fbpx
Таг: натпревар

таг: натпревар

Учениците Кирил и Кристијан од Ресен по вторпат се национални победници на Европскиот квиз на парите

Учениците Кирил Китевски и Кристијан Лазароски од СОУ „Цар Самоил“ од Ресен, под менторство на професорката Дијана Ѓоргиевска се победници на националниот натпревар за Европскиот квиз на парите. Настанот е во организација на Македонската банкарска асоцијација (МБА), со поддршка на Народната банка и Комисијата за хартии од вредност и се одржа по шести пат, за време на Глобалната недела...

Европејците со здружени сили во развојот на вештачката интелигенција

Германија, Франција и Италија сакаат да соработуваат поблиску во вештачката интелигенција на начин што Европа ќе може поефикасно да се натпреварува со САД и Кина, пишува германската новинска агенција ДПА.  Министрите за економија на трите најголеми економии во ЕУ - Роберт Хабек, Бруно Лемер и Адолфо Урсо - во Рим вчера предупредија на силната регулација на вештачката интелигенција во рамките...

Македонската Е-Спорт Федерација ги објави гејмерите кои одат на натпревар во Романија

Македонска Е-Спорт Федерација МЕСФ скриншот од видео презентација
Македонската Е-Спорт Федерација ги објави имињата на нашите гејмери што ќе одат на натпревар во видео игри во романскиот град Јаши.  Натпреварувањата ќе бидат во игрите Кантерстрајк (CS: GO), Текен 7(Tekken 7) и еФудбал (eFootball™). Од Федерацијата подготвија и видео со информации и претставување со фотографии на играчите на нивната Facebook страница: Во Кантерстрајк (CS: GO) ќе се натпреварува тимот составен...

Студенти од ФЕИТ победија на светското финале во процесирање сигнали

Тимот „Neuro FEEIT“, составен од студенти на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје освои прво место на светското финале за процесирање сигнали – IEEE SP Cup 2023. Финалето на натпреварот се одржало на 5 мај во Родос, Грција, во рамки на најголемата светска конференција од областа на процесирање на сигнали. Тимот...

Ученици од 11 технички училишта учеа за микропроцесорските системи и се натпреваруваа

Средношколци и професори од 11 технички училишта од Македонија, изминативе два дена учествуваа на специјализирана едукативна практична работилница „Развојни микропроцесорски системи“. Оваа работилница, по четврти пат, ја организираат ФЕИТ-ФАБЛАБ и компанијата Логинг Електроникс во рамки на нивниот партнерски проект „Технологија за тебе“. Продеканот за настава на ФЕИТ, Соња Геговска-Зајкова ги поздрави учесниците на работилницата, мотивирајќи ги да продолжат со образование на...

Утревечер почнува Евровизија, првпат по 20 години Македонија без свој претставник

Годинешниот избор за песна на Евровизија започнува утревечер, а ќе се одржи во Ливерпул Арената во Обединетото Кралство. За првпат по дваесет години, Македонија нема свој претставник на ова големо музичко натпреварување, откако Македонската радио-телевизија (МРТ) соопшти оти нема да учествува поради енергетската криза и скратените финансии. По минатогодишната победа на украинскиот Калуш Оркестар, Украина требаше да биде домаќин на...

Меѓународниот натпревар „РобоМак 2023“ со фокус на дигитализацијата и вештачката интелигенција

На Факултетот за електротехника и информатички технологии (ФЕИТ) денес започна 11-то издание на меѓународниот натпревар за роботика, електроника, автоматика и вештачка интелигенција - РобоМак 2023. Деканот на факултетот, Димитар Ташковски, ги поттикна студентите да го користат своето теоретско знаење во пракса, преку вакви настани. „Како ФЕИТ секогаш сме насочени кон тоа наученото знаење да се примени во пракса уште во студентски...

„ХалкЕко Скопје трча 10 км“ се одржа по седми пат

Денеска по седми пат се одржа „ХалкЕко Скопје трча 10 км“, трка која се здоби со сертификат од Светска атлетика и АИМС. Околу 1.500 натпреварувачи ја почнаа трката од фонтаната „Лотос“ и на истото место ја завршија оваа десеткилометарска трка. „ХалкЕко Скопје трча 10км“ е во организација на Сојузот на спортови на Скопје, ко-организатори се Триатлон федерација на Македонија и...

Започнаа „Деновите на електротехника“ во Скопје – натпревар по физика за ученици од целата земја

Во средното училиште „Михајло Пупин“ во Скопје од денеска се одржува манифестацијата „Денови на електротехника“ со која целта е да се промовираат електротехничката струка и средното стручно образование. Ова скопско училиште во следниве неколку денови ќе биде домаќин на натпревар меѓу ученици од 22 средни училишта од целата држава кои ќе ги измерат своите знаења по предметот физика. Вкупно 66...

Победник на фото-натпревар ја одби наградата оти делото го направил со помош на вештачка интелигенција

Добитникот на голема награда за фотографија одби да ја прими својата награда откако откри дека неговото дело е всушност изработено со вештачка интелигенција. Делото на германскиот уметник Борис Елдагсен, насловено како „Псевдомнезија: Електричарот“ (Pseudomnesia: The Electrician) победи во креативната категорија на минатонеделните светски награди за фотографија на „Сони“ (Sony World Photography Awards), јавува „Гардијан“. Победничката црно-бела фотографија прикажува две жени од...

