fbpx
Таг: НАТО

таг: НАТО

Столтенберг ги повика партиите и лидерите на конструктивност и одговорност

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на „Твитер“ напиша дека вратите на Алијансата остануваат отворени за Македонија, но дека сите национални процедури мораат претходно да се завршат. „Го поздравувам гласот „за“ на референдумот во Македонија, итно ги повикувам сите лидери и партии да се ангажираат конструктивно и одговорно за да ја зграпчат оваа историска прилика“, напиша Столтенберг на твитер.

Ахмети: Референдумот беше консултативен, има поважни прашања од предвремени избори

Денешниот ден е важен за сите граѓани, за институциите и за демократијата. Денеска демонстриравме демократија, процес за интеграција во НАТО, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по референдумот. – Овој процес значи реформи, затворање на прашањето со Грција, економски прогрес. Денес кажуваме дека Собранието треба да ја донесе одлуката за овој процес. И ние ќе гласаме за таа одлука. На...

Заев: Предвремени избори доколку ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува одлуката на граѓаните

Референдумот е највисоката демократска алатка. Гласот даден на референдум е конечен, а волјата на граѓаните мора да биде почитувана од сите. Во демократија одлуките се носат со гласање. Им честитам на сите граѓани, имавме успех за европска Македонија. Ова го изјави премиерот Зоран Заев по затварањето на гласачките места на денешниот референдум на кои граѓаните требаше да се изјаснат, „Дали...

Почна гласањето на референдумот, право на глас имаат 1.806.336 гласачи

Утринава започна гласањето на референдумот на кој, според одлуката донесена од страна на Собранието, прашањето на кое ќе се изјаснат граѓаните гласи: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО, со прифаќање на договорот на Република Македонија и Република Грција?“. Гласањето се одвива непречено, освен со неколкуминутно задоцнување на три гласачки места во Прилеп и едно во Чучер Сандево заради...

Почна молкот пред референдумот, право на глас имаат 1.806.336 гласачи

На полноќ заврши јавната кампања и започна 48-часовниот молк пред референдумот што ќе се одржи задутре, недела, 30 септември. Според одлуката донесена од страна на Собранието на Република Македонија, прашањето за референдумот ќе гласи: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО, со прифаќање на договорот на Република Македонија и Република Грција?“ Право на глас на плебисцитарното изјаснување в недела имаат...

НАТО-интеграција: Силни институции и вистински информации (Видео+инфографик)

video
Повеќе од 25 години членството во Северноатлантската договорна организација (НАТО) е деклариран врвен стратегиски приоритет на Република Македонија и на секоја нејзина влада. Собранието на 23 декември 1993 година, со консензус на сите парламентарни партии, ја донесе одлуката за членство, која имаше огромна поддршка од граѓаните. Досега никогаш сериозно не било оспорувано ниту учеството на трупи на АРМ во...

Османи од Брисел: Процесот е комплексен, но има ентузијазам

Македонија денеска во седиштето на Европската комисија формално го започна скрининг процесот, преку презентација на првото поглавје 23 - правосудство и фундаментални права. На почеток од работната средба, обраќања до претставниците на преговарачката структура и Комисијата, имаше заменик-претседателот на Владата, задолжен за европски прашања и главен преговарач и шеф на државната делегација за преговори, Бујар Османи. - Нам ни е јасно дека...

Заев: Грција е втор најголем трговски партнер на Македонија, после Германија

Премиерот Зоран Заев, денеска во Гевгелија се сретна со стопанственици од Jугоисточниот регион на Македонија и од Грција и Бугарија, со кои разговараше за економските придобивки од членството на Македонија во ЕУ и НАТО и од воспоставеното пријателство со Грција преку постигнувањето на договорот во Преспа. - Овој регион е многу важен бидејќи партиципира сериозно во вкупниот БДП, трговската размена,...

Членството во НАТО е тест за македонскиот БДП (инфографик)

Какви економски придобивки можат да очекуваат македонските граѓани од евентуално зачленување на нашата земја во НАТО, колку пари потроши Македонија за модернизација на АРМ и воведување на НАТО-стандардите во изминативе години и колку ќе троши во иднина се прашања што заслужуваат внимание со оглед на тоа што на референдумот закажан на 30 септември ќе се одлучува за прифаќање на...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги правда криминалот и промената на името, со лажни заложби за ЕУ

На власт се политичари и нивни ученици, кои во 90 -те не убедуваа дека само да ја  прифатиме привремената референца ФИРОМ и државата ќе тргне на подобро, па да го смениме знамето, па Уставот, па да го прифатиме Рамковниот, па територијалната поделба, се прифативме и не само што не тргна на подобро, туку е полошо, се вели во соопштението на...

