fbpx
Таг: национален парк

таг: национален парк

На Шара мора да се зачуваат природата и традициите и да се развива еко туризам

Заштита на природата, биодиверзитетот и пејсажите, развој на планинските села и на еко туризмот, поттикнување на традиционалните активности на локалното население и транзиција во раководењето со шумите и пасиштата, се главните активности кои ќе треба да ги содржи идниот План за управување со националниот парк „Шар Планина“. На настанот кој денеска беше организиран од Регионалната канцеларија за Источна Европа...

Да се јакне брендот Шара и да се развива еко-туризмот, локалното население задоволно што ќе има нов национален парк

Над 80 отсто од жителите на Тетово и Гостивар, како и на 38 села на Шар Планина и сега и во 2016 година сметаат дека планината треба да стане национален парк. Свесноста на населението дека Шара треба да се заштити бележи раст, а особено се однесува на дрвјата, шумите и живиот свет. Жителите од овој регион, над 80 отсто, сметаат...

Законот за прогласување на дел од Шар Планина за Национален парк оди на усвојување во Собранието

Владата го утврди конечниот текст на предлог-законот за прогласување на дел од Шар Планина за Национален парк и донесе заклучок да биде доставен на усвојување во Собранието. „Како што веќе беше објавено, основната цел на ова законско решение е прогласување на дел од Шар Планина за заштитено подрачје од втора категорија - Национален парк, заради обезбедување на заштита на исклучителните...

„Еко Свест“ и МЕД бараат Владата да ги раскине сите концесии за мали хидроцентрали на Шар Планина

Владата да ги прекине сите постапки за доделување концесии за мали хидроелектрани и да ги раскине договорите за доделени концесии за мали хидроелектрани чија изградба сè уште не е започната на територијата на Шар Планина, бараат граѓанските организации „Еко Свест“ и Македонско еколошко друштво (МЕД). Во писмо, упатено до Владата и премиерот Зоран Заев, граѓанските активисти посочуваат дека малите хидроцентрали...

МЖСПП: Продолжува директната комуникација со засегнатите страни за предлог-закон за Шар Планина

По истекувањето на рокот за писмени и усни забелешки за Нацрт-законот за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк, Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) соопшти оти сега се анализираат коментарите од јавноста, а ќе има и нова серија директни средби со засегнатите страни заради ревизија и усогласување на предлогот. „На барање на министерот Нуредини, експертскиот...

Екологистите бараат ревизија на законот и заштита на Шара од нови мали хидроцентрали

Граѓански организации бараат од Министерството за животна средина да направи ревизија на законот за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк, бидејќи, како што велат, предложениот не нуди заштита од негативното влијание на малите хидроцентрали. Екологисти од 44 здруженија и иницијативи, со заеднички став, побараа и од министерот Насер Нуредини во меѓувреме, додека траат администратиувните процедури, да...

Фронт 21/42 бараат да нема нови мали хидроцентрали на Шара

Невладината организација Фронт 21/42 смета дека Предлог-законот за прогласување на Шар Планина за национален парк е спротивен на еден од клучните приоритети од програмата на Владата за забрана на изградба на мали хидроцентрали во заштитени подрачја и национални паркови. Екологистите сметаат дека основната цел на законот треба да е заштита на природата, а не нејзино зонирање за реализација на...

Јавната расправа за Шар Планина ќе се одржи на 5 ноември на платформата ZOOM

Јавната расправа за Нацрт-законот за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк ќе се одвива онлајн, а само мал дел од консултациите со локалното население ќе се одржат со директни средби на терен во мали групи. Министерството за животна средина и просторно планирање денеска информираше дека закажаните четири јавни расправи што требаше да се одржат во општините...

Шар Планина не смее да биде заштитена само на хартија, апелираат граѓанските организации

Концесиите за малите хидроелектрани, нелегалната сеча на дрвја, криволовот и насилната урбанизација се меѓу најголемите опасности кои ја демнат Шар Планина. Додека трае процесот за прогласување на дел од планината за национален парк и во очекување на јавните расправи меѓу локалното население, екологистите и институциите, јавноста сè погласно апелира дека заштитата на Шара не смее да остане само на...

Одложени јавните расправи во Полошкиот регион за прогласување на Шара за национален парк

Министерството за животна средина и просторно планирање ги одлага јавните расправи по Нацрт - Законот за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк, кои беа закажани за 13, 14 и 15 октомври во Тетово, Гостивар, село Неготино и село Теарце. Од ова министерство на нивната Фејсбук страница објаснуваат дека одлагањето на јавните расправи е поради сериозното зголемување на...

