fbpx
Таг: НАТО

таг: НАТО

Бомба во Ниш тешка еден тон од 1999 година отстранета од градилиште

Бомба од авион во градилиште во Ниш беше успешно отстранета од страна на српското Министерство за внатрешни работи (МУП), пренесува Радио Слободна Европа. Бомбата датира од 1999 година, од бомбардирањето на НАТО врз Сојузната Република Југославија. Бомбата е отстранета надвор од градот. На 1.300 граѓани кои беа евакуирани им е дозволено повторно да се вратат во своите домови. Станува збор за...

Членството во НАТО не ни ги загрозува ниту суверенитетот, ниту безбедноста

Тврдењето дека С. Македонија не е веќе суверена држава затоа што е членка на НАТО е во најмала рака бесмислено. Суверенитет на една држава не зависи од членство во сојузи. Впрочем, ако ова тврдење беше точно тогаш дали и останатите членки на НАТО не се суверени? Не е вистина ниту дека сме помалку безбедни отколку пред да станеме членка...

НАТО дискутира за формирање посебен фонд од 100 милијарди евра за Украина

Министрите на НАТО вчера во Брисел го разгледуваа предлогот на генералниот секретар Јенс Столтенберг за посебен фонд од 100 милијарди евра за долгорочна воена поддршка на Украина, објави германската новинска агенција ДПА. Столтенберг предложил „да се создаде плик со 100 милијарди евра за следните пет години“, рече белгискиот министер Хаџа Лахбиб пред почетокот на дводневниот состанок. „Ќе ја анализираме одржливоста на...

Анализи во ЕУ: Страв дека конфликтот во Украина може да ескалира во поширока европска војна

Шефовите на дипломатијата на НАТО заседаваат во Брисел со клучна анализа дека „Русија е најзначајната директна закана“ за Западот и дека Москва ги интензивира операциите на инфилтрација и дестабилизација во Босна и Херцеговина, Молдавија и Грузија, пишува шпанскиот весник „Паис“, во време кога во Западна Европа расте стравот дека украинско-рускиот конфликт може да се претвори во поширока европска војна. Во...

Гир: Не се точни тврдењата дека ЕУ не ја сака С. Македонија за нејзина членка

Не се точни тврдењата дека Европската Унија не ја сака Северна Македонија за членка на ЕУ, изјави денеска евроамбасадорот Дејвид Гир, на настанот со кој започна одбележувањето на деновите на НАТО во земјава, по повод четири години од членството на нашата земја во Алијансата. „Вообичаено е да се слушнат гласови на сирени кои велат дека оваа земја не може да...

Османи: Интеграцијата во НАТО и ЕУ е најдобар одговор на руските империјални амбиции, Украина е само прва станица

Членството на Северна Македонија во НАТО се реализираше во многу соодветен момент, пред почетокот на руската агресија во Украина. Земјава е фактор на стабилизација на регионот, но и поттик за земјите во нашето соседство, кои имаат волја и се подготвени да застанат зад заедничките евроатлантски вредности и цели. Ова денеска го истакна министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој го...

Четири години во НАТО: Светската безбедносна слика е доказ за исправноста на одлуките

На свечена седница, Владата на РСМ денеска ја одбележа четвртата годишнина од членството на земјава во НАТО. На седницата учествуваа членовите на Владата, а претседаваше техничкиот премиер Талат Џафери, кој истакна дека државата повеќе не сонува за оваа стратешка цел, туку активно придонесува и е ценет член на најмоќната одбранбена Алијанса во светот. „Гледајќи ги актуелните кризи во светот и...

Столтенберг: На Украинците не им недостига храброст, туку муниција

Земјите од НАТО не обезбедуваат доволно муниција на Украина и тоа има последици на бојното поле секој ден, предупреди денеска генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, пренесуваат светските агенции. „На Украинците не им недостига храброст, им недостига муниција“, рече Столтенберг на прес-конференција во Брисел. Тој додаде дека сојузниците на НАТО не ѝ даваат доволно муниција на Украина и тоа има последици: „Тоа...

Недолична објава повикува на насилство и ги сатанизира ЕУ и НАТО

Во манипулативна објава се пласира познатиот навредлив, непримерен, пропаганден наратив со кој се сатанизираат НАТО и ЕУ. Наспроти тврдењата во објавата, НАТО не е поврзана со религиозна војска, туку во Алијансата можат да пристапат војници без разлика на верската припадност. Вредностите за кои се залага ЕУ немаат никаква врска со легализација на педофилијата. Напротив, тоа е кривично дело во...

Шведска станува членка на НАТО, Русија најави контрамерки

Шведска и официјално ќе се приклучи во НАТО, откако Унгарија конечно, во понеделникот даде одобрение. Унгарија беше последната членка на западната алијанса што ја ратификуваше кандидатурата. Шведскиот премиер Улф Кристерсон во Вашингтон официјално ќе му ги предаде на шефот на американската дипломатија Ентони Блинкен документите за ратификација до кои земјата стигна по долги борби со одделни членки на Алијансата. Аналитичарите велат...

