fbpx
Таг: НБА

таг: НБА

Heat Check – Стигнав до половина милион претплатници правејќи видеа од истата соба каде и спијам

"What's up everybody, my name is Stefan and this is Heat Check, let's get into it". Со оваа реченица Стефан од Аеродром ги започнува своите Јутјуб видеа посветени на НБА кошарката. Неговата пасија кон најпопуларната кошаркарска лига во светот се претворила во снимање видеа на оваа тематика и денес тоа е неговата единствена работа. https://youtu.be/RKPHjbsFaGE Стефан Нанев е сопственик на Јутјуб...

Голден стејт постигна нов рекорд во НБА-лигата

Кошаркарите на Голден стејт вориорс, со резултат од 16 победи и ниту еден изгубен меч, поставија нов рекорд за најдобар почеток на сезоната во историјата на НБА-лигата, така што синоќа на домашен терен го совладаа Лос Анџелес лејкерс, со резултат 111 - 77. Актулениот НБА-шампион со тоа го урна досегашниот рекорд од 15 - 0 во победи, што го држеа тимовите на Вашингтон...

НБА: Деандре Џордан се премисли, останува во Лос Анџелес клиперс

Центарот на Лос Анџелес клиперс, Деандре Џордан, останува во тимот од Калифорнија, откако се премислил и го повлекол усниот договор што пред неколку дена го постигнал со Далас маверикс, објавуваат светските агенции. Според информациите, Џордан наводно се премислил по тет-а-тет средбата во неговиот дом во Хјустон, со делегација од неговите соиграчи од „клиперс“, меѓу кои Блејк Грифин и Пол Пирс. Од...

НБА: Сан Антонио „опасно“ се засилува за следната сезона

Тимот на петкратниот НБА-шампион Сан Антонио спарс во наредната сезона, по сè изгледа, ќе биде еден од главните претенденти за престижната титула. За ваквите планови на „мамузите“ јасно говорат имињата на играчите кои како засилувања треба да пристигнат во тимот од Тексас, а за кои веќе наголемо пишуваат американските медиуми. Најзвучното засилување е моќниот крилен играч Ламаркус Олдриџ, кој по девет...

Голден Стејт е новиот НБА-шампион

Голден Стејт со победата над Кливленд од 105:97 и финални 4:2 ја осви шампионската титула во НБА. Ова е четврта титула на клубот, прва по 40 години. Најефикасни кај Голден Стејт беа Стеф Кари и Андре Игудала, секој со 25 поени. Драјмонд Грин натпреварот го заврши со трипл-дабл од 16 поени, 11 скокови и од 10 асистенции. Леброн Џејмс, иако постигна 32 поени,...

НБА: Голден Стејт на чекор до шампионската титула

Кошаркарите на Голден Стејт вориорс се на чекор до освојување на шампионската титула откако синоќа го совладаа тимот на Кливленд кавалирс со 104-91 и поведоа со 3-2 во финалната серија на НБА. Предводник на домашниот тим до победата беше Стеф Кари, кој мечот го заврши со 37 поени, од кои седум тројки, на кои додаде седум скока и четири асистенции. Солидна партија покажаа и...

НБА: Голден Стејт со убедлив триумф израмни на 2 – 2

Кошаркарите на Голден Стејт вориорс со убедлив триумф над Кливленд кавалирс од 103 - 82, на гостински терен, израмнија на 2 - 2 во победи во финалната серија од плејофот на НБА-лигата. Најефикасни во победничкиот тим беа Стеф Кари и Андре Игудала, кои постигнаа по 22 поени. Кај Кливленд најмногу поени постигна Тимофеј Мозгов, односно 28. Кошаркарите на Голден Стејт доминираа...

НБА: Кливленд поведе со 2-1 во финалната серија против Голден Стејт

Екипата на Кливленд кавалирс поведе со 2-1 во финалната серија во НБА-лигата, откако утрово на домашен терен го совладаа тимот на Голден Стејт вориорс со 96-91. Најзаслужен за победата на „кавалирс“ беше ѕвездата на тимот, Леброн Џејмс, кој мечот го заврши со извонредни 40 поени, 12 скокови и со осум асистенции. Одлична игра за домашниот тим прикажа и Метју Делаведова, кој постигна...

Кливленд со трипл-дабл на Џемјс израмни во финалната серија на НБА

Кошаркарите на Кливленд кавалирс синоќа го совладаа тимот на Голден Стеј вориорс со конечен резултат од 95 - 93 и израмнија на 1 - 1 во финалната серија во НБА-лигата. Најзаслужен за победата на „кавалирс“ беше Леброн Џејмс, кој мечот го заврши со трипл-дабл од 36 поени, 16 скока и од 11 асистенции. Трагичар на мечот беше ѕвездата на Голден Стејт,...

Голден Стејт во финале по 40 години

Голден Стејт со 104-90 славеше против Хјустон и со вкупно 4-1 од петте натпревари од финалната серија на Западната конференција се пласираше во финале, каде за титулата ќе игра против Кливленд. Стеф Кари повторно беше најефикасен, со 26 поени, осум скока и so шест асистенции. На спротивната страна Двајт Хауард постигна 18 поени и 16 скока. „Вариорс“ првпат по 1975 година ќе...

