fbpx
Таг: навреди

таг: навреди

ЗНМ поради навредите кон новинарката Додевска бара оставка на директорот на топланата Скопје Север

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) реагираше за инцидентот во кој директорот на топланата Скопје Север, Куштрим Рамадани, грубо ја навредувал и ја омаловажувал новинарката Катерина Додевска од МКД.мк. ЗНМ бара Рамадани по овој скандал да си поднесе оставка „Наместо одговор на легитимно поставено новинарско прашање за работата на топланата Скопје, Север, директорот Куштрим Рамадани упати груби навреди и омаловажувања...

Нивес Целзиус во претседателската вила била на неформален прием за 70 лица, а нејзиното однесување е работа на домашно воспитување

Неформален прием на над 70 лица што учествуваа на јубилејниот 30ти турнир во мал фудбал на медиуми во претседателската резиденција на Водно, меѓу кои била и хрватската старлета Нивес Целзиус, изминатиов викенд ја зовре јавноста на социјалните мрежи. Цела низа од дезинформации, навреди за претседателот Пендаровски и за Целзиус беа лиферувани на Фејсбук, и особено на Твитер, по што и...

Лидерот на бугарската „Преродба“ бркаше новинари од прес-конференција и медиуми нарече „странски агенти“

Три дена по парламентарните избори, на првата прес-конференција по гласањето, Костадин Костадинов, претседателот на проруската политичка партија „В'зраждане“ (Преродба), инаку нарекуван и „бугарскиот Копејкин“, почна со расправија и обиди за бркање на новинари од „непожелни“ медиуми. Тој на почетокот на прес-конференцијата во прес-клубот на Бугарската телеграфска агенција (БТА) во Софија првин ги нарече „Дневник“, „Капитал“, „Mediapool“ и „Клуб Z“, „жолто-кафени...

Контраспин: Мицкоски го болат навреди само кога паѓаат на неговиот грб

Сосема е јасно дека Мицкоски, дури и под претпоставка тој најмалку да користел навредливи и омаловажувачки зборови, бил согласен тоа да го прават највисоки претставници на неговата партија или пратеници, со што на големо го прави она што во изјавата што ја разгледуваме го осудува и вели дека не е добро зашто „е отров што го чувате во себе“....

Демант на дезинформациите во медиумите по повод рецензијата на Вистиномер за финансирањето на извидничкиот камп Sex Scouts and Rock’n’Roll

„Вистиномер“ објави демант на нападите и дезинформациите, коишто беа објавени во некои медиуми. „Мета“ го пренесува демантот интегрално: Деновиве во јавноста се појавија написи и други видови реакции кои содржат дезинформации за работата на Вистиномер, како и содржини на социјалните мрежи во кои, покрај дезинформации, има и пцости, други навреди, клевети и закани против порталот и вработените во него. За навредите, клеветите...

ЗНМ Безбедноста на новинарите, фоторепортерите и снимателите на јавните протести мора да се гарантира

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) бара од Министерството за внатрешни работи гарантирање на безбедноста на присутните новинари,фоторепортери и сниматели, на протестите кои се одржуваат против новите анти ковид мерки. На вчерашниот јавен протест, организиран од страна на група граѓани поттикнат од новите мерки за превенција беа упатени вулгарни пораки и груби навреди кон новинарите, а на тој начин индиректно...

На вториот фестивалски ден од ПРВО ПА ЖЕНСКО 9 отворена изложбата на Албена Баева

Изложбата „Овцата, змијата, кучката и нивната свиња“ на Албена Баева вчера вечер беше отворена во Младинскиот културен центар (МКЦ) во рамките на вториот фестивалски ден на ПРВО ПА ЖЕНСКО 9. Изложбата ги критикува онлајн дискусиите, а секојдневниот банален сексизам чија цел е да ги девалвира, одбива и навредува жените, е основната инспирација за делата на изложбата. Албена Баева е визуелна...

ЗНМ: Пратениците не смеат да ги омаловажуваат и етикетираат новинарите на Телма

Во изминатите два дена дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ како и пратеникот од Левица во своите изјави ја етикетираа ТВ Телма како „режимска телевизија“, а навреди и омаловажувања посредно или непосредно беа упатени кон новинарите и уредниците на оваа национална телевизија, се вели во соопштението на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). „Јавното етикетирање на медиумите и новинарите, посебно од...

SafeJournalists: Ги осудуваме смртните закани и сексистичките навреди кон новинарката Тања Милевска

Тања Милевска, новинарка и дописник во МИА (Медиумската информативна агенција), доби смртни закани и сексистички навреди на Твитер, а подоцна и на Фејсбук, заради нејзините јавни ставови изразени на социјалните мрежи. Случајот е пријавен во полиција, но досега не се покренати обвиненија. На 11 јули, Милевска на социјалните мрежи доби десетици вербални закани, говор на омраза и закани од силување,...

Седиштето на ЦИВИЛ мета на вандализам со заканувачки и навредливи пораки

Седиштето на ЦИВИЛ повторно е мета на вандализам со заканувачки и навредливи пораки, информираат од организацијата. Оттаму појаснуваат дека панелот во дворот зад седиштето на организацијата што се користи за состаноци и изјави за јавноста е турнат, а врз него е ставена лопата. „Натписот со логото на организацијата и натписот „Слободна зона“ веднаш под него се скинати, а пред вратата...

