fbpx
Таг: наставници

таг: наставници

МОН бара од родители, наставници и стручната јавност да го реформираат образовниот систем

Министерството за образование и наука (МОН) ги повикува сите родители, наставници, стручна и научна јавност, да дадат свои сугестии за менување на постојните наставни програми, но и сугестии за изработка на нови. Оттаму велат дека сакаат да ја вклучат јавноста во реформирањето на националниот образовен систем. Ова го прават, како што велат, водејќи се по принципите на транспарентност и...

Бројот на ученици опаѓа, се вработуваат сè повеќе наставници

Во училиштето во селото Добрево во близина на Пробиштип, во 2012 година, учеле вкупно 11 ученици. Постепено, бројот на дечиња се намалил на осум, сè додека во училиштето не останало само едно детенце, за да денеска, ученичките столчиња се сосема празни, а школото - под клуч. Училиштето во Добрево не е единственото во земјава во кое реалноста е ваква....

Онлајн анкета и анализа на „Младите можат“ за несовесно однесување на наставници кон ученици

„Младите можат“ и ЛЕАД анкетирале 49 ученици на тема „#КажиСи - Утврдување на деградирачко, дискриминирачко и несовесно однесување на наставници кон ученици во образовниот процес“. Како што соопштуваат од „Младите можат“, анкетата ги сумира добиените одговори од учениците од спроведен прашалник во месец септември и ги претставува добиените одговори од Државниот просветен инспекторат на барањето за пристап до информации...

Наставниците што имале плата од околу 26.000 денари, од овој месец ќе земаат околу 30.000 денари

За 15 отсто повисоки плати ќе добиваат од овој месец вработените во основното и во средното образование. Така на пример, ако платата на наставникот досега изнесувала околу 26.000 денари, со новата пресметка таа ќе изнесува околу 30.000 денари. Септемвриската покачена плата, вработените треба да ја добијат деновиве. Јаким Неделков, претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура за Мета.мк вели...

Порталб: Во Тетово „пинг-понг“ со наставниците, се очекува нов конкурс

На повеќе од 20 наставници, во основните училишта во општина Тетово, на 31 август им истекле договорите за вработување и не им биле обновени. Од Општина Тетово не го наведуваат точниот број на наставници. Неофицијално, станува збор за наставници кои биле пред добивање решение за работа. Наставата во моментов ја изведуваат наставници кои се ангажирани како замена. Државниот просветен инспекторат...

МОН: Септемвриската плата во образованието повисока за 15 отсто

Септемвриската плата за вработените во основното и средното образование е повисока за 15 проценти, соопштија од Министерството за образование и наука (МОН). Од Министерството велат дека тоа значи оти околу 32.500 вработени, од кои 25.000 наставници, добиваат дополнителна мотивација за работа и лично вложување во унапредувањето на квалитетот на образовниот систем. „Заедно со досегашните зголемувања од 21 процент, вработените во...

Шаќири: Ќе ги анализираме петките, па ќе одлучиме дали ќе воведеме приемен испит

Побарав од секторите за основно и за средно образование да направат анализа на резултатите што ги остваруваат учениците во последните три години и врз основа на тоа, но и врз основа на искуствата во земјите каде што се полага приемен испит за упис во средно образование, ќе процениме дали и кај нас да воведеме. Ова во изјава го вели...

Заврши уште една предизвикувачка учебна година

Прва учебна година со учење според нова Концепција за образование, прва учебна година без печатен дневник за оценување, прекин на наставата поради штрајкот на просветниците за повисоки плати, учење од дома, нереализирани часови, учење по две-три лекции во еден час, за првпат воведено државно тестирање, учество во ПИСА меѓународното тестирање и eлектронски упис на ученици во средното образование. Ова се...

Започна државното тестирање, се проверува колку учениците се функционално писмени

Во 79 училишта на македонски и на албански наставен јазик, денеска започна државното тестирање на основците, кое за прв пат се организира во нашата земја. Годинава државен тест полагаат само третоодделенци, избрани по случаен избор. Планот е сега ваков тест да полагаат само третоодделенците, в година – и третоодделенците и петтоодделенците, а потоа ќе бидат приклучени и деветтоодделенците. Како што информираат...

Штрајкот нема да ја промени содржината во матурските тестови

Ќе оневозможи ли штрајкот, матурантите навреме да го полагаат испитот на зрелоста? Прашањето за државната матура се актуелизира како што се приближува крајот на учебната година. Испитите се веќе закажани, тестовите се испечатени, но бидејќи материјалот не им е предаден целосно на учениците, прашање е, како ќе им се проверува знаењето на теми кои не ги учеле. Директорката на Државниот...