Од 16 години во мисии во странство, АРМ осум години била во врвот

Македонската армија не само што веќе 16 години учествува во операции надвор од територијата на државата, туку половина од својот експедициски стаж го минала како една од водечките земји според процентот на вооружени сили ангажирани во борберни операции надвор од својата територија, покажуваат податоците од  Канцеларијата за односи со јавност на Генералштабот на АРМ. АРМ своето експедициско искуство го почна...

Робертсон во Битола на трибина на „Излези ЗА европска Македонија“

Поранешниот генерален секретар на НАТО, Џорџ Робертсон, лидер на новоформираната неформална „Група Охрид“ за поддршка на Република Македонија за членство во НАТО и ЕУ, вечер ќе престојува во Битола каде ќе учествува на јавна трибина на тема „Излези ЗА Европска Македонија“. Британскиот политичар Робертсон, беше десеттиот генерален секретар на НАТО кој функцијата прв човек на НАТО ја вршеше во периодот...

Мас: Со референдумот на дофат ви е историска шанса

Се надевам дека сите Македонци на 30 септември ќе го искористат своето право и ќе гласаат на референдумот. На дофат е историска шанса да се реши спорот за името и да се отвори европската перспектива на Македонија. Одлуката е во рацете на граѓаните, истакна на заедничката прес-конференција министерот за надворешни работи на Германија Хајко Мас со неговиот домаќин шефот...

Заев – Данкан: Бојкотот на референдумот е бојкот на иднината на државата

Премиерот Зоран Заев на денешната средба со британскиот државен министер за Европа и Америка, Ален Данкан констатирале, како што соопштија од Владата, дека секоја поединечна одлука за бојкот на референдумот е бојкот на иднината на државата и на демократијата. Според Владата, Данкан го поддржал процесот на интеграции на Македонија и охрабри земјава да ги оствари стратешките цели, што е важно...

Џафери: Се наоѓаме пред историски момент од кој ќе зависи нашата иднина

Сите ние, и како граѓани, а и како политичари, сме пред еден историски момент, момент од кој зависи нашата сегашност, меѓутоа ќе зависи и нашата иднина, истакна претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери во обраќањето на денешната Конференција на тема „НАТО интеграцијата – предуслов за безбедност и развој“. – Не треба да потсетувам дека пред дваесет и седум...

Хан му порачал на Мицкоски дека не е време за играње политички игри

Изминатите неколку недели Скопје стана најпопуларната дестинација за политичарите од целиот свет. Ова е доказ дека многу се цени Договорот што го постигнавте со Грција. Во светот има многу конфликти, а ова е редок пример на решавање на таков конфликт, рече еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан на прес-конференција со премиерот Зоран Заев. -Референдумот е можност што се...

Шефот на германската дипломатија Мас во посета на Скопје

Министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Хајко Мас, денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Република Македонија на покана на министерот за надворешни работи, Никола Димитров. Како што соопшти МНР, Мас доаѓа во возвратна посета на Македонија по јунската средба со министерот Димитров во Берлин и на само 10 дена по историската посета на канцеларката Ангела...

Британскиот министер за Европа и Америка, Алан Данкан утре во Македонија

Внатрешно политичките состојби и реформската НАТО и ЕУ агенда во Република Македонија и подготвителните активности поврзани со успешна реализација на референдумот на 30 септември ќе бидат дел од темите за кои утре во Скопје ќе разговараат министерот за Европа и Америка во британскиот Форин Офис, Сер Алан Данкан и неговиот домаќин Никола Димитров. Сер Алан Данкан и Димитров, како што...

Иванов до Матис: Членството во НАТО и ЕУ остануваат стратешки цели и приоритети

Претседателот Ѓорге Иванов, денеска се сретна со секретарот за одбрана на САД, Џејмс Матис со кого разменил мислења за тековните политички случувања во Република Македонија, за евроатлантските перспективи на земјата и за билатералната соработка меѓу двете земји во областа на одбраната и безбедноста, соопшти кабинетот на Иванов. Македонскиот претседател истакнал дека пристапувањето во НАТО и ЕУ остануваат стратешки цели и...

Матис: Гласот на референдумот е најважниот глас во историјата на вашата нација

Претстојниот референдум е најважниот глас во историјата на вашата нација. На референдумот ќе одлучите за вашата иднина и во тоа ја имате поддршката од САД, рече американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев и министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Според него Договорот од Преспа ќе овозможи спроведување на клучните реформи во процесот на пристапување...

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...