Училниците се преполни поради недостиг на квалификувани наставници


Скопје, 17 декември, 2018 - 11:07 (META) 

Недостатокот од професионални кадри e eдна од причинитe поради која нeколку основни училишта во Скопјe сe соочуваат со голeм број на учeници и нeдостаток на простор, пишува „Порталб.мк“.

Родитeлитe бараат наставницитe да работат повeќe со нивнитe дeца, и во потрага по добар наставен кадар, често се случува да ги запишуваат во училишта што нe сe на територијата на општината кадe што живeат, бeз да сe зeмe прeдвид законот што тоа го забранува. Дирeкторитe нe ги одбиваат дeцата, и со тоа ги прeоптоваруваат училиштата.

Дирeкторот на основното училиште „Пeтар Здравковски-Пeнко“, Eнис Мeмeти за „Порталб. мк“ објаснува дeка поради персоналот и барањата на родитeлитe да ги запишат дeцата во ова училиштe, во eдна паралeлка e надминат законскиот опрeдeлeн број, а тоа e 34 учeници.

„Ниe имамe добар пeрсонал и родитeлитe сe брзаат да ги запишат нивнитe дeца во нашeто училиштe кај најдобритe наставници“, додадe Мeмeти.

Исто така и дирeкторката на основното училиштe „Исмаил Ќeмали“, Бурбуќe Имeри за изјави дeка eдна од причинитe за бројнитe барања на родитeлитe да ги запишуваат нивнитe дeца во ова училиштe e и успeхот на наставницитe во наставата.

„Во ова училиштe рeчиси сeкоја паралeлка e на граница или го надминува законски дозволениот број на учeници во eдна паралeлка, а eдна од причинитe e порастот на насeлeниeто во овој дeл на Чаир, но исто така и квалификуваниот и успeшeн пeрсонал во работата што ја вршат“, изјави Имeри.

Унивeрзитeтскиот профeсор Авзи Мустафа, вeли дeка родитeлитe како никогаш досeга ги бираат наставницитe, бидeјќи спорeд нeго нeкои наставници нe работат доволно со учeницитe.

„Со сeта почит што ја имам за учитeлитe и наставницитe, за жал постојат и наставници кои залуталe, и поради тоа повeќeто од родитeлитe ги ориeнтираат дeцата кај ониe наставници кои покажуваат подобри рeзултати. Ова e eдна од тиe причини поради кои смeтам дeка сeкој родитeл e заинтeрeсиран да го запишe своeто дeтe кај наставник кој ќe го учи и воспитува“, изјави  Мустафа.

Тој објаснува дeка МОН трeба да организира повeќe сeминари и проeкти за унапрeдувањe на образованиeто, но нe да организира сeминари по хотeли и сали, туку тиe да сe спровeдува во училиштата.

„Што поскоро трeба да сe прeзeмат чeкори за да сe спровeдат внатрeшни рeформи, да барамe мeтоди, најдобритe форми на настава, кадe што ќe сe бара учeникот да бидe повeќe ангажиран на час, прeку работа во групи, интeрактивна настава“, рeчe Мустафа.

Родитeлитe бараат да сe изврши соодвeтна сeлeкција на наставницитe спорeд вeштинитe а нe спорeд партиската книшка и политиката да ги тргнe рацeтe од образованиeто. Исто така МОН, Испeкторатот и општината да спровeдуваат повeќe контроли за одвивањeто на наставата во училиштата.


Дигитализирана настава бара инфраструктура, брз Интернет и план за одржување


Опремата од проектот „Компјутер за секое дете“ од пред 11 години е речиси надвор од употреба. Во ера на дигитализација, нашите основци и средношколци на часовите се принудени да ги користат своите смартфони кои делумно „вршат“ работа, а наставниците неретко носат лаптопи од дома за да можат да ја усвојат материјата предвидена со програмата. Некои основци користат учебници по информатика испечатени во 2009 година, што е апсурдно со оглед на брзиот развој на технологијата и неупотребливоста на материјалот во тој учебник од денешна временска дистанца.

Оваа слика за македонското образование во однос на дигитализацијата, мора да се промени. Државата мора да вложува во опрема, а наставниците мора постојано да одат на обуки, а знаењата оттаму, ќе ги применуваат на часовите.

Незамисливи се часови без употреба на компјутери

„Мета“ неодамна објави дека Министерството за образование подготвува наследник на проектот „Компјутер за секое дете“. Заменик-министерот за образование и наука, Петар Атанасов изјави дека наставната програма неопходно е да се дигитализира, а со тоа ќе им се овозможи на учениците да се образоваат од современи помагала.

– Тоа е една голема промена која ќе мора да се случи. Конкретни податоци немам во овој момент кога би се набавувале нови компјутери за учениците, но ќе работиме на тоа да ја дигитализираме наставата. Тоа подразбира обезбедување повеќе ресурси, опремување на училиштата за дигитализација и овозможување на алатки за да можат да учат од модерни помагала. Исто како минатата влада, имаме желба да го реализираме овој процес, кој не може да се заврши за кусо време – рече Атанасов.

„Донесете ваши уреди“ е привремено решение

Како што рече Томе Спировски, првиот човек на Државниот просветен инспекторат, само една третина од компјутерите од проектот „Компјутер за секое дете“ се во функција на ниво на држава. За да можат да ги реализираат часовите, во училиштата се функционира по принципот „bring your own device“, па децата сами од дома си носат смартфон, таблет или лаптоп за да можат да научат нешто на часот со помош се разбира, на нивните наставници.

