fbpx
Таг: НАТО

таг: НАТО

Ахмети бара веродостојни избори

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и заменикот помошник на државниот секретар за европски и за евроазиски прашања на САД, Брајан Хојт Ји, кој е во дводневна посета на Македонија, разговарале за самитот на НАТО што треба да се одржи на 5 јуни годинава, како и за имлементацијата на Договорот од Пржино. - Овие избори мора да бидат веродостојни и не треба да бидат...

Тачи по средбата со Хојт Ји: Треба да ги исполниме условите од Договорот од Пржино

„Од моја страна имаше скепса дека уште не е ништо направено за да се подобрат условите. Ние како ДПА ќе продолжиме да даваме конструктивен придонес во овој процес. Многу работи во овој процес не ми се допаѓаат, но мислам дека тоа не е толку важно бидејќи ние сме стриктно ориентирани дека Македонија треба да стане членка на НАТО и...

Колку добивaме ние, толку добива и НАТО од нашето членство во Алијансата, смета Попоски

Колку добива Македонија, толку добива и НАТО од членството на нашата земја во Алијансата. Како што соопштија од Министерството за надворешни работи, ова е главниот заклучок од дискусијата на министерот за надворешни работи, Никола Попоски, во рамки на Конференцијата за безбедност што се одржа денеска во Будимпешта. Како што пишува во соопштението на Министерството, Попоски констатирал дека во поглед на регионалната...

НАТО го усогласи планот за акција во Егејско Море

Членките на НАТО постигнаа договор за ангажирање бродови во Егејско Море за да им помогнат на Турција и на Грција во мисијата против шверцерските мрежи кои криумчарат бегалци во Европа, соопшти денеска генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг. Претставниците на Алијансата синоќа на состанокот во Брисел се согласиле за начинот на работење на бродовите, кои беа пратени во Егејско Море на почетокот од февруари,...

Попоски на конференција за предизвиците на НАТО во Будимпешта

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, денеска ќе учествува на безбедносна конференција посветена на задачите и на предизвиците на НАТО во пресрет на самитот на Алијансата во Варшава, што ќе се одржи во Будимпешта, Република Унгарија. Во фокусот на конференцијата ќе бидат актуелните безбедносни предизвици со кои се соочува Евроатлантскиот Регион во пресрет на Самитот на НАТО во Варшава и...

Тачи: Македонија да остане на патот кон Европа и НАТО

ДПА ќе продолжи да дава придонес во овие критични моменти Македонија да не го напушти патот кон Европа и НАТО, изјавил лидерот на ДПА, Мендух Тачи, по средбата со тројцата европратеници, Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан. - Жал ми е што и пред европратениците и пред јавноста денеска уште еднаш се потврди мојата скептичност од пред осум месеци...

ЕУ бара да запре приливот на бегалци и да се заштитат надворешните граници

Брзо запирање на приливот на бегалците, заштита на надворешните граници на ЕУ, намалување на илегалната миграција и заштита на интегритетот на шенген-зоната се мерките што Унијата ќе ги преземе како одговор на бегалската криза со која се соочува, стои во заклучоците на Европскиот совет. Меѓу другите заклучоци, објавени денеска на веб-страницата на Европскиот совет, по првиот ден од самитот на европските лидери...

Црна Гора ги почнува пристапните преговори со НАТО

Црна Гора денеска го почнува пристапните преговори со НАТО и подготвена е за тој процес, изјави во интервјуто за црногорската државна телевизија министерката за одбрана, Милица Пејановиќ-Џуршиќ. Преговорите најверојатно ќе траат до април, а важен дел од процесот е тоа што сите 28 членки на Алијансата мора да ја ратификуваат спогодбата за пристап, што би можело да биде завршено најдоцна во...

Иванов: Во иднина ќе се занимаваме со безбедносниот аспект на мигрантската криза

„Безбедносниот аспект на бегалската кризата е она што во идните години ќе нè преокупира. Многу од борците во Исламска држава веќе го користат бегалскиот бран за да ги напуштат боиштата и да се протнат меѓу бегалците. Тоа сега го отвора прашањето како службите ќе соработуваат, како ќе ги наоѓаат тие лица и како ќе се справуваат“, рече денеска претседателот...

Медведев: На повидок е нова студена војна

Рускиот премиер Дмитриј Медведев денеска на Минхенската безбедносна конференција изјави дека Русија и Западот се движат кон период на нова студена војна. - Европските политичари поверуваа дека создавајќи еден вид појас од пријатели на границите на ЕУ, ќе имаат гаранција за безбедност. Каков е резултатот? Не појас од пријатели, туку појас на изолирање - истакна Медведев, додавајќи дека се создава една непријателска...

