fbpx
Таг: наука

таг: наука

Петровска: Членството во НАТО отвора можност за развој на науката и технологијата

„Членството во НАТО на сите членови на академската заедница- професори, истражувачи и студенти им отвора нова димензија на поддршка, на можност за соработка со колегите од сојузничките и партнерски земји и таа можност треба да се искористи, бидејќи резултатите ќе бидат од корист за сите“, рече денес Министерката за одбрана Славјанка Петровска при отварање на Информативниот ден на НАТО...

Објавен е конкурсот за доделување на наградата „Гоце Делчев“ за 2024 година

Министерството за образование и наука (МОН) го објави конкурсот за доделување на наградата „Гоце Делчев“ за 2024 година, со која се оддава општествено признание за особено значајни остварувања во областа на науката. Наградата им се доделува на поединци или на група автори од земјата или од странство, за научна книга или дело објавено во 2023 година. Право на конкурирање имаат дела...

Академик Живко Попов е нов претседател на МАНУ

Живко Попов е новоизбраниот претседател на Собранието на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). На денешната седница беше формиран новиот состав на Претседателство на МАНУ за периодот од 2024 до 2027 година, а мандатот на досегашното Претседателство предводено од Љупчо Коцарев завршува на 31 декември оваа година. За потпретседател е избран Алајдин Абази, а за секретар е избран Блажо Боев. Останатите...

НАСА покажа слики од материја собрана од астероид, содржи јаглен и вода

НАСА ги покажа првите слики од примерокот од астероидот Бену кој беше собран од вселенското летало Осирис-Рекс и кој пристигна на земјата во септември. Испитувањата се сѐ уште во рани фази, но иницијалните откритија се ветувачки во однос на тоа колку нови сознанија ќе може да извлечат. Астероидот стар 4,5 милијарди години беше одбран за испитување, бидејќи се смета дека...

НАкС и СОНК: Колективниот договор е најдоброто системско и сеопфатно решение

Покачување на платите на наставниот кадар во просек за 40 отсто и на ненаставниот кадар во просек од 15 до 50 отсто во последната една и пол година, како и континуиран пораст на платите, се дел од најважните права за кои Независниот академски синдикат (НАкС) и Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) рекоа дека се избориле со Колективниот...

Нов род пеперутки именувани според негативецот Саурон од „Господар на прстените“

Британски научници именуваа нова група пеперутки според негативецот Саурон од романите „Господар на прстените“ (Lord of The Rings) на Џон Роналд Руел Толкин, јавува Би-би-си. Експертите го избрале името Саурона поради црните прстени на портокаловите крилја на пеперутките, кои ги потсеќале на „окото што гледа сè“ опишано во книгите на Џ.Р.Р. Толкин. Природнонаучниот музеј во Лондон се надева дека необичното именување...

Проф. Ќуштеревска: Никој не може да го оспори мојот успех само затоа што сум жена

Според некои од последните податоци на Обединетите нации, само една третина, односно 33,3 отсто од научниците во светот и само 12 проценти од членовите во националните научни академии, се жени. Но, според податоци на УНЕСКО од 2019 година, Македонија е лидер во Европа според уделот на жените-истражувачи во вкупниот број истражувачи во земјата, со 52,3 отсто од сите истражувачи...

Василеска: Илјадници научници работат за што поскоро да се добие првата плазма во ИТЕР

Минатата година, нуклеарната физичарка Ивона Василеска од Струга, дојде до откритие што може да ја поевтини струјата за цела Европа. Во време кога континентот се соочува со енергетска криза, поразговаравме со неа за тоа колку овој изум може да придонесе во ублажување на кризата, но и во функционирањето на долг рок на големиот фузиски реактор ИТЕР во Франција. Младата...

Буџетот на МОН догодина ќе „тежи“ 450 милиони евра

Касата на Министерството за образование и наука (МОН) догодина ќе брои над 450 милиони евра кои се предвидени за финансирање и развој на образованието и науката. Како што соопштија од ова министерство, предвидениот буџет е зголемен за 8,4 отсто во однос на средствата што оваа институција ги потроши годинава. Министерот за образование и наука Јетон Шаќири на денешната прес-конференција на...

Европа планира да одвои милијарди евра за активности во вселената

Европските министри за истражување денеска и утре се на средба во Париз за да се договорат околу издвојување на буџет од 18,5 милијарди евра потребни за понатамошни активности во вселената. Според Би-би-си, на агенда на вселенските истражувачи се мисии на Месечината и Марс, како и лансирање на сателити за набљудување на временските услови и шифрирање на глобалните комуникации. Предложениот буџет за...

Научниците идентификуваа нов вид був, предлагаат да се класифицира како критично загрозен

Нов вид був, којшто се огласува со невообичаени звуци, нешто налик на „стрижењето“ на штурците, е идентификуван на Принсипе, мал остров во Атлантскиот Океан во близина на Западна Африка. Принсипе, инаку, се смета за дом на повеќе видови птици што ги нема на друго место, известува „Вашингтон Пост“. Научниците новооткриениот був го опишаа во списанието „ZooKeys“ и го нарекоа „Otus...