Прогласувањето на Шара за национален парк на јавна расправа во Тетово, Гостивар, Теарце и Врапчиште

Јавните расправи за Нацрт законот за прогласување на дел од Шар Планина за заштитено подрачје во категорија II- Национален парк, започнуваат идната недела и ќе се одржат во Општините Тетово, Гостивар, Теарце и Врапчиште. Жителите, граѓанските организации и институциите од овие локални самоуправи ќе треба да ги дадат своите сугестии и забелешки за нацрт законот и другите документи со...

Прогласувањето на Шара за национален парк е во заложништво на концесиите за мали хидроцентрали

Заробување на малите реки и осудување на смрт на целиот биодиверзитет во околината е последицата од огромниот број на концесии за мали хидроцентрали кои ниту од далеку немаат сериозен придонес кон енергетската слика во земјава. Граѓанските организации апелираат Владата, ако треба и на своја штета, да ги раскине договорите за мали хидроцентрали кои се издадени, но не се изградени...

Почна подготовката на Нацрт-Законот за прогласување на Шар Планина за Национален парк

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) соопшти дека е почната постапката за изработка на Нацрт - Закон за прогласување на дел од Шар Планина за заштитено подрачје во категорија II - Национален парк. Ќе се одржуваат и јавни расправи со засегнатите страни - граѓанските здруженија, локалното население и бизнисмените. Прогласувањето за Шар Планина за Национален парк долго време...

Почнува јавната кампања за прогласување на Шар Планина за национален парк

Центарот за едукација и развој (ЦЕД) во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) и Програмата за животна средина на ОН (УНЕП) започнуваат со имплементација на јавната кампања за прогласување на Шар Планина за национален парк. „Кампањата на терен ќе се спроведува со директно вклучување, информирање и консултирање на локалното население, приватните бизниси и сите засегнати страни...

Нуредини: Нема назад, Шар планина ќе стане национален парк

Дали со одлуката на Владата да го прифати предлогот на Министерството за животна средина за прогласување на Шар Планина за национален парк конечно заврши со децении долгиот нерешен статус на заштита на еден од најубавите предели во нашата земја? Со министерот за животна средина Насер Нуредини разговаравме по седницата на Владата за тоа кога Шара и официјално ќе стане...

Шар Планина ќе биде еден од најголемите национални паркови во Европа

Одлуката на Владата да го прифати предлогот на Министерството за животна средина за Шар Планина е првиот важен чекор за прогласувањето на Шар Планина за национален парк, кое ќе значи заштита на природата без нанесување штети на локалното население и развој на локалитетите според европските стандарди, рече Насер Нуредини, министер за животна средина и просторно планирање на денешната прес...

Од Национални шуми тврдат дека на Шара се сече плански, но дека можеби има и дрвокрадци

Тврдам дека она што е на сликите од исечените стебла на Шар планина кои деновиве беа објавени се трупци кои се исечени и обработени од страна на екипи на Национални Шуми - категоричен е во изјавата за „Мета.мк“ Зоран Ѓорѓиев, директор на ЈП Национални Шуми во врска со информациите и снимките на огромни количества исечена шума од пределот на...

„Левица“ ја обвинува власта за соучесништво во дрвокрадењето, Заев апелира да се пријави криминалот

Шар Планина со години е заглавена во лавиринтите за прогласување национален парк, додека јавноста секојдневно обзнанува нови докази за масовна и неконтролирана сеча, се вели во писмената реакција на партијата „Левица“, упатена до јавноста откако на социјалните мрежи осамнаа свежи снимки од уништена шума и огромни количества исечени дрва во најубавите предели на Шар Планина. „Нашите природни богатства се касапат...

Националниот парк „Маврово“ објави фотографија од рис, „уловен“ со фотозамка

Националниот парк „Маврово“ објави фотографија од рис направена со помош на т.н. „фотозамки“, во рамките на проектот за закрепнување на балканскиот рис кој се реализира во соработка со Македонско еколошко друштво. Во врска со заштитата на балканскиот рис на подрачјето на Националниот парк „Маврово" лани беше направен акциски план кој ќе се спроведува до крај на 2020 година. Главната цел на...

Прирачник за борба против малите ХЕЦ и за спас на македонските реки од „Фронт 21/42“ и „Еко-свест“

„Инспирирајте се од приказната за Националниот Парк Маврово и зачувајте ги последните диви и слободни реки во Европа!“ Ова е пораката која екологистите собрани околу иницијативата за спас на најстариот национален парк во Македонија – НП Маврово од изградба на хидроцентрали во заштитените подрачја со ретка природна убавина, „Фронт 21/42“, „Еко-свест“, како и германските фондации „Еко-воч“ и „Еуронатур“ им...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...