораст годинава, но она што е над очекувањата, е порастот на извозот. - Извозот во првите месеци од годината е одличен и над очекувањата. Во извозот најголемо учество имаат новите производствени капацитети во зоните, кои толку беа критикувани, и тоа, веројатно ќе...

Се одбележува Глобалната недела на парите, младите ќе учат да штедат

Координациското тело на регулаторните институции за финансиска едукација ја одбележува Глобалната недела на парите од 12 до 18 март, а активностите ќе продолжат во текот на целиот месец. Ова тело го сочинуваат Народна банка, Министерството за финансии, Агенцијата за супервизија на осигурувањето, МАПАС и Комисијата за хартии од вредност, кои во соработка со Бирото за развој на образованието и Сојузот...

Куере: Треба да прескокнете некои фази и директно да одите на дигиталниот пазар

Мора да создадете финансиско опкружување во кое може да застанете цврсто на нозе и да имате капацитет да ги издржите шоковите во глобалната економија. Тоа се прави со силна економија во однос на хартиите од вредност и тоа се покажа во последната година. Сакам да ја пофалам НБРМ која направи одлична работа. Оваа порака денеска ја испрати членот на Извршниот...

НБРМ: Зголемено кредитирање на домаќинствата, а намалено на претпријатијата

Кредитите на домаќинствата имаат месечен пораст од 0,8 проценти, а на годишно ниво 9,8 проценти покажуваат податоците на Народна банка. Притоа најголем дел од зголемувањето на кредитирањето се должи на порастот на денарските пласмани. Од одобрените кредити, потрошувачките имаат месечен пораст од 1,1 процент, а станбените од 0,5 проценти. Годишниот пораст кај потрошувачките кредити е 12, а на станбените 13,7 проценти. Кредитите на...

НБРМ: Инфлацијата се засилува, слаб пораст на економијата

Констатирано е одредено засилување на инфлацијата во јуни, ликвидноста на банките благо се зголемила, а економијата забележала слаб пораст. Износот на благајничките записи, пак, ќе се намали. Тоа се главните сознанија од комисијата за оперативна монетарна политика на Народната банка на Република Македонија (НБРМ). Во поглед на редовното преиспитување на ликвидноста на банките,  по зголемувањето на бројот на благајничките записи од...

НБРМ ја намали проекцијата за пораст на БДП од 3,5 на 2,5 отсто

Наспроти октомвриската проекција на пораст на домашниот бруто-производ (БДП) за 2017 година од 3,5 отсто, во априлската проекција на Народна банка, порастот на БДП е намален за еден отсто, односно на 2,5 отсто. Оваа корекција, според објаснувањето на НБРМ, е направена поради политичката криза, која што продолжи и на почетокот на 2017 година, иако при октомвриската прогноза се сметаше дека...

Утре ќе се пуштат во оптек апоените од 200 и од 2.000 денари

Утре (15 декември), Народна банка ќе ги пушти во оптек двете нови книжни пари во апоени од 200 и од 2.000 денари, а ќе ја повлече банкнотата од 5.000 денари. Воведувањето на двата нови апоени од 200 и од 2.000 денари, пак, е прва промена што се спроведува по период од 20 години. „Ваквата одлука е донесена врз основа на истражувања и...

Пораст на побарувачката и на понудата на станови

Понудата и побарувачката на станови и на деловни објекти е голема, а банкарските услови за земање станбени кредити се релаксирани. Ова е генералниот заклучок на учесниците на денешната прва конференција за инвестиции во недвижности во Македонија. „Континуираниот пораст на расположивиот доход на населението, паралелно со стагнацијата на цените на пазарот на недвижности во посткризниот период, води кон заклучок дека моќта за...

НБРМ: Политичката криза и Брексит, неповолни за економијата во земјава

Од Народната банка на Република Македонија известуваат дека денеска нејзиниот совет одржал седница на која го усвоил извештајот за финансиската стабилност во Република Македонија во 2015 година и кварталните извештаи за првите два квартали од годинава. Како што констататирал советот на НБРМ, македонскиот финансиски систем и во 2015 година бил стабилен и покрај надворешните и внатрешните случувања. „Во 2015 година, вкупната актива на финансискиот систем достигна 494 милијарди денари...

