fbpx
Таг: настава

таг: настава

Учениците кои немаат учебници учат од диктати на наставниците

Додека се чека да завршат сите процедури и конечно учебниците кои недостасуваат да стасаат во училиштата, на часовите се користат материјали за учење. Вакви материјали, кои се налик на учебници но се во скратена верзија, се користат по предметот македонски јазик за шесто одделение, математика за трето, потоа, по предметот историја и општество за шесто одделение и по други...

Приведен средношколец од Штип, се заканувал на Инстаграм

Штипската полиција привела ученик од гимназијата „Славчо Стојменски" откако тој вчера на социјалната платформа Инстаграм објавил заканувачка порака. СВР Штип потврди дека 18-годишниот Б.Д. е приведен и дека е информиран јавен обвинител. Според соопштението на СВР Штип, се преземаат мерки за расчистување на случајот. Директорот на училиштето, Марјан Арсов, за медумите изјави дека училишните служби разговарале со ученикот и со неговите...

Видеото од ученици што малтретираат наставничка е од Романија

Видеоматеријалот што се споделува во постот не е од С. Македонија, туку потекнува од Романија. Иако во постот изрично не се тврди дека снимениот материјал е од Македонија, сепак, не е споделена информацијата дека настанот се случил на час во Романија, со што се пропушта контекстот. Медиумите во Романија известуваат дека станува збор за наставничка по англиски јазик која...

Спасовски: Последните дојави за бомби се испраќани од Иран и од Русија, досега вкупно 720 објекти добија закани

Ова е еден интензивен хибриден напад кој ни се случува од 19 октомври, па до денеска, на територија на целата држава, во средните, а потоа и во основните училишта. Имавме зафатени повеќе од 720 објекти со вакви лажни дојави, иако не само во училишта, туку и во други комерцијални објекти, истакна во гостувањето на ТВ 24 министерот за внатрешни...

Организацијата ОДАС реагира за начинот на справување со прекинот на наставата поради дојавите за бомби

Организацијата за дијалог и афирмација на средношколците (ОДАС) реагира на донесеното решение за справување со прекинот на наставата поради дојавите за бомби. Оттаму велат дека решението предвидува онлајн настава за учениците од средните училишта, но не гарантира квалитетна настава, надоместок на изгубените часови и успешно одвивање на полагањето на државната матура. „Оваа генерација на средношколци нема една цела година со...

МОН: По добиена дојава за бомба, наставата да не се прекинува, туку да продолжи онлајн

Одговорните во Министерството за образование и наука (МОН) испратиле допис до основните и средните училишта во државата, во кој наложуваат директорите да организираат настава на далечина во деновите кога ќе добијат дојави за поставени бомби. Ова се случува за учениците да не губат од настава бидејќи дојавите се зачестени, а информацијата за дописот од МОН доаѓа откако Мета.мк објави...

Случувања кои го одбележаа образованието во 2022 година: Штрајк на наставници, дојави за бомби, многу изгубени часови

Дојави за бомби, продолжен зимски распуст, штрајк на просветните работници, скратен материјал за матурските испити, обуки за наставници да предаваат по „ново“, 1 септември без учебници, губење настава во повеќе наврати... Ова се само дел од нештата кои ја одбележаа изминатава 2022 година кога станува збор за образованието во нашата земја. И додека можеби очекувањата беа дека годинава најважниот...

Во С. Македонија нема сексуално образование за деца од 0 до 4 години

Кај нас не постои сеопфатно сексуално образование од 0-4 години и оттука било какво тврдење поврзано со работата на нашата организација во овој контекст е беспредметно и неиздржано. Се работи за класична манипулација и извртување на фактите. Исто така, во нашата земја не постои ниту неформална програма за сексуално образование за деца на оваа возраст до 4 години, што...

Нова дојава за поставена бомба во девет училишта и НБРСМ

Училиштата за средно образование „Михајло Пупин“, „Орце Николов“, „Владо Тасевски“, „Никола Карев“, „Јосип Броз Тито“, „Раде Јовчевски Корчагин“, „Панче Арсовски“, „Арсениј Јовков“ и „Цветан Димов“, денеска на електронските пошти добиле мејл со закана за поставена бомба. Освен тоа, за прв пат денеска се случи и институција која не е образовна, односно Народната банка, да добие дојава со закана за...

МОН: До Нова година да се одработат часовите што беа пропуштени заради дојавите за бомби

Наставата во средните училишта во Скопје каде во изминатите денови имаше повремени прекини, мора да продолжи, а училишните раководства кои се најодговорни за квалитетен и безбеден воспитно–образовен процес, согласно позитивните правни прописи, имаат должност да изнајдат начин и до крајот на првото полугодие да ги надоместат пропуштените часови. Ова е ставот на Министерството за образование и наука (МОН), откако...

