fbpx
Таг: НАТО

таг: НАТО

Борисов: Ставот на Бугарија за евроатланските интеграции на Македонија е непроменет

Бугарскиот премиер Бојко Борисов ја потврди поддршката за Македонија во евроатланските интеграции. Одговарајќи на прашање на поранешниот министер за надворешни работи, Кристијан Вегенин, Борисов истакна дека политиката на бугарската влада кон Македонија останува непроменета. - Изразивме подготвеност да учествуваме во разговорите и да понудиме експертска помош за конкретни работи поврзани со нашето искуство од процесот на интегрирање во ЕУ и...

Столтенберг: Ситуацијата во Источна Украина сè уште е ризична

Постои мало подобрување на ситуацијата на истокот на Украина, но и понатаму постојат ризици, оцени генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во интервју за германскиот весник „Велт“. Според Столтенберг, на територијата на Источна Украина сè уште се забележуваат руски војници кои ги поддржуваат сепаратистите, но оти е намален бројот на инциденти во реонот на Донбас.

НАТО доби поддршка од ОН за обука на силите во Авганистан

Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) го поддржа новиот договор според кој НАТО ќе ги обучува и ќе им помага на меѓународните сили за безбедност во Авганистан, пренесуваат медиумите. Резолуцијата за ова прашање е едногласно усвоена и во неа се нагласува дека новата мисија е од значење за стабизизација на состојбите во Авганистан. Судирите во Авганистан се засилија последните неколку...

Јолевски: НАТО нема побарано распоредување ракетен штит во Македонија

Северно-атлантската алијанса досега не побарала од Македонија на нејзина територија да бидат распоредени инсталации за рекетни штитови, изјави министерот за одбрана, Зоран Јолевски, во интервју за „Радио Скопје“. - Досега нема никакви барања од НАТО за разместување инсталации на ракетни штитови на територијата на Република Македонија. Битно е тука да се истакне дека Република Македонија својата иднина ја гледа како...

Атина по инцидентот на Венизелос: САД уште не ни простија за ветото во Букурешт

Скандалот со отсуството на Евангелос Венизелос на министерскиот состанок на НАТО поради заведувањето на Македонија под уставното име, предизвика „бум“ кај грчките медиуми и крена многу прав. Одлуката Македонија да биде потпишана под уставно име во Заедничката декларација на состанокот за одлуките во врска со ИСИС, за грчкиот печат се еднакви на дипломатски скандал. Според медиумите, ова е фаул на...

Станишев: Одговорната власт треба да почне преговори со опозицијата

Добрососедските односи меѓу Бугарија и Македонија се прашање на политичка волја од двете страни, рече заменик-претседателот на Заедничкиот комитет за парламентарна соработка ЕУ-Република Македонија, Сергеј Станишев, на вчерашниот состанок на Комитетот во Стразбур, пренесе бугарски „Крос“. - Бугарија е првата земја што ја призна Македонија, секогаш сме го поддржувале нејзиното пристапување кон Европска Унија и кон НАТО. Како премиер, побарав...

Шефот на германската дипломатија е против влезот на Украина во НАТО

Германскиот министер за надворешни работи, Франк-Валтер Штајнмајер, е против влезот на Украина во НАТО. Во разговорот за германскиот весник „Шпигел“, Штајнмајер вели дека е „можно НАТО да има партнерски однос со Украина, но не врз база на членство“. Штајнмајер, исто така, не е реално да се очекува оти Украина во блиска иднина ќе се приклучи кон Европска Унија. Според, шефот на...

Каркабасис: Единствениот начин да се спречи дестабилизација на Балканот е негово интегрирање во ЕУ

Првиот човек на Академијата за дипломати на грчкото Министерство за надворешни работи, амбасадорот Пантелис Каркабкасис, смета дека Европска Унија мора да продолжи со напорите за интеграција на државите од Западен Балкан во европското семејство. Поранешниот грчки амбасадор истакна дека е во интерес на Грција и на Европа целиот Западен Балкан да стане неразделив дел од ЕУ и од НАТО. Каркабасис...

Авганистан: Расте бројот на загинатите во нападот на одбојкарскиот натпревар

Бројот на жртвите во вчерашниот самоубиствен напад на одбојкарски натпревар на истокот во Авганистан се зголеми на 57, откако 15 ранети во текот на ноќта им подлегнаа на раните, јавија авганистанските власти, додавајќи дека мета на нападот била локалната полиција. Портпаролот на Националната дирекција за безбедност, Хасеб Седики, соопшти дека зад нападот стои екстремистичката исламска милитантна мрежа Хакани. - Имаме докази...