НАТО сака да се вклучи во коалицијата против ИД

НАТО ја разгледува можноста да се приклучи на коалицијата на чело со САД која се бори против Исламска држава во Сирија и во Ирак, изјави американскиот министер за одбрана, Ештон Картер. - Благодарение на водството на шефот на НАТО, Јенс Столтенберг, ние ја разгледуваме можноста НАТО да се приклучи на коалицијата како нејзин член – рече Картер по состанокот во Брисел. Коалицијата...

Столтенберг: Зајакнување на НАТО-силите на истокот на Европа

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека се очекува министрите за одбрана да ги одобрат плановите за зајакнување на своите сили на источниот блок на Алијансата. Столтенберг на прес-конференција во пресрет на дводневниот состанок на министрите за одбрана рече дека со зајакнувањето на силите во Полска и во другите членки во близина на Руската Федерација, ќе биде „испратен јасен...

Средба на министрите за одбрана на НАТО-членките

Министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО денеска и утре во Брисел ќе разгледаат планови за засилување на военото присуство на Алијансата во Источна Европа. За време на средбата ќе се дискутира и за засилување на моќта на НАТО на Медитеранот, зголемување на расходите за одбрана, кибер-заштита и за одговор на хибридни закани. Ќе се одржи и нова седница на комисијата Грузија...

Јолевски: Заслужуваме да бидеме дел од НАТО

За време на посетата на Вашингтон, САД, македонскиот министер за одбрана, Зоран Јолевски, се сретна со Целесте Валандер, специјален советник на претседателот Барак Обама и директор во Советот за безбедност на САД, а во Стејт Департмент со Хојт Ји, заменик помошник секретар за Европа и за Евроазија. Министерство за одбрана на Македонија соопшти дека на одвоените средби Јолевски и соговорниците размениле мислења за интеграцијата на...

Столтенберг: Руските напади во Сирија ги минираат мировните преговори

Руските воздушни напади во Сирија, на чија мета се претежно опозициските групи во Сирија, ги „минираат напорите за мирно решавање“ на конфликтот, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. - Исто така, зајакнувањето на руското присуство, нејзините акции од воздух во Сирија влијаат на порастот на тензиите и на кршењето на турскиот воздушен простор – рече Столтенберг на состанокот...

Јолевски во САД побарал на Македонија да ѝ се даде покана за членство во НАТО

Министерот за одбрана, Зоран Јолевски, денеска присуствуваше на тркалезната маса што се одржа во Комитетот за вооружени сили во Сенатот на САД. Говорници на настанот биле сенатори, конгресмени и претставници од Југоисточна Европа. Како што информираат од Министерството за одбрана, Јолевски истакнал дека интеграцијата на земјите од регионот во НАТО и во Европската унија ќе придонесе за понатамошно зајакнување на земјите од...

Ахмети: Избори во април зашто во јуни се рамазанските пости

Али Ахмети рече дека ДУИ стои на ставот дека предвремените парламентарни избори треба да се одржат на 24 април затоа што во јуни се рамазанските пости, во јули - самитот на НАТО во Полска, а се очекува и зголемен прилив на мигранти. - Без институционална организација, не може да ги изменаџираме овие ситуации. Имаме проблем со името и за членството...

САД бараат помош од НАТО за борбата против ИД

Генералниот секретар на Северноатлантската алијанса, Јенс Столтенберг, соопшти дека САД побарале од НАТО помош во борбата против Исламска држава. Столтенберг прецизираше дека Вашингтон побара извиднички авиони „авакс“. - Добивме барање од САД да обезбедиме поддршка на напорите на коалицијата и да им помогнеме со извиднички авиони „авакс“. Сега го разгледуваме барањето – соопшти Столтенберг на прес-конференција.

Столтенберг ги осуди нуклеарната проба и заканувачката реторика на Пјонгјанг

Јанс Столтенберг, генералниот секретар на НАТО, во изјава за нуклеарната проба на Северна Кореја вели дека ја поткопува регионалната и меѓународната безбедност, како и дека ги нарушува резолуциите на Советот за безбедност на ОН. – Го осудувам продолжувањето на разработувањето нуклеарно оружје и балистички ракетни програми на Северна Кореја, како и заканувачката реторика на Пјонгјанг. Ја повикувам Северна Кореја да...

НАТО категорично демантира – не сме закана за Русија

НАТО денеска категорично ги отфрли обвиненијата на Русија дека активностите и проширувањето на Алијансата претставуваат закана за руската сигурност. Портпаролката на НАТО, Оана Лугеску, изјави дека Алијансата ја проучува новата руска безбедносна доктрина, која е усвоена минатата недела. - Категорично ги отфрламе неоснованите обвиненија дека политиката на НАТО претставува закана за безбедноста на Москва – изјави Лугенск. Во новиот руски документ, кој...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...