Леброн со трипл-дабл за победа на Кливленд

Кошаркарот на Кливленд, Леброн Џејмс, постигна 37 поени на натпреварот против Атланта, со што успеа по 75. пат во плејоф-натпреварите да постигне повеќе од 30 поени. Со ова постигнување Џејмс се изедначи со кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Карим Абдул Џабар. Сепак, на врвот на листата на најпрецезни кошаркари во разигрувањата за шампионскиот прстен се Коби Брајант, кој 88 пати постигнал...

Стефан Кари е најкорисен играч во НБА-лигата

Американските медиуми објавија дека плејмејкерот на Голден Стејт, Стефан Кари, ја добил наградата за најкорисен играч во НБА-лигата. Кари наградата треба да ја добие утре. Конкуренти на Кари во трката за најкорисен играч оваа сезона му беа Леброн Џејмс од Кливленд кавалерс, Расел Вестбрук од Оклахома тандерс и Џејмс Харден од Хјустон рокетс. Стефан Кари во регуларниот дел од сезоната имаше...

НБА: Атланта во полуфиналето на Источната конференција

Тимот на Атланта хокс синоќа со убедливи 87-111 го совлада тимот на Бруклин нетс и со вкупен резултат од 4-2 во победи, обезбеди полуфинале од плејоф-разигрувањето во Источната конференција. Најефикасен во редовите на Атланта беше Пол Милсап со 25 поени, а одлични на паркетот беа и Кајл Корвер и Ди Маре Керол, кои запишаа по 20 поени. Перо Антиќ немаше голема минутажа...

НБА: Чикаго и Голден стејт поведоа со 2-0

Тимовите на Голден стејт и на Чикаго поведоа со 2-0 во серијата прв до четири победи од првата рунда на плеј-офот во НБА-лигата. Голден стејт и во вториот меч беа подобри од Њу Орлеанс, славејќи со 97-87. Најефикасен на натпреварот беше Клеј Томпсон со 26 поени, а Стеф Кари запиша 22 поени, четири скока и шест асистенции. Во натпреварот од Источната конференција, Чикаго...

НБА: Клеј Томпсон најзаслужен за победата на Голден Стејт над Мемфис

Тимот на Голден Стејт синоќа ги надигра Мемфис гризлис, со резултат од 111-107, а најефикасен во победничката екипа беше Клеј Томпсон, кој натпреварот го заврши со извонредни 42 поени. Во Источната конференција, Кливленд беше подобар од Детроит (109-97), додека Атланта на домашен терен загуби од Њујорк со 108-112, на кој, поради болест, не настапи Перо Антиќ. Во тимот на Кливленд, одличен...

НБА: Хјустон и Харден ја надиграа Оклахома на гостински терен

Кошаркарите на Хјустон рокест синоќа на гостински терен забележа важна победа во борбата за второто место во Западната конференција на НБА-лигата против тимот на Оклахома Сити. Хјустон триумфираше со резултат 115 - 112. Најдобар поеднинец во победничкиот тим беше Џејмс Харден, еден од кандидатите за МВП на регуларниот дел од сезоната, кој натпреварот го заврши со 41 постигнат поен. Неговиот...

Кливленд по продолжение го совлада Сан Антонио

Ноќеска, на гостувањето кај шампионот Сан Антонио, екипата на Кливленд по продолжение славеше победа  со 128:125. Предводник до триумфот беше Кајри Ирвинг, кој постигна рекордни за него 57 поени. Ирвинг реализираше и тројка за изедначување (110:110) и со тоа избори продолжение. Претходно негов рекорд беа 55 поени против Портланд во јануари годинава. Ова, воедно, е и рекорд за екипата на Кливленд бидејќи...

НБА: Кливленд го декласира Далас со 33 поени разлика

Екипата на Кливленд кавалирс синоќа на гостински терен го совлада тимот на Далас со 33 поени разлика, односно со резултат 127-94, а најдобар на натпреварот беше ѕвездата на Кливленд, Леброн Џејмс. Тој натпреварот го заврши со постигнати 27 поени, седум скока и осум асистенции. „Кралот“ Џејмс, со својата прва асистенција на натпреварот стана најдобар асистент во историјата на Кливленд, со 4.207 успешни додавања,...

Четврти трипл-дабл по ред за Расел Вестбрук

Синоќа во НБА-лигата се одиграа 13 натпревари од кои во шест победи славеа гостинските екипи. Вечерта, сепак, ја одбележа кошаркарот на Оклахома Сити тандер, Расел Вестбрук, коj со трипл-дабл беше најзаслужeн за победата на неговиот тим над Филаделфија, со резултат 123-118. За Вестбрук ова е четврти трипл-дабл по ред, резултат што никому не му тргнало од рака да го постигне уште...

Атланта го совлада Хјустон

Серијата одлични настапи на Атланта хоукс продолжи и рано утрово, откако тимот на Перо Антиќ славеше над Хјустон со 104-96 за својата петта победа во низа, пренесе „Канал77“. Хјустон настапи на овој меч без Џејмс Харден, но дури и во отсуство на првата ѕвезда, гостинскиот тим ги изненади „јастребите“, стигнувајќи до предност од 18 поени пред крајот на втората четвртина. Сепак, „ракетите“...

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...