САД и НАТО остануваат во Авганистан и по крајот на годинава

Авганистанскиот парламент денеска го усвои договорот со САД и со НАТО со кој на меѓународните сили ќе им биде овозможено да останат во Авганистан и по крајот на оваа година, пренесуваат амерканските медиуми. Меѓународната воена мисија во Авганистан почна во 2001 година и требаше да заврши на крајот на оваа година. Со новиот договор, кој беше ратификуван од авганистанскиот парламент, САД...

Трајанов на годишната сесија на ПС на НАТО во Хаг

Пратеникот Павле Трајанов, во својство на член на делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на НАТО, од 21 до 24 ноември, учествува на годишната сесија на ПС на НАТО што се одржува во Хаг, Кралство Холандија. Во текот на сесијата, комитетите и собранието ќе разгледаат и усвојат неколку извештаи и резолуции поврзани со ситуацијата во Украина, хуманитарната...

Генерал Патрик де Русиер во посета на Македонија

Од денеска во дводневна посета на Македонија ќе престојува претседавачот на Воениот комитет на ЕУ, генерал Патрик де Русиер. Генерал Русиер ќе биде пречекан со високи воени почести и ќе има средби со началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески, и со министерот за одбрана, Зоран Јолевски. За утре се планирани средби со претседателот Ѓорге Иванов и со министерот...

Попоски: Македонија по 16. пат ќе аплицира за членство во НАТО

На денешната трибина за плановите на Македонија за членство во Северноатланската алијанса по самитот во Велика Британија, министерот за надворешни работи, Никола Попоски, рече дека на крајот од месецов Македонија ќе аплицира по 16. пат за членство. - Тоа е преседан. Ниту една држава досега не аплицирала за членство во НАТО 16 години по ред - истакнува Попоски. Министерот за надворешни работи смета...

Повеќе од 81 процент од Македонците сакаат членство во НАТО

Повеќе од 81 процент од Македонците сакаат членство во НАТО, а само 19 проценти се против интеграцијата на земјата во Северноатлантската алијанса, покажа анкетата спроведена од Факултетот за безбедност - Скопје пред одржувањето на Самитот на НАТО во Велика Британија за мислењето на граѓаните за безбедноста и за безбедносните закани за државата. Со испитувањето биле опфатени 1.167 граѓани во 37 општини во...

Иванов: Македонија останува посветена на патот кон НАТО

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска оствари средба со претседавачот на Воениот комитет на НАТО, генерал Кнуд Бартелс. На средбата беа разменети мислења и информации во однос на македонските евроатлантски интеграции, учеството на АРМ во мировните мисии предводени од НАТО, како и за унапредувањето и за продлабочувањето на натамошната соработка на Република Македонија со Северноатлантската алијанса. Претседателот Иванов изрази...

Котески: АРМ ќе учествува во новата мировна мисија на НАТО во Авганистан

Армијата на Република Македонија (АРМ) својата соработка и лојалноста кон НАТО ја искажува, меѓу другото, и со извршувањето на мировните операции кои се предводени од алијансата, изјави денеска началникот на Генералштабот на АРМ, Горанчо Котески, по средбата со претседавачот на Воениот комитет (ВК) на НАТО, генерал Кнуд Бартелс, пренесува „Утрински весник“. - Во однос на понатамошната поддршка на нивните операции,...

Претседавачот на Воениот комитет на НАТО во посета на Македонија

Претседавачот на Воениот комитет на НАТО, генерал Кнуд Бартелс, ќе престојува во дводневна официјална посета на Македонија. Тој, по средбите во Генералштабот на Армијата на Македонија, денеска ќе биде примен од министерот за одбрана, Зоран Јолевски.

Руските авиони ја тестираат одбраната на НАТО

Руските бомбардери изведуваат летови во европскиот воздушен простор за да го тестираат одговорот на НАТО и очигледно симулираат борбени услови, оцени Игор Сутијагин од Кралскиот институт за oбединети служби. Според Сутијагин, изостанувањето на комуникацијата меѓу руските пилоти и контролата за летање е „непријателски“ и „борбен“ чин. НАТО соопшти дека неделава е забележан „невообичаен“ зголемен број на такви летови. Тензиите меѓу Русија...

НАТО го вклучи алармот: Руски авиони стигнале во Европа

Четири групи руски авиони изминативе два дена го нарушиле меѓународниот воздушен простор во близина на границата со Европска Унија, реагираат од НАТО. - Се работи за невообичаено ниво на активност околу европскиот воздушен простор - наведено е во соопштението од штабот на алијансата во Монс, Белгија. Оттаму тврдат дека групите биле составени од стартегиски бомбардери, ловци и од авиони за снабдување со гориво. НАТО овие...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...