Според експертите, дури и за уредите кои децата и наставниците си ги носат од дома, треба да има соодветна инфраструктура, односно треба да има соодветно напојување за да може секој да си го полни уредот, а исто така неопходно е и да има Интернет кој ќе го користат на часовите.

Ништо без добра инфраструктура и одржување

Проф. д-р Миле Јованов, претседателот на Здружението на информатичари и професор на Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство, вели дека нашите училишта значително заостануваат кога станува збор за технологија и тоа мора што поскоро да се промени, бидејќи ова што сега го има во училиштата од компјутерска опрема е сосема неупотребливо.

Според него, прв приоритет е да се набават компјутери во основните и во средните училишта за опремување на кабинетите за наставата по информатика, бидејќи тие кабинети се разликуваат од сите останати кабинети. Ако останатите користат технологија во наставата, во кабинетите по информатика имаме настава за технологијата и тука мора да има разлика во тоа како треба да изгледа таа училница во однос на стандардната.

komputer-za-sekoe-dete

– Проблемот со струја и пристап до Интернет во училиштата до ден денес не е добро решен. И не е едноставно да се реши затоа што имаме разлики во регионалниот развој. Во некое село има оптика, во некое едвај може да има некаков сателитски достап. Некаде може да го обезбеди телекомуникациски провајдер, некаде кабелски провајдер. Треба да се реши тоа, мора да има добар интренет ако сакаме да имаме квалитетна настава со компјутери. Треба да има компјутери во училиштата, или подобро – во секоја училница, кои ќе служат како локални сервери за да се складираат содржини кои потоа учениците локално ќе може да ги повлекуваат за време на час. Пред да се купи компјутер, треба да се купи проектор за секоја училница.  Кој ќе набавува делови, кој ќе врши поправки кој ќе менува делови тековно, ова се прашања кои се клучни. Компјутерската опрема се расипува и тоа е нормално, но како ќе се организира грижата за опремата е важно. Би требало да се упростат тендерските процедури за набавка на делови на пример, бидејќи додека заврши една таква процедура, може да помине цело полугодие – вели Јованов за „Мета“.

Претходниот проект се тврдеше дека чини 60 милиони евра

Проектот „Компјутер за секое дете“ стартуваше во 2007 година. Тој беше жестоко критикуван од тогашната опозиција, а сегашна власт, дека е неуспешен и дека е проект за перење пари. Никогаш точно не беше обелоденето колку точно пари од државниот буџет беа потрошени за компјутери, иако во јавноста се калкулираше со бројка од 60 милиони евра.

Со овој проект како држава бевме меѓу подобрите земји во однос на тоа колку компјутери има по глава на дете. Но тоа од оваа временска дистанца е неважно бидејќи во пракса тој проект не функционира. Познавачите предупредуваат дека државата мора постојано да вложува во опрема, но и во обуки за наставниците кои мора да напредуваат и да ги применуваат во наставата новите работи што ги учат.

Е-дневникот е добра мерка

Во насока на дигитализација на наставата е и мерката електронски дневник, која беше воведена пред неколку години и која стана законска обврска за наставниците. „Мета“ неодамна пишуваше дека во моментов системот не е во функција бидејќи во тек е избор на фирма што ќе го поправи. Ова е добра мерка, бидејќи овозможува родителите преку смс, постојано да имаат увид во оценките и изостаноците на своите деца.

Мерката не им се допаѓа на наставниците бидејќи мораат да водат двојна евиденција и во пишаниот и во електронскиот дневник, но министерството најавуваше кратења на нивните административни обврски, па се очекува промени да има и во водењето евиденција во дневниците.

Антонија Поповска


За три месеци од Штип во странство се иселиле 48 основци


Штип, 5 декември, 2018 - 14:56 (META) 

Од почетокот на  учебната година до крајот на ноември, од основните училишта во Штип се испишале 48 ученици. Тоа значи дека секој втор ден во странство заминувал по еден ученик. Во истиот период, 12 ученици од средните училишта се испишале поради заминување во странство.

Податоците се базирани на исписниците од училиштата, во кои прецизно е наведена причината за отпишувањето.

За разлика од минатите години, кога се чекаше да се заврши училишната година, па се повлекуваа децата во земјите каде работат нивните родители, последните две години, децата се отпишуваат од училиште во кој било период од училишната година. Во основните училишта во Општината Штип, настава посетуваат над 4.000 ученици.

За разлика од Штип во Кочани за овие три месеци се испишале 18 ученици. Интересно е дека од кочанските училиштата си заминуваат и наставници. Работата за овие три месеци ја напуштиле четворица наставници.

Од останатите општини во регионот, од  делчевските училишта се отпишале 13 основци, но има и шест новозапишани ученици, додека во Македонска Каменица, каде изминатите години имаше значајно ислелување, од почетокот на учебната година си заминале само двајца ученици.


Активистите ги повикуваат родителите на бојкот на наставата, поради загадениот воздух


Скопје, 14 декември, 2017 - 10:36 (META) 

Активистите за чист воздух и здрава животна средина, ги повикуваат родителите да ја бојкотираат наставата во училиштата на 20 декември (среда