fbpx
Таг: НАТО

таг: НАТО

НАТО не е најголемата закана за светот и не е причина за војната во Украина

Станува збор за повторувачки про-Кремљ дезинформациски наратив за војната во Украина. Од почетокот на воената инвазија Русија излегува со различни лажни објаснувања и изговори за својата агресија. Во објавата е монтиран дел од цитатот на генералниот секретар на НАТО, Столтенберг, преземен од неговиот говор на заедничкиот состанок на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, кој се одржа на...

Нема војници на Бундесверот во Украина, ниту пак, има германски тенковски екипажи

Во неделата на 24 септември, германското Министерство за одбрана ја демантираше информацијата што ја пренесоа руските државни медиуми дека наводно е уништен германски тенк Леопард со екипаж од Бундесверот во воената зона во Украина. Покрај ова, општо е познато дека западните земји внимаваат да не испраќаат свој персонал во Украина заедно со военатa помош поради што и се организираат...

Петровска-Тагарев: Соработката во одбраната меѓу С. Македонија и Бугарија е каква што им доликува на две земји членки на НАТО

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во Ново Село, Бугарија ќе ги посети припадниците на Армијата на Република Северна Македонија кои се дел од мултинационалните сили на НАТО. Во пресрет на посетата на македонскиот контингент, министерката Петровска разговараше со министерот за одбрана на Бугарија, Тодор Тагарев по што истакна дека соработката помеѓу Северна Македонија и Бугарија е исклучително значајна и...

Мит е дека Русија е во војна со „антирелигиозната“ западна цивилизација

Не може да се тврди, како што е тоа случај во објавата, дека антирелигиозната цивилизација, односно Западот, се борела против Русија. Русија сака да се наметне и да се претстави како главен светски бранител на традиционалното и религиското, а тоа можеше да се забележи и во говорот на Путин на два дена пред годишнината од руската агресија, кој уште...

Одлуката за војна или мир во Украина не била во рацете на НАТО и Америка

Тоа што Путин испратил барање до НАТО да не се проширува кое било одбиено, односно таков драфт договор не бил потпишан од страна на НАТО, не ја префрла воената одговорност врз НАТО.  Столтенберг, наспроти изнесеното во објавата, не признава дека НАТО можел да ја спречи војната со ставање крај на проширувањето, туку во видеото кажува дека тоа е неприфатливо,...

Петровска: Транспарентноста и вистината се најдобар одговор на дезинформациите

Најдобриот одговор за справување со дезинформациите се транспарентноста и вистината, изјави министерката за одбрана Славјанка Петровска која денеска учествуваше на панел-дискусија посветена на штетното влијание на дезинформациите и начините за справување со лажните наративи. Настанот го организираше НВО Нексус – граѓански концепт, под покровителство на НАТО Девизијата за јавна дипломатија. „Дезинформациските текови во Западен Балкан укажуваат на поврзаноста меѓу странските...

Столтенберг: Германија мора да ги зголеми трошоците за одбрана како во Студената војна

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг го засили притисокот врз Германија да ги зголеми трошоците за одбрана во услови на тековната руска војна во Украина, пишува германската новинска агенција ДПА. „За време на Студената војна, кога владееја Конрад Аденауер или Вили Брант, трошоците за одбрана беа помеѓу 3 и 4 отсто од економското производство“, рече Столтенберг, во интервјуто објавено во...

НАТО не е во војна со Русија, Алијансата само ѝ пружа поддршка на Украина

Русија не е во војна со НАТО, па оттука не може ниту да се констатира дека Русија го победила НАТО. НАТО ја осудува руската брутална и непровоцирана воена агресија кон Украина, која е независна и демократска држава и близок НАТО партнер. НАТО не испраќа директно оружје во Украина, туку тоа го прават земјите-членки индивидуално и тоа е наведено на...

Кју Анон пропаганда за сатанизација на НАТО и ЕУ

Две тези во оваа објава, онаа за „сатанското НАТО“ и онаа за „педофилската ЕУ“ премногу асоцираат на дезинформациите и пропагандата која се шири од Кремљ, a која му е посветена на Западот во обид да се оправда агресивната руска воена инвазија на Украина. Постојат минати обиди овие конспиративни заедници, кои промовираат тези комбинирани меѓу пропагандата од Кремљ и пропагандата од...

Германија нуди база на НАТО за седиштето на Балтичкото море

Германија му ја нуди на НАТО својата способност да управува со поморските сили од регионалниот поморски штаб на Балтичкото море, изјави во неделата вицеадмиралот Јан Кристијан Каак, пишува германската новинска агенција ДПА. Каак истакна дека персоналот наменет за таа цел веќе бил задолжен за поморските маневри „Северните брегови“, голема вежба за обука во која учествуваат 3.000 лица од 14 земји...