На ФЕИТ денеска започна натпреварот по роботика за средношколците

На Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) денеска почна третиот натпревар по роботика и електроника ROBOMAC Junior 2022 наменет за средношколци. Настанот ќе трае до 2 декември, а организатори се ФЕИТ во соработка со Лабораторијата за производство ФЕИТ-ФабЛаб и студентскиот огранок на IEEE. Натпреварот се одржува во просториите на ФЕИТ и на него учествуваат 54 ученици од четврта година...

Почнува Европскиот филмски предизвик, кој го носи победникот на Берлинскиот филмски фестивал

Трета година по ред во земјава се организира Европскиот филмски предизвик (European Film Challenge) кој трае од 21 ноември до 29 јануари, и во кој најпосветениот гледач на европски филмови ќе биде награден со патување на реномираниот филмски фестивал во Берлин. Предизвикот е во тек на 10 недели да се погледнат 10 европски кинематографски остварувања на фестивали, во кино сали,...

Инженерски натпревар во две категории за студентите на УКИМ

Организацијата БЕСТ Скопје го најавува Инженерскиот натпревар – ИН 2022, преку кој студентите на УКИМ ќе може да ја покажат својата иновативност и креативност со решавање на реални проблеми и да се стекнат со нови вештини за подобрување на логичкото размислување. Натпреварот ќе се одржи во периодот од 12 до 19 декември и е поделен во две категории – Студија...

Средношколци креираа иновативни решенија за намалување на загадувањето на воздухот

Учениците од средните училишта се способни и спремни да бидат носители на промени во општеството преку своите иновативни решенија за различни општествени проблеми и предизвици, беше заклучокот од Bootcamp-от на UPSHIFT програмата. Во рамките на програмата, од 2 до 4 ноември во Струга се одржа тридневен настан-UPSHIFT Bootcamp за развој и поддршка на социјални иновации поврзани со воздухот, каде...

Денес започнува хакатонот „NASA Space Apps Challenge“

Денес во Скопје по 10-ти пат започнува одржувањето на хакатонот „NASA Space Apps Challenge“ што ќе донесе можност за двајца учесници од победничкиот тим да патуваат во посета на NASA Kennedy Space центарот, во Флорида, САД заедно со нивниот ментор. Официјалното отворање ќе започне денес во 12:00 часот во „Нетвил“ со бесплатна подготвителна работилница за поттикнување на работа во тим,...

Бугарските медиуми протоколарно го најавуваат вечерашниот фудбалски дуел во Скопје

Вечерашниот фудбалски меч од Лигата на нациите меѓу Северна Македонија и Бугарија (машки) во главните бугарски медиуми за вечерва се најавува главно протоколарно, без разлика на проблемите меѓу двете држави актуелизирани во последниве 4 години поради придвижување на проширувањето на ЕУ и почетокот на преговорите. Според јавниот радиодифузен сервис Бугарска национална телевизија, потоа според бТВ, главната приватна телевизија со национална...

Холивудската ѕвезда Том Харди победи во шампионат во бразилско Џиу Џицу

Филмската ѕвезда Том Харди победи на Отвореното првенство „Бразилиан Џиу Џитцу“ кое се одржа изминатиот викенд, пренесе Си-ен-ен. 45-годишниот англиски актер  ги шокираше сите кога се појави на РЕОРГ (REORG) опен џиу џицу минатиот месец и го однесе златниот медал во категоријата. Харди сега повторно изненади на турнирот во Милтон Кејнс и доминираше над своите противници. На фотографијата која е објавена на...

Се бара онлајн поддршка за младата научничка Ема Донев на Breakthrough Junior Challenge

Младата научничка Ема Донев (14) е единствена натпреварувачка од континентална Европа која има можност да ја освои престижната награда „Breakthrough Junior Challenge”. Оваа награда се доделува во рамки на годишен натпревар кој го стимулира креативното размислување за науката, а кој е наменет за средношколци на возраст од 13 до 18 години. Една од задачите е да се пријават со...

Ланските победници на NASA Space Apps Challenge од земјава беа во посета на НАСА

Минатогодишните победници на NASA Space Apps Challenge од Македонија се во посета на Вселенскиот центар „Кенеди“ на НАСА (NASA Kennedy Space Center) во САД. Дипломците по мехатроника на Машинскиот факултет во Скопје,- Тијана Костовска и Климент Младеноски од Охрид, го предводеа минатогодишниот победнички тим од Македонија TeamySeed и веќе една седмица се во центарот на вселенските мисии во Флорида Тијана...

Годинава „Манаки“ ќе се фокусира на пионерската работа на кинематограферите

Оваа година во периодот од 20 до 27 август ќе се одржи 43. издание на Интернационалниот фестивал за филмска камера „Браќа Манаки“, во Битола. На денешната прес-конференција која се одржа во хотел „Парк“, директорот Симеон Мони Дамевски најави дека годинава симбол на „Браќа Манаки“ ќе биде Ентони Дод Ментл, кој се смета за пионер на дигиталната камера и е...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...