fbpx
Таг: НАТО

таг: НАТО

Столтенберг: На Украинците не им недостига храброст, туку муниција

Земјите од НАТО не обезбедуваат доволно муниција на Украина и тоа има последици на бојното поле секој ден, предупреди денеска генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, пренесуваат светските агенции. „На Украинците не им недостига храброст, им недостига муниција“, рече Столтенберг на прес-конференција во Брисел. Тој додаде дека сојузниците на НАТО не ѝ даваат доволно муниција на Украина и тоа има последици: „Тоа...

Недолична објава повикува на насилство и ги сатанизира ЕУ и НАТО

Во манипулативна објава се пласира познатиот навредлив, непримерен, пропаганден наратив со кој се сатанизираат НАТО и ЕУ. Наспроти тврдењата во објавата, НАТО не е поврзана со религиозна војска, туку во Алијансата можат да пристапат војници без разлика на верската припадност. Вредностите за кои се залага ЕУ немаат никаква врска со легализација на педофилијата. Напротив, тоа е кривично дело во...

Шведска станува членка на НАТО, Русија најави контрамерки

Шведска и официјално ќе се приклучи во НАТО, откако Унгарија конечно, во понеделникот даде одобрение. Унгарија беше последната членка на западната алијанса што ја ратификуваше кандидатурата. Шведскиот премиер Улф Кристерсон во Вашингтон официјално ќе му ги предаде на шефот на американската дипломатија Ентони Блинкен документите за ратификација до кои земјата стигна по долги борби со одделни членки на Алијансата. Аналитичарите велат...

НАТО започнува големи воени вежби во Северна Европа

НАТО започнува големи воени вежби во Северна Европа, објави „Гардијан“. Вежбите започнуваат денеска и ќе траат речиси две недели, а целта е одбрана на својата новопроширена нордиска територија. Повеќе од 20.000 војници од 14 земји ќе учествуваат во вежбите предводени од Норвешка, во северните региони на Финска, Норвешка и Шведска, со учество на Финска како членка на НАТО за прв...

Москва не сака преспански јаболка, а бананите од Еквадор сепак ѝ биле повкусни од индиските

Ако притисокот на Русија не беше толку лесно воочлив во македонскиот случај со забраната за увоз на ресенски јаболка, оној со Еквадор е прилично јасен. Со вешто маневрирање на бизнис секторот, притисокот на еквадорското раководство успешно влијаеше да се премисли за понудата на САД за замена на старото советско оружје и хардвер со нови и софистицирани оружја, во спротивно...

Путин повторно предупреди на ризик од нуклеарна војна

Во своето годишно обраќање во рускиот парламент, рускиот претседател Владимир Путин ги уште еднаш предупреди Западот и НАТО дека доколку пратат свои војници во Украина постои вистински ризик за нуклеарна војна, потенцирајќи оти Русија има свои цели во Западот. Иако и генералниот секретар на НАТО, како и САД и Обединетото Кралство јавно посочија дека не би пратиле свои војници во...

Москва се подготвува за воена конфронтација со Западот во следната деценија, соопшти Естонија

Русија се подготвува за воена конфронтација со Западот во следната деценија и би можела да биде одвратена со зголемување на вооружените сили, соопшти вчера естонската Служба за надворешно разузнавање, а пренесе Ројтерс. Сè поголем број западни претставници предупредуваат на воена закана од Русија за земјите долж источното крило на НАТО, повикувајќи ја Европа да се подготви за повторно вооружување. Шефот на...

Изјавите на Трамп може да ги загрозат животите на САД и ЕУ, смета Столтенберг

Шефот на НАТО, Јенс Столтенберг, рече дека секој напад врз западната воена алијанса ќе биде дочекан со „обединет и силен одговор“, откако Доналд Трамп ја покани Русија да ги нападне земјите-членки на алијансата за кои тој смета дека не ги исполнуваат нивните финансиски обврски. „Секоја сугестија дека сојузниците нема да се бранат меѓусебно ја поткопува целата наша безбедност, вклучително и...

Трамп: Би ја охрабрил Русија да нападне членка на НАТО која не ги плаќа обврските

Доналд Трамп изјави дека ќе ја „охрабри“ Русија да ја нападне секоја членка на НАТО која нема да ги плати своите сметки како дел од западната воена алијанса, пренесе Би-би-си. На митингот одржан вчера, тој рече дека еднаш му рекол на шефот на НАТО дека нема да заштити ниту една нација која доцни со плаќањата и дека ќе ги „охрабри“...

Финансиската помош од ЕУ за Украина не значи дека Европа е во војна со Русија

ЕУ никогаш не повикала на војна со Русија, туку ѝ помага на Украина да го зачува својот територијален интегритет и демократско општество. Европа ја осудува руската агресија и повикува на нејзин прекин. Што се однесува до тврдењето дека македонските граѓани треба да се подготват за мобилизација, истото е паушално. Никој кај нас досега не најавил никаква мобилизација. Оваа шпекулација досега многупати...

