fbpx
Таг: национални телевизии

таг: национални телевизии

Речиси третина од граѓаните не гледаат телевизија, „Сител“ и во третиот квартал најгледан ТВ канал

Македонските граѓани сè помалку време минуваат пред телевизиските екрани, покажува Кварталниот извештај на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) за периодот јули-септември 2020 година. Дури 30,7 отсто од анкетираните лица одговориле негативно на прашањето „Дали вчера во текот на денот гледавте телевизија?“. Интересно е дека овој податок се однесува за периодот во кој се одвиваше предизборната кампања...

Сител имал најголеми приходи, Алфа била најпрофитна телевизија лани, МРТ останува проблем (инфографик)

Вкупните приходи на македонските радио и телевизиски станици во 2019 година изнесувале околу 39,5 милиони евра, покажува Анализата на пазарот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2019 година. Од нив, најголем дел од приходите биле остварени од комерцијалните телевизии што емитуваат програма на национално ниво, како и од Македонската радио-телевизија како јавен радиодифузен сервис. Приходите на МРТ лани биле...

Турски серии и политички дебатни емисии – новата телевизиска сезона по стара шема

Речиси три четвртини или 72,6 проценти од граѓаните гледаат телевизија, покажуваат податоците на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за уделот во вкупната гледаност на телевизиските станици за вториот квартал од 2020 година. И покрај тоа што извештајот се однесува на периодот од почетокот на пандемијата, кој беше одбележан со долги полициски часови, а граѓаните во главно беа...

Пред изборите и за време на короната најгледани телевизии биле „Сител“, „Канал 5“ и „МТВ 1“

Трите домашни телевизиски канали „Сител“, „Канал 5“ и „МТВ 1“ биле најгледаните радиодифузери за време на епидемијата со корона вирусот во земјава, како и во периодот пред одржувањето на парламентарните избори, покажува Кварталниот извештај на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) со податоците за досегот на радиостаниците и уделот во вкупната гледаност на телевизиите во вториот квартал...

Српските телевизии за власта известуваат позитивно, за бојкотот на изборите негативно

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот, односно од БиХ на север, до...

Регионалните и локалните телевизии од денеска во штрајк – и тие бараат помош од владата

Регионалните и локалните телевизиски станици кои емитуваат програма преку оператори на електронска комуникациска мрежа, а се членки на здружението „Медиум објектив“, од денеска стапуваат во штрајк со едночасовен прекин на програма во периодот од 19 до 20 часот. Штрајкот ќе трае секојдневно, а во позадината на црниот екран ќе биде испишан текст: „ШТРАЈК поради нееднаков третман на Владата на...

Новинарската заедница реагира: Фондот за поддршка на медиумите мириса на корупција

Новинарските организации и кабелските оператори се вознемирени од владината најава за формирање фонд за помош на медиумите поради кризата со корона-вирусот, бидејќи таквата мерка може да влијае врз независноста на медиумите. Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) во принцип се против јавни пари во медиумите, особено ако тоа се прави...

„Сител“, „Канал 5“ и „МТВ 1“ најгледани, граѓаните пред телевизор најмногу следат вести

Најголем дел од македонските граѓани редовно гледаат телевизија, при што најмногу внимание посветуваат на следењето вести и информативна програма на телевизиските канали. Во првиот квартал од 2020 година, најгледани домашни телевизиски канали биле „Сител“, „Канал 5“ и „МТВ 1“, се наведува во Кварталниот извештај на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) со податоци за досегот на радиостаниците...

Медиумите објективно и непристрасно известувале во предизборието, покажува мониторингот на ААВМУ

Националните телевизиски и радио програми објективно и непристрасно известувале во предизборниот период од 17 февруари до 16 март, покажува Извештајот од медиумското известување за предвремени парламентарни избори на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ). Во предизборниот мониторинг биле вклучени МРТ 1, МРТ 2 Програма на албански јазик, Алсат-М, Алфа, Канал 5, Сител, Телма, ТВ 21-М, 24 Вести...