Момчињата од Штип кои претепаа девојка добија казна затвор од 2,5 години

Двајцата штипјани, кои целата јавност преку видео снимка ги виде како навредуваат и претепуваат девојка, денеска во Основниот суд во Штип беа осудени на казна затвор од по 2,5 години. Тие се осудени за делото „Насилство“, откако во јануари годинава, во влезот на станбена зграда претепаа 21- годишна девојка од Штип. П.Р.(23) и С.А.(26) денеска не беа на изрекување на...

Пред изборите расте бројот на жалби од политичарите за медиумите (инфографик)

Од последното, политичарите се искачиле на второ место како поднесувачи на жалби до Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), покажуваат статистичките податоци на телото за саморегулација за 2019 година. Во периодот  од 2014 до 2017 година, секоја четврта жалба против медиумско известување доставена до Советот била од политичар. Во 2018 година, политичарите биле на последно место на ранг-листата...

Обвинителство бара продолжување на притворот за Емил Јакимовски и поднесе обвинителен предлог

Основното јавно обвинителство - Скопје до Кривичниот суд достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за Емил Јакимовски, кој им упати навреди и закани на новинарките Мери Јордановска и Искра Коровешовска. Од ОЈО сметаат дека постои реална можност тој да се даде во бегство за да ја избегне кривичната одговорност. Јакимовски од 18 јануари се наоѓа во...

Приведен Емил Јакимовски, кој им се закануваше на новинарките Мери Јордановска и Искра Коровешовска

Емил Јакимовски, поранешниот вработен во Централниот регистар кој изминатиов викенд упати закани и навреди кон новинарките Мери Јордановска и Искра Коровешовска, е приведен и во моментов со него се води разговор во полициска станица, потврдија од МВР за „Мета.мк“. Според информациите, тој бил приведен поради пријава против него за семејно насилство и полицијата соработува со Основно јавно обвинителство - Скопје,...

Јакимовски доби отказ од Централниот регистар, МВР и ОЈО допрва ќе треба да реагираат на заканите

Вработениот во Централниот регистар Емил Јакимовски, кој викендов упати закани и навреди кон новинарките Мери Јордановска и Искра Коровешовска, доби отказ од работното место. Директорката на Централниот регистар, Марија Бошковска Јанковски вчера донела решение за престанок на работниот однос поради суштествени повреди на одредбите од Колективниот договор. „Емил Јакимовски ги повредил и прекршил одредбите од неговиот Договор за вработување според...

ЗНМ повика на брза реакција на институциите по заканите кон новинарката Јордановска

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) најостро ги осуди заканите и навредите упатени кон новинарката и заменик-уредничка на порталот „А1он“, Мери Јордановска. Според пораките кои ги објави Јордановска, заканувачот со погрдни зборови ја навредувал притоа заканувајќи се дека “ќе ја искреира на некролог“. ЗНМ ги повика Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство итно да отворат истрага и да ги...

По инспекцијата во гевгелиската градинка, директорката ќе го решава случајот

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) соопшти дека по извршената инспекција во градинката „Детска Радост“ во Гевгелија, директорката на установата ќе треба да утврди дали има прекршување. Министерството вчера испрати инспекција во градинката по видеото објавено на социјалните мрежи, кое беше пренесено во медиумите, а во кое, наводно воспитувачка, вика и ги навредува децата. Од МТСП велат дека се земени...

Приврзаници на чешкиот претседател Земан ги нападнаа новинарите по изборната победа

Чешката полиција поведе истрага откако редарите и симпатизерите на чешкиот претседател Милош Земан ги нападнаа новинарите во неговиот изборниот штаб по победата во вториот круг од претседателските избори во земјата. Редарите и симпатизерите синоќа со тупаници ги напaднаа акредитираните новинари, турнаа и скршија камера на чешката приватна телевизија „ТВ Нова“ и ги навредуваа медиумските работници. Нападот се случи во хотелот ТОП...

Трамп вели дека за Африканците го кажал тоа што многумина го мислат

Извор од Белата куќа тврди дека американскиот претседател Доналд Трамп во врска со неговата навредлива изјава за африканските и некои централноамерикански држави, оценил дека „едноставно го рекол тоа што многумина го мислат, а не смеат да го кажат на глас“. Истиот извор изјавил дека ваквиот став Трамп го искажал на средба со најблиските соработници, на која се расправало за последиците...

Антисемитски и антикомунистички графити на советски споменик во Пловдив

Со графити со кукасти крстови, со антисемитски пораки „Убиј го Евреинот“ и „Комунизам - Еврејство“, како и навреди за Марија Захарова, министерката за надорешни работи, во петокот осамна споменикот „Аљоша“, познат како „Советскиот споменик“ во бугарскиот град Пловдив. Иако по неколку часа графитите се избришани, настанот крена бура во социјалните медиуми. Со различни реакции се огласија повеќе истакнати фигури во...

Меѓаши: Младите треба отворено да зборуваат ако имаат суицидни мисли

Потребна е поголема поддршка од институциите за негување на детското ментално здравје, а сите треба да учествуваме во детабуизирање на темата. Ова беа заклучоците на денешното презентирање на наодите на...