fbpx
Таг: нацрт-амандмани

таг: нацрт-амандмани

Изгласани сите нацрт-амандмани за промена на Уставот, следува јавна расправа

Пратениците во Собранието по тридневна расправа ги усвоија четирите нацрт-амандмани за промена на Уставот согласно Договорот од Преспа помеѓу Македонија и Грција. Утре според најавите, би требало да почне јавната расправа за четирите нацрт амандмани за која се предвидени пет дена, по што Владата ќе треба да ги формулира предлозите за амандманите и да ги врати на усвојување. На текстот на...

Усвоен и третиот нацрт-амандман за уставни измени

Собранието со 64 гласови „за“, 14 „против“ и 2 „воздржани“ го изгласа текстот на третиот нацрт-амандман за промена на Уставот предвиден со Договорот од Преспа со кој се предвидува Републиката да го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ потенцираа дека Македонија нема територијални претензии спрема ниту една држава, и затоа е непотребно тоа...

Изгласани два нацрт-амандмани за промена на Уставот, денеска продолжува расправата

Во Собранието на Република Македонија денеска продолжува расправата по двата преостанати нацрт-амандмани за уставните измени, согласно Договорот од Преспа. Синоќа пратениците со 65 гласа „за“, 18 „против“ и 8 воздржани го усвоија нацрт-амандманот со кој одлуките на АСНОМ се заменуваат со Прогласот од АСНОМ и се вметнува Охридскиот рамковен договор. Претходно, пратениците со 67 гласа „за“ го усвоија и нацрт-амандман,...

Комисијата за уставни измени ги усвои сите нацрт-амандмани за промена на Уставот

Комисијата за уставни прашања викендов го усвои и четвртиот нацрт амандман со што заврши расправата по нацрт-амандманите на Уставот согласно Договорот од Преспа, помеѓу Македонија и Грција. Пленарната седница на која ќе се разгледуваат нацрт-амандните е закажана за 1 декември 2018 година. Расправата по амандманите во Комисијата почна на 7 ноември и беше предвидено да трае 12 дена, односно по...

На 1 декември пленарна седница за нацрт-амандманите за промена на Уставот

Седницата за нацрт-амандманите за промена на Уставот согласно Договорот од Преспа, кои Владата ги објави денеска, ќе се одржи на 1 декември. В среда, пак, на 7 ноември, нацрт-амандманите ќе се најдат пред пратениците на Комисијата за уставни прашања. Според Деловникот, претресот во матичните комисии може да трае најмногу три работни дена по текстот на нацртот на секој амандман одделно. Собранието...

Нацрт-амандманите за промена на Уставот до петок ќе се достават во Собранието

Нацрт-амандманите за измена на Уставот на Република Македонија, согласно договорот од Преспа, во Собранието треба да стигнат до крајот на неделата. Во нив ќе бидат инкорпорирани и барањата на осумтемина пратеници од опозицијата, кои дадоа поддршка на отпочнувањето на процесот за уставни измени. Претседателот на Собранието, Талат Џафери, вчера рече дека пратениците од опозицијата кои дале поддршка за уставните измени,...

Нема решение за повеќе од 75 oтсто од вработените постари од 46 години во јавните претпријатија

Во земјава се регистрирани 159 јавни претпријатија кои се формирани од различни нивоа на власт, Собранието, Владата, општините и град Скопје. Најголем број, 143, се основани од град Скопје...