ААВМУ досега не регистрирала прекршувања на Изборниот законик при мониторингот на медиумите

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) на 17 февруари го започна предизборниот мониторинг на медиумите и во изминатиов период не констатирала прекршувања на Изборниот законик, се наведува во четвртиот неделен извештај што ААВМУ го достави до Државната изборна комисија (ДИК). Следењето на работата на медиумите ќе продолжи во претстојниот период, за што ААВМУ од владата доби 5.277.000...

Четири телевизии ја тужат ДИК, незадоволни од цената за платено политичко рекламирање

Алсат-М, Канал 5, Сител и Телма поднесоа тужба за поведување на управен спор против Државната изборна комисија (ДИК) пред Управниот суд поради одлуката за утврдување на просечно постигнатата цена и најниската цена за платено политичко рекламирање за последните пет изборни циклуси. Македонските национални телевизии се незадоволни од цената по која ќе треба да ги емитуваат предизборните реклами на партиите...

Пратениците ги усвоија измените во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Со 68 гласови „за“, пратениците вчера ги усвоија предложените измени во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Станува збор за осми по ред измени на овој закон од неговото донесување во 2013 година. Во изгласаниот член 1, на телекомските оператори им се овозможува да ги емитуваат домашните и странските телевизиски канали на начин и под услови регулирани со...

Јавните пари во медиумите ја убија новинарската критика (инфографик)

Државата повторно станува еден од најголемите огласувачи во медиумите, со што се отвара можност политичките партии да влијаат на начинот на известување на новинарите. Од 2015 година, кога под притисок на новинарските здруженија и на меѓународниот фактор, владата на Груевски беше принудена да прогласи мораториум на владиното рекламирање, последните две години количеството на јавни пари во медиуми во разни...

Приватните телевизии на Пендаровски му пренесоа дека се задоволни од измените во Законот за АВМУ

Претседателот Стево Пендаровски денеска се сретна со делегација на Македонската медиумска асоцијација на приватни национални телевизии, информираат од неговиот кабинет. Поводот за остварената средба се предложените измени во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, со кои се регулира начинот на реемитување на програмските сервиси на домашните и странските радиодифузери од страна на операторите. Претставниците на националните телевизии на претседателот Пендаровски...

Операторите и националните ТВ на Пендаровски ќе му ги кажат несогласувањата околу измените на Законот за АВМУ

Осмите по ред измени на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денес се најдоа на дневен ред на Комисијата за транспорт, врски и екологија во Собранието. Со измените се регулира начинот на реемитување на програмските сервиси на домашните и странските радиодифузери од страна на операторите. Законските измени всушност овозможуваат операторите да ги емитуваат телевизиските канали на начин и...

„Сител“, „Канал 5“ и „Телма“ лани биле најгледани, граѓаните најмногу следеле вести

Македонските граѓани на телевизиските канали лани најмногу гледале вести и информативна програма, при што „Сител“, „Канал 5“ и „Телма“ се трите најгледани телевизии во 2019 година, покажува Годишниот извештај на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) со податоци за досегот на радиостаниците и уделот во вкупната гледаност на телевизиските станици. Дури 32,1 отсто од испитаниците одговориле дека на...

Виси на конец судбината на повеќе од 1.800 вработени во грчките телевизии

Повеќе од 1.800 новинари, техничари и вработени во грчките телевизии може да останат на улица поради новите измени во грчкиот телевизиски простор. Судбината на телевизиите што не успеаја да обезбедат национални телевизиски концесии, виси во воздух и илјадници новинари не знаат што ќе се случува со нив откако ќе поминат трите месеци неопходни за да се спроведат промените по завршувањето на...

Марш за видливост на трансродовите лица утре пред Влада

Граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица „ТрансФормА“ соопшти дека во пресрет на 31 март, Меѓународниот ден за видливост на трансродовите лица, утре со почеток...