НАТО започнува големи воени вежби во Северна Европа

НАТО започнува големи воени вежби во Северна Европа, објави „Гардијан“. Вежбите започнуваат денеска и ќе траат речиси две недели, а целта е одбрана на својата новопроширена нордиска територија. Повеќе од 20.000 војници од 14 земји ќе учествуваат во вежбите предводени од Норвешка, во северните региони на Финска, Норвешка и Шведска, со учество на Финска како членка на НАТО за прв...

Москва не сака преспански јаболка, а бананите од Еквадор сепак ѝ биле повкусни од индиските

Ако притисокот на Русија не беше толку лесно воочлив во македонскиот случај со забраната за увоз на ресенски јаболка, оној со Еквадор е прилично јасен. Со вешто маневрирање на бизнис секторот, притисокот на еквадорското раководство успешно влијаеше да се премисли за понудата на САД за замена на старото советско оружје и хардвер со нови и софистицирани оружја, во спротивно...

Путин повторно предупреди на ризик од нуклеарна војна

Во своето годишно обраќање во рускиот парламент, рускиот претседател Владимир Путин ги уште еднаш предупреди Западот и НАТО дека доколку пратат свои војници во Украина постои вистински ризик за нуклеарна војна, потенцирајќи оти Русија има свои цели во Западот. Иако и генералниот секретар на НАТО, како и САД и Обединетото Кралство јавно посочија дека не би пратиле свои војници во...

Москва се подготвува за воена конфронтација со Западот во следната деценија, соопшти Естонија

Русија се подготвува за воена конфронтација со Западот во следната деценија и би можела да биде одвратена со зголемување на вооружените сили, соопшти вчера естонската Служба за надворешно разузнавање, а пренесе Ројтерс. Сè поголем број западни претставници предупредуваат на воена закана од Русија за земјите долж источното крило на НАТО, повикувајќи ја Европа да се подготви за повторно вооружување. Шефот на...

Изјавите на Трамп може да ги загрозат животите на САД и ЕУ, смета Столтенберг

Шефот на НАТО, Јенс Столтенберг, рече дека секој напад врз западната воена алијанса ќе биде дочекан со „обединет и силен одговор“, откако Доналд Трамп ја покани Русија да ги нападне земјите-членки на алијансата за кои тој смета дека не ги исполнуваат нивните финансиски обврски. „Секоја сугестија дека сојузниците нема да се бранат меѓусебно ја поткопува целата наша безбедност, вклучително и...

Трамп: Би ја охрабрил Русија да нападне членка на НАТО која не ги плаќа обврските

Доналд Трамп изјави дека ќе ја „охрабри“ Русија да ја нападне секоја членка на НАТО која нема да ги плати своите сметки како дел од западната воена алијанса, пренесе Би-би-си. На митингот одржан вчера, тој рече дека еднаш му рекол на шефот на НАТО дека нема да заштити ниту една нација која доцни со плаќањата и дека ќе ги „охрабри“...

Финансиската помош од ЕУ за Украина не значи дека Европа е во војна со Русија

ЕУ никогаш не повикала на војна со Русија, туку ѝ помага на Украина да го зачува својот територијален интегритет и демократско општество. Европа ја осудува руската агресија и повикува на нејзин прекин. Што се однесува до тврдењето дека македонските граѓани треба да се подготват за мобилизација, истото е паушално. Никој кај нас досега не најавил никаква мобилизација. Оваа шпекулација досега многупати...

АРМ ќе набавува италијански хеликоптери

Понудата од компанијата „Леонардо“ од Италија е избрана за најсоодветна за новата генерација хеликоптери за Армијата на Република Северна Македонија, најави вчера министерката за одбрана Славјанка Петровска. Таа вчера во интервјуто за „360 степени“ најави дека набавката на осум нови повеќенаменски хеликоптери за Армијата на Република Северна Македонија влегува во нова фаза откако Министерството и Армијата ја избрале понудата на...

Не е вистина дека НАТО ги повлекол сите безбедносни сертификати

Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации информира дека досега се нема случено повлекување на безбедносни сертификати дадени на македонски функционери, воени лица, разузнавање и МВР од страна на НАТО, ниту пак, за такво нешто има какви било индиции. Потврда дека информацијата што се споделува на социјалната мрежа X е  неточна добивме и од Министерство за одбрана, пишува „Вистиномер“ во...

Содржината кон Запад, коментарите кон Исток: Што се објавува на Фејсбук за НАТО и ЕУ

Прашањата околу интеграцијата на Северна Македонија во Европската Унија и НАТО се меѓу најдоминантните политички теми во објавите на социјалните мрежи. Во своите Фејсбук постови, политичарите на власт постојано повторуваат дека ЕУ и НАТО се стратешки цели на државата од највисока важност, а од друга страна, се чини дека граѓаните сè повеќе се скептични во нивните зборови. Опозициските партии,...

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Според извештајот на Обединетите нации, климатските промени веројатно ќе донесат ризици по безбедноста и здравјето на повеќе од 70 отсто од светската работна сила, пренесе германската новинска агенција ДПА. Меѓународната...