Америка не ѝ ветила на Русија дека НАТО нема да се проширува

Нема договор потпишан од САД, Европа и Русија дека НАТО нема да се проширува. Идејата дека НАТО ќе се прошири подалеку од Германија не беше на агендата во 1989 година, затоа што постоеше Варшавскиот пакт. Ова е потврдено од Михаил Горбачов во интервју во 2014 година, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:     Рецензираме објава на социјалната...

Адмиралот Бауер од денеска во посета на Северна Македонија

Претседавачот на Воениот комитет на НАТО, адмиралот Роб Бауер од денеска е во официјална посета на Северна Македонија и на Армијата на Северна Македонија. Официјалната посета, адмиралот Бауер ќе ја отпочне утре во Генералштабот на Армијата и Министерството за одбрана каде ќе оствари средби со началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и министерката за одбрана Славјанка Петровска. За време на...

Дезинформација е дека на Криволак се користи муниција со осиромашен ураниум

Тврдењето дека на Криволак се изведуваат вежби со осиромашен ураниум кој е канцероген е непроверено и непоткрепено со ниеден факт. Станува збор за тенденциозна шпекулација преку која се проектира теорија на заговор и создава неоснован страв кај јавноста. Министерството за одбрана демантира дека на Криволак се користи осиромашен ураниум. Оттаму посочуваат дека се вршат мерења на квалитетот на воздухот...

Армијата доби 120 нови подофицери и 150 професионални војници

Во касарната „Алексо Дамниевски Бауман“ во Велес, денеска се одржа свечена промоција на 120 подофицери и свечена заклетва на 150 професионални војници. Армиските припадници од редовите на професионалните војници поминаа тримесечна обука за подофицери во Командата за обука и доктрини, а денеска го добија првиот подофицерски чин. Министерката Славјанка Петровска на новите подофицери им порача дека секој кој што пристапува...

Русија ја започна војната во Украина и нејзина е одговорноста за цивилните жртви

Околу 13.000 луѓе беа убиени, од кои една четвртина цивили, а околу 30.000 беа ранети во војната во источна Украина од избувнувањето во април 2014 година до 2019 година. Дополнително, од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година, заклучно со 13 август 2023 година, потврдени се вкупно 9.444 смртни случаи на цивили. Бројот на жртви...

НАТО директно не испраќа оружје во Украина, а во Словенија веќе испрати помош поради поплавите

Наспроти тврдењето во објавата, НАТО директно не испраќа оружје во Украина. Оружје и помош праќаат земјите-членки индивидуално, како и други земји кои не се членки на НАТО и тоа е јасно нагласено на веб-страницата на НАТО, а го има посочено и генералниот секретар Столтенберг. Не е вистина ниту тврдењето дека НАТО не испратил помош во Словенија која беше погодена...

Манипулативна објава на Фејсбук по секоја цена ја правда руската инвазија врз Украина

Целата објава изобилува со руски наративи и манипулации кои имаат за цел да шират пропаганда и да ја оправдаат руската воена агресија врз Украина. Украинците не се со испрани мозоци како што се тврди во објавата, туку тие се обидуваат на секој начин да ја одбранат својата земја од Русија. Русија е таа која ја почна војната, а западните...

Не е точно дека Русите во Покровск бомбардирале ресторан во кој се собирал персонал на НАТО

Според она што е официјално објавено, во рускиот ракетен напад на Покровск загинале цивилни лица, а не странски платеници и персонал на НАТО, како што се тврди во оваа објава на Фејсбук. Во нападот биле погодени две станбени згради и еден хотел. Персонал на НАТО не може да се најде во Украина од проста причина што НАТО не учествува...

НАТО не е поттикнувачот на војната во Украина

Не е точно дека НАТО поттикнува војна и дека има за цел да се бори против Русија преку грбот на украинските граѓани. Таквиот наратив е дел од руската пропаганда, којашто сака да ја претстави Украина како вазал на западните држави, односно дека прифатила да војува против Русија и да ги жртвува своите граѓани за целите на НАТО. Русија е...

Петровска никогаш не изјавила дека ѝ објавува војна на Русија

Доколку Петровска некогаш кажала вакво нешто, за тоа ќе имаше записи на сите медиуми, како домашни така и странски. Но, такво нешто не може да се најде на интернет просторот, ниту во пишана, ниту во аудио или видео форма. Секако, во случај Петровска да изјавеше вакво нешто, за тоа ќе имаше соодветна реакција и од страната на којашто наводно...

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...