Владата и СОНК постигнаа договор, од среда ќе продолжи наставата и работата на градинките

Владата и СОНК постигнаа согласност за зголемување на платите во основното и средното образование и во детската заштита. Денешниот договор вклучува согласност за почеток на наставата и почеток на работата на градинките од среда, 27 април, откако утрешниот ден претставниците на претседателството на СОНК и регионалните советници ќе ги информираат вработените во образованието и во детската заштита за постигнатиот...

Попладнево средба на СОНК и Владата, ако нема договор, штрајкот ќе продолжи и утре

Во владата попладнево ќе се одржи нова средба меѓу Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) како уште еден обид да се постигне договор за завршување на штрајкот во училиштата и градинките во земјава. Покрај претседателот на СОНК Јаким Неделков, на денешната средба со премиерот Димитар Ковачевски и министерот за образование и наука Јетон Шаќири ќе биде и...

Контраспин: Исплатата само на придонеси е, сепак, притисок – СОНК спинува, платите растеле и досега

Анализирајќи ги изјавите на главните актери во штрајкот во образованието (претшколско, основно и средно) кој трае цели две недели, со неизвесност кога ќе прекине, може да се идентификуваат два спина. Еден спин кој доаѓа од Владата и еден спин кој доаѓа од СОНК. Изјавата дека нема да им исплатат дневници за време на штрајкот, туку само придонесите, иако се...

МОН е подготвено да пренамени дел од средствата за покачување на платите во образованието

Министерот за обрзование и наука Јетон Шаќири во вчерашното гостување на Телевизија Алсат-М истакна дека МОН е подготвено да пренамени дел од буџетските средства со цел доближување до процентот на покачување на платите кој го бара Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК). „Како министер за образование и наука, подготвен сум да направам отстапки од повеќе инвестициски и други активности...

Прв ден штрајк на наставниците: Во некои училишта децата се прифаќаат и има настава, во други цели колективи не работат

На првиот ден од штрајкот кој го организира раководството на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), сликата во училиштата е различна. Во некои училишта се прифаќаат деца и настава се одржува, а во други места, пак, цели наставнички колективи се во штрајк и не прифаќаат деца. Директорот на гимназијата „Орце Николов“, Митко Димовски за Мета вели дека две третини...

СОНК од утре ќе штрајкува, бара Владата да го „одврзе ќесето“

Штрајкот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) ќе се одржи утре. Членовите на синдикатот ќе штрајкуваат со неизвршување на работните задачи на работното место, односно ќе бидат сместени во простории што заеднички ќе ги договорат со директорите на установите и нема да ги извршуваат своите воспитно-образовни и згрижувачки дејности, соопшти на прес-конференција Јаким Неделков, претседател на...

СОНК најавува штрајк од 11 април, нема да има настава и згрижување деца

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) донел одлука за организирање на генерален штрајк во образованието и градинките кој ќе започне од 11 април, затоа што не постигнале договор со надлежните за зголемување на платите. Како што соопштија оттаму, во изминатиот период оствариле повеќе средби во Владата, но и со социјалните партнери - министерствата за образование и наука...

Ниските плати ги одвраќаат младите да ја изберат наставничката професија

Ниските плати, а обемната административна работа во образование, како и непочитувањето на професијата наставник, прави од година в година да се запишуваат сè помалку студенти на наставните насоки по предметите математика, хемија, физика и биологија. Има училишта кои се соочуваат и со недостиг на наставници по информатика, па често се импровизира и предметот го предаваат други наставници кои го...

За прв пат во државата ќе се испитува работата на наставниците и на директорите на училиштата

С. Македонија за прв пат ќе учествува во ТАЛИС, меѓународното истражување на ОЕЦД за настава и учење. Во рамки на истражувањето ќе се испитува како работат наставниците и директорите на училиштата во државата, со цел да се подобри квалитетот на нивната работа. Директорката на Државниот испитен центар Елизабета Наумовска, за Мета вели дека државата досега никогаш не била вклучена...

Промовиран документ со предлози за подобрување на менталното здравје кај младите

Денеска се одржа завршниот настан за презентирање на документот за јавна политика „Ментално здравје – сега е моментот“, информираат од тимот на Младите можат. На настанот се водеше дискусија помеѓу психолог м-р Тиана Ивановска, наставник д-р Фанче Јошевска и Ева Цветковска - претседателка на УСС на УКИМ на теми кои се опфатени во документот за јавна политика, како и предлози...

Меѓаши: Младите треба отворено да зборуваат ако имаат суицидни мисли

Потребна е поголема поддршка од институциите за негување на детското ментално здравје, а сите треба да учествуваме во детабуизирање на темата. Ова беа заклучоците на денешното презентирање на наодите на...