АРМ ќе набавува италијански хеликоптери

Понудата од компанијата „Леонардо“ од Италија е избрана за најсоодветна за новата генерација хеликоптери за Армијата на Република Северна Македонија, најави вчера министерката за одбрана Славјанка Петровска. Таа вчера во интервјуто за „360 степени“ најави дека набавката на осум нови повеќенаменски хеликоптери за Армијата на Република Северна Македонија влегува во нова фаза откако Министерството и Армијата ја избрале понудата на...

Не е вистина дека НАТО ги повлекол сите безбедносни сертификати

Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации информира дека досега се нема случено повлекување на безбедносни сертификати дадени на македонски функционери, воени лица, разузнавање и МВР од страна на НАТО, ниту пак, за такво нешто има какви било индиции. Потврда дека информацијата што се споделува на социјалната мрежа X е  неточна добивме и од Министерство за одбрана, пишува „Вистиномер“ во...

Содржината кон Запад, коментарите кон Исток: Што се објавува на Фејсбук за НАТО и ЕУ

Прашањата околу интеграцијата на Северна Македонија во Европската Унија и НАТО се меѓу најдоминантните политички теми во објавите на социјалните мрежи. Во своите Фејсбук постови, политичарите на власт постојано повторуваат дека ЕУ и НАТО се стратешки цели на државата од највисока важност, а од друга страна, се чини дека граѓаните сè повеќе се скептични во нивните зборови. Опозициските партии,...

Давос: Зеленски се сретна со Столтенберг, Фон дер Лајен повика да продолжи поддршката за Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска се сретна со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во Давос, Швајцарија, на маргините на Светскиот економски форум. Зеленски го информирал Столтенберг за масовните руски напади врз Украина и ја нагласил важноста од зајакнување на украинската воздушна одбрана, објави Укринформ. На средбата Зеленски се заблагодарил за цврстата поддршка на НАТО во заштитата од руската инвазија. Според...

Петровска: Околу 40 македонски компании веќе можат да учествуваат на НАТО пазарот

Министерката за одбрана Славјанка Петровска заедно со премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи беше во посета на компанијата “ATS Ammunition” во Самоков, дел од групацијата “ATS Group” чија дејност е производство за заштитна и воена опрема и вооружување. Петровска информираше дека оваа компанија веќе е регистрирана за учество на НАТО пазарот и додаде дека интересот на...

Столтенберг загрижен за растечките тензии во Западен Балкан

НАТО ќе направи сè што е неопходно за да се обезбеди безбедност во регионот на Западен Балкан, изјави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг. Министрите за надворешни работи на земјите-членки денеска се сретнаа во Брисел, при што главните теми за дискусија се конфликтот на Блискиот Исток, состојбата во Украина и случувањата во регионот на Западниот Балкан. Столтенберг во пресрет на...

Шведскиот министер Џонсон: Шведска мора наскоро да се приклучи на НАТО за да ја спречи руската закана

Шведска мора да стане полноправна членка на НАТО што е можно поскоро за да ја спречи заканата од Русија, рече шведскиот министер за одбрана Пал Џонсон, додека во Стокхолм се зголемува нетрпеливоста околу нејзиниот бавен пат кон пристапувањето во Алијансата. Како што пренесува Гардијан, Џонсон рече дека не може да постави временска рамка за завршување на процесот на одобрување на...

Рама: Неопходно е да се зголеми бројот на силите на НАТО во Косово

На неформалниот состанок на лидери на НАТО сојузници од регионот, денеска во Скопје, премиерот на Албанија Еди Рама зборуваше за потребата на зголемено воено присуство на НАТО во Косово. „Неопходно е да се зголеми бројот на силите на НАТО во Косово и да се гарантира границата помеѓу Косово и Србија, граница која е вон контрола и е во служба на...

Ковачевски по НАТО-средбата: Ја издигнавме С. Македонија како фактор на стабилност во регионот

Инвеститорите од европските земји и САД во Северна Македонија и регионот препознаваат место каде можат да ги инвестираат своите пари и со тоа да обезбедат подобри работни места, подобри плати и крајно зголемување на животниот стандард на граѓаните. Ова е факт и тој е овозможен затоа што земјите од регионот, вклучително и С. Македонија, како членки на НАТО се...

Столтенберг од Скопје: Нема директна воена закана за Западен Балкан, но загрижуваат тензиите на Косово и во БиХ

Војната во Украина, конфликтот што се води во Појасот Газа и други прашања кои се однесуваат на градење на долгорочен мир и безбедност во регионот, но и во Европа и светот, се најдоа во фокусот на средбата на лидерите на НАТО сојузниците од регионот што денеска се одржа во Скопје. Западниот Балкан е стратешки важен за НАТО, рече Генералниот секретар...

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...