Четири лица се повредени во пожарот во Тетово, наставата е прекината заради загадувањето

Во пожарот што утрово изби во објектите на „Македонија табак“ и „Пофикс“ лоцирани на излезот од Тетово има четворица повредени, од кои три лица се со асфиксија односно гушење, а за едно лице се претпоставува дека има скршеница на коленото, но нивната состојба е стабилна, информира Порталб.мк. Општина Тетово во соработка со Секторот за образование донесе и одлука да се...

УНИЦЕФ загрижен поради прекинот на наставата на учениците, ќе мора да се надомести изгубеното

УНИЦЕФ е сериозно загрижен поради продолжениот прекин на наставата и повикува да се преземат мерки со кои ќе се овозможи децата од основното и средното образование да ја надоместат изгубената настава веднаш откако ќе се вратат на училиште, се наведува во денешното соопштение од УНИЦЕФ, откако постана јасно дека штрајкот на наставниците продолжува низ училиштата во земјава. Од УНИЦЕФ велат...

УНИЦЕФ: Тоа што нема настава ја продлабочува образовната криза

УНИЦЕФ го следи тековниот дијалог меѓу Владата и Синдикатот за образование, наука и култура и ги повикува сите вклучени страни брзо да најдат заедничко решение што ќе ги стави децата на прво место и што нема да доведе до дополнителен продолжен прекин на наставата во училиштата, соопштија од  од организацијата. Претставничката Патриција ДиЏовани смета дека вработените во образовниот сектор,...

Поради голем број на хоспитализации се отвараат нови ковид оддели во болниците

Заради континуираниот пораст на бројот на новозаболени и со цел проширување на болничките капацитети, Комисијата за заштита од заразни болести препорача Клиниката за кожни болести и Клиниката за неврологија во Скопје да продолжат со работа како ковид центри и да се отвори дополнителен ковид оддел во ГОБ „8 Септември”, информираат во Министерството за здравство. На состанокот на Комисијата присуствувал министерот...

МОН: Oколу 0,02 проценти од вкупно 240 илјади ученици на ниво на држава се новозаразени случаи на ковид-19

Според последниот пресек на Министерството за образование и наука добиен од училиштата, околу 0,02 проценти од вкупно 240 илјади ученици на ниво на држава се новозаразени случаи на ковид-19, истиот процент е и кај наставниците, информираат од таму. „Од почетокот на учебната година до сега активни случаи од учениците биле 0,2 проценти. Дел од нив се веќе негативни и вратени...

Главниот кризен штаб предлага наставата да се одвива со физичко присуство

На предлог на Министерството за образование и наука, на денешниот состанок на Главниот координативен кризен штаб на Владата на Република Северна Македонија (ГККШ), кој го водеше премиерот Заев беше оценето дека се создадени услови почетокот на новата школска година да биде со физичко присуство на учениците, освен за одделни исклучоци, кои ќе бидат стриктно наведени во Одлука која ќе...

Универзитетите задоволни од оваа aкадемска година, успехот на следната ќе зависи од имунизацијата на студентите и професорите

Учење од далечина
Првиот академски час на државните универзитети минатиот октомври започна во неизвесност, но академската 2020/2021 година на крај заврши успешно. За првпат во историјата на македонските универзитети поголем дел од академскиот кадар и студентите една цела академска година поминаа дома, одржувајќи ги предавањата и испитите преку средства за далечинско учење. Новите корона услови ја ставија на тест подготвеноста на образовниот систем...

Истражување: Оваа учебна година онлајн наставата многу подобро организирана во споредба со лани

Родителите, децата и наставниците сметаат дека оваа учебна година (2020/2021) наставата на далечина била многу подобро организирана во споредба со второто полугодие од минатата учебна година (2019/2020). Техничките потешкотии биле надминати, а исто така наставата се организирала според распоред на часови и биле исполнети целите на наставната програма. Ова го покажува истражувањето направено од „Реактор“ по нарачка на УНИЦЕФ, а...

Сојузот на средношколци го продолжува бојкотот на наставата, МОН вели дека тоа е „неоправдано“

По вчерашната одлука на Сојузот на средношколци и следнава седмица да продолжи бојкотот на наставата од страна на матурантите, денеска реагираше Министерството за образование и наука, кое порача дека барањата се неприфатливи, а бојкотот е неоправдан и е на штета на матурантите. Од Сојузот бараат на државната матура да се полагаат два наместо четири предмети, од кои едниот задолжителен мајчин...

Од следење настава од педалинка, до играње видео игри за време на предавање – како се злоупотребува онлајн наставата?

На први октомври во повеќе училишта започна учебната година со настава од далечина преку националната платформа schools.mk, каде учениците ги слушаат и гледаат предавањата на нивните наставници и професори. Но, новиот начин на одвивање на наставата значеше и нови предизвици со кои ќе се соочат како учениците, така и нивните учители, но и целокупниот образовен систем. А проблемите веќе можат...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...