Народна банка: И покрај кризата, македонскиот финансиски систем е стабилен

Во услови на неповолни домашни случувања, македонскиот финансиски систем ја задржа својата стабилност. Ова бил заклучокот на денешната редовна средба во Народната банка меѓу високите претставници од институциите што се надлежни за регулирање и за надзор на одделните сегменти од финансискиот систем на Република Македонија, информираат од кабинетот на гувернерот на Народната банка, Димитар Богов. На средбата учестувале претставници на...

Граѓаните повлекле рекордни 58,5 милиони евра од банките во април

Граѓаните повлекле рекордни 58,5 милиони евра (3,6 милијарди денари) од банките во април годинава, што е 1,6 отсто од вкупните депозити на населението. За ова денеска информираше гувернерот на Народната банка на Македонија, Димитар Богов, на редовната средба со банкарите во Стопанска комора на Македонија. - Народната банка интервенираше со 77 милиони евра на пазарот. Повлекувањето на оваа огромна сума на пари...

Намалена ликвидноста на банките

Во текот на четвртиот квартал на 2015 година, ликвидноста на банките се намали за 1.934 милиони денари во однос на крајот на третиот квартал, соопшти Народната банка во најновиот квартален извештај. Со тоа, состојбата на сметките на банките кај НБРМ во декември изнесуваше 15.960 милиони денари. На крајот на годината, примарните пари на годишна основа се повисоки за 0,6 отсто за разлика...

Ќе се гради нова зграда на Народна банка

Народна банка на Република Македонија (НБРМ) ќе добие нова зграда. Новата административна зграда е предвидено да се гради на местото на сегашниот парк до Министерството за надворешни работи. Новиот објект ќе се гради врз основа на идејното решение на авторите Никола Стакинов и Лазар Димов. Тендерот за избор на компанија што ќе ја гради административната зграда е отворен до 30 март,...

Државата лани се задолжила 197 милиони евра кај домашните инвеститори

За целата 2015 година, вкупната нето-емисија на државни хартии од вредност изнесува 12.172.000 денари или 197 милиони евра, објави Народна банка. - Каматните стапки на државните записи понудени на аукциите одржани во декември изнесуваа 1,35 отсто, 2,10 отсто и 2,5 отсто за тримесечните, шестмесечните и за 12-месечните државни записи без девизна клаузула, соодветно - соопшти НБРМ.

НБРМ: Економската активност и понатаму се зголемува со солидно темпо

Економската активност и понатаму се зголемува со солидно темпо, делумно поддржана од кредитната активност на домашните банки, се вели во најновиот извештај на Народма банка. - Економското закрепнување се одвива без ценовни притисоци и без притисоци во надворешниот сектор. Девизните резерви и понатаму се на соодветно ниво, кое е доволно за справување со евентуални непредвидени шокови во иднина. Што се однесува...

БДП во третиот квартал бележи зголемување од 3,5 проценти

Најновите показатели на Народна банка покажуваат дека економската активност и понатаму солидно се зголемува, а е делумно поддржана од кредитната активност на домашните банки. - Економското закрепнување се одвива без ценовни притисоци и без притисоци во надворешниот сектор. Девизните резерви и понатаму се на соодветното ниво, коешто е доволно за справување со евентуални непредвидени шокови во иднина. За ефектите врз...

Банките ќе го стегаат ременот за потрошувачките кредити

Народната банка предлага потенцијални мерки со кои од следната година банките би можеле да го стегнат ременот за издавање потрошувачки кредити. Целта е, како што истакна гувернерот Димитар Богов, банките повеќе да даваат корпоративни и станбени кредити, наспроти потрошувачките кои се во пораст и сочинуваат најголем дел од нефункционалните кредити. - Потенцијалните мерки кои се разгледувани од Народната банка, и кои...

НБРМ: Побавен пораст на економијата во втората половина од годината

Од април досега, ризиците од домашна и од надворешна природа за економијата се зголемија, но последните макроекономски показатели и оцени покажуваат дека засега нивните ефекти се ограничени, а амбиентот на спроведување на монетарната политика не е значително променет. Ова се вели во најновиот извештај на Народна банка за најновите макроекономски податоци (јули–септември 2015 година). Од аспект на БДП, објавените податоци за вториот квартал се совпаѓаат...

Граѓаните ќе се информираат за земањето станбен кредит преку брошури

Народна банка промовираше брошура за граѓаните, која е водич при земање станбен кредит. Главната цел е да се подигне свесноста на граѓаните што значи земање кредит и да им се објасни целиот процес при донесување одлука. - Важно е граѓаните да знаат колкав износ на кредит можат да земаат, да знаат како да ги пресметаат вкупните трошоци, да одлучат дали...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...