НАСА: Новите снимки на телескопот Веб кон инфрацрвеното небо ветуваат нови научни откритија

Според изгледот од последната фотографија од најсофистицираниот телескоп на НАСА, Џејмс Веб, сите четири главни инструменти се совршено усогласени и подговтвени за опсервирањето што ќе започне во јуни. Научниците на НАСА претставуваат зголемен приказ на фотографијата снимена од најстудениот инструмент, средно-инфрацрвениот или познат под името МИРИ. Тестирачката слика зумирана до 7,7 микрони покажува дел од сателитската галаксија, Големиот Магеланов облак. Оваа...

ФСС ФЕИТ в сабота организира научен настан за промовирање на актуелни технологии

Факултетското студентско собрание при Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФСС ФЕИТ) в сабота, 07.05.2022 година, организира еднодневен, отворен настан за промовирање на актуелни технологии и запознавање на студентите со нив, насловен TECH@FEIT. Настанот ќе започне во 10 часот и ќе се одржува во Амфитеатарот на ФЕИТ. Концептот на годинашното прво издание на TECH@FEIT е составен од низа на предавања преку...

[Видео] Оптичките перформанси на Џејмс Веб ќе ги надминат очекувањата, тест-фотографија најавува големи откритија

По комплетирањето на последните чекори за подредување на огледалата на најсофистицираниот телескоп некогаш изграден и пуштен во вселената, експертскиот тим на НАСА кој стои зад мисијата на Џејмс Веб очекува неговиот оптички перформанс да ги надмине научните цели за кои првобитно е направен. https://youtu.be/MiGx8xv6xjE На 11-ти март, тимот ги заврши и последните чекори од клучната фазата позната како „фино фазирање“ која...

Една година од слетувањето на роверот „Истрајност“ на Марс, што постигна оваа мисија досега?

Марс
Денеска е годишнината од денот на успешното пристигнување на познатиот ровер на НАСА, „Истрајност“ (NASA's Perseverance Mars Rover) на Црвената планета. Неговата главна мисија е да ги истражува трагите за постоење на микробиолошки живот преку собирање примероци на почва и карпи, коишто на Земјата ќе бидат донесени за истражување. По неговото тргнување на 30 јули 2020 година и успешното слетување...

Иако половиот јаз во науката и истражувањата се намалува, тој е сè уште присутен

Науката и иновациите се од витално значење за економскиот раст и справувањето со општествените предизвици. Сепак, значителниот јаз помеѓу половите во науката и технологијата опстојува низ годините, но ситуацијата последниве години се подобрува, барем во С Македонија. Меѓународниот ден на жените и девојките во науката секоја година се одбележува на 11 февруари, откако за првпат беше воспоставен во 2015 година...

Ѓоргиевска: Жените се недоволно вклучени во науката

По повод Меѓународниот ден на жените и девојките во науката што се одбележува на 11 февруари, на иницијатива на сопругата на претседателот на Република Северна Македонија, Елизабета Ѓоргиевска, се одржа панел дискусија за улогата, застапеноста и видливоста на жените во науката. На панел дискусијата учествуваа жени научнички од земјава, а Ѓоргиевска истакна дека родовата еднаквост и дисбалансот сè уште се...

Џејмс Веб успешно ја помина и втората мисија – пристигна до точката Лагранж 2

Најмоќниот и најсофистицираниот телескоп некогаш создаден, Џејмс Веб вчера успешно пристигна и на неговата финална дестинација, точката Лагранж 2 на 1,5 милиони километри од Земјата, пишува Гардијан. По лансирањето во вселената на 25 декември, неговата прва мисија беше да ги расклопи сите свои панели со огледала додека е на позицијата Л1, а втората и крајна пред да започне со својата...

АНКЕТА: Младите не се запознаени со можностите што ги нуди ЕУ за финансирање научни проекти

Најголем број од младите во земјава, вклучувајќи ги студентите и постдипломците, не се запознаени со можностите кои им се нудат за развивање на проекти и нивно профилирање во областа на науката и научната дејност. Според Извештајот за следење на напредокот на Македонија кон ЕУ за 2021 година, државата направила минимален и лимитиран напредок во полето на наука и истражување....

„Наука за деца“ до 20 октомври очекува едноминутни видеа од најмладите на тема наука

„Наука за деца“ објави повик до најмладите од земјава за изработка на едноминутни видеа на македонски јазик на тема наука. Тие бараат да се направи видео во кое на кул начин ќе се објасни некој научен концепт (закон, правило или експеримент), по што едноминутното видео треба да се објави на било која социјална мрежа со хаштаг #НаукаЗаДеца до 20...

Пропаганда за украинските деца депортирани во Русија одекна од европратеникот Де Грааф

Наспроти изнесеното во неговиот говор, украинските деца се депортирани во Русија и Комитетот на ОН ја обвинува за злоупотреба на правата на украинските деца. Од почетокот на воената инвазија,...