fbpx
Таг: национални интереси

таг: национални интереси

ВМРО-ДПМНЕ: Заев со несериозниот пристап ги урива позициите во спорот со името

Зоран Заев за реномирани меѓународни медиуми изјавува дека е подготвен за одредени отстапки во однос на грчките барања за менување на Уставот, а потоа владата се обидува да го корегира и да ги појасни неговите позиции, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата додаваат дека „Заев со несериозниот пристап ги урива позициите на Македонија во спорот и нанесува огромна штета на националните...

ВМРО-ДПМНЕ: Молчењето на Заев отвора сомнеж за распродавање на државата

Нетранспаретноста на Заев во целиот процес на преговори и неговото молчење во однос на навредите кон Македонија упатени од страна на Божидар Димитров, директор на бугарскиот Национален историски институт, дека исполнувањето на договорот ќе значи крај за македонизмот и дека македонскиот јазик е бугарски дијалект, отвора сомнеж дека Заев ги распродава македонските национални и државни интереси, порача ВМРО-ДПМНЕ денеска. Партијата...

ВМРО-ДМПНЕ: СДСМ не може да ги плаќа своите долгови со националните и со државните интереси

„Ако СДС некому нешто должи, нека се раздолжи со парите на криминогеното раководство на СДС. Не може своите долгови СДС да ги плаќа со националните и ос државните интереси на Македонија“, порача ВМРО-ДПМНЕ денеска во соопштението насочено кон политичкиот противник, Социјалдемократски сојуз на Македонија. „Народот на 11 декември не гласаше за бинационална држава. Народот не гласаше за двојазичност, за менување...

Г.г. Стефан: Тешко ги договараме работите од национален и државен интерес

Поглаварот на Македонската православна црква - Охридска aрхиепископија, г.г. Стефан, по служењето на архиерејската литургија во црквата „Пресвета Богородица“ во Тетово, по повод празникот Источен Петок, во својата беседа повика на обединување на македонскиот народ и на заштита на државните интереси. - Ние, но особено други забележале дека сме добродушен, кроток, гостопримлив народ. За други сме подготвени да дадеме сè...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е решен фактурата да си ја плати со распродажба на државните интереси

„Ветувањата и обврските на криминалецот Заев и на злосторничкото здружение во врвот на СДС кон нарко-мафијашките структури што им помагаа на избори се нивен проблем, а не проблем на народот“, се вели во редовното утринско соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. Во него се додава дека „долговите што криминалецот Заев ги има заради барањето поткуп и незаконскиот обрт на стотици милиони евра преку фирмите на...

ВМРО-ДПМНЕ: Само народот на избори одлучува во каква земја сака да живее

„Само народот на Република Македонија може да одлучува во каква земја сака да живее, дали сака суверена и унитарна Македонија која се гордее со мултиетничноста или федерализирана, бинационална држава“, се вели во редовното утринско соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата нагласуваат дека „ваквата одлука народот ја носи на избори, а не со подметнати постизборни платформи изготвени и потпишани во туѓи држави.“ „Јавноста...

Груевски се појави во Собрание, СДСМ обвини дека Мијалков влегол и во бизнисот со нафта

Во многу сличен дух на тоа што се случуваше минатата седмица, и на денешното, шесто продолжение на конститутивната седница на Собранието, повторно се слушаа обвинувањата за намерно блокирање на работата на Собранието, за работење против државата и за македонските национални интереси. Во првиот дел се појави и лидерот на ВМРО-ДПМЕ и пратеник Никола Груевски, првпат по 30 декември лани, кој...

ВМРО-ДПМНЕ: Еди Рама продолжи со омаловажување на македонскиот народ

„Поигрувањето и тргувањето со највисоките државни и национални интереси ги подгрева апетитите на разни структури кои не ѝ мислат добро на Македонија. Вчера бевме сведоци како вандали се дрзнаа да го симнат државното знаме, сред бел ден, во центарот на Куманово, на неколку стотини метри од местото каде што Заев и Спасовски се сликаа неколку часа откако македонските бранители...

Затуроска: Заев остави простор поединци да го негираат идентитетот и да се закануваат

Со одбивањето да ја отфрли тиранската платформа, аболираниот криминалец Зоран Заев ја отвори Пандорината кутија за редефинирање на Македонија, изјави на прес-конференција Лилјана Затуроска од ВМРО-ДПМНЕ. Таа додаде дека на тој начин Заев оставил можност „поединци или групи сè поотворено да го негираат македонскиот идентитет и да испраќаат закани кон Македонија, искажувајќи територијални претензии“. - Албанската пратеничка Месила Дода е последна...

ВМРО-ДПМНЕ: Заев мора да се откаже од претворање на Македонија во бинационална држава

„Со конфузните и контрадикторни ставови што ги изнесе Зоран Заев, тој не ја отфрли тиранската платформа, туку, напротив, најави дебатирање по нејзините точки. Ова само го потврдува сомнежот дека Зоран Заев, за да добие власт, ги погазил националните и државни интереси и ја прифатил реализацијата на тиранската платформа под превезот на дебатирање, консултирање на партиски експерти и слично“, порача ВМРО-ДПМНЕ денеска. „СДСМ...

Пелагониски земјоделци блокираат патишта поради платформата на Албанците

Пелагониските земјоделци од реонот на Могила бараат партиите на Албанците да се откажат од заедничката платформа како услов за формирање на нова влада. Четириесетина земјоделци со трактори и со приклучна механизација денеска ја блокираа крстосницата на магистралниот пат Битола - Прилеп, која води кон селата Могила и Црно Буки, за да го искажат својот револт кон заедничката платформа на Албанците. Според организаторот...

СНС Македониум: Тодор Петров е портпарол и активист во сенка на ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на Светскиот македонски конгрес (СМК), Тодор Петров, наместо да ги застапува националните интереси, стана портпарол и активист во сенка на ВМРО-ДПМНЕ, вели за „Мета“ заменик-претседателот на новоформираниот Семакедонски национален совет - Македониум, Никола Ставрески. Тој вели дека Семакедонскиот национален совет - Македониум е национална и непартиска организација, а разликата меѓу нив и СМК е што тие работат тимски и...

Јункер: Популизмот не решава, туку отвора проблеми

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, денеска порача дека иднината на Европската Унија не е загрозена по одлуката на Велика Британија да ја напушти Унијата и апелираше до Лондон што е можно побргу да ја почне процедурата за излегување, јавуваат светските агенции. Јункер во својот годишен говор за состојбата на Унијата пред Европскиот парламент во Стразбур, истакнал дека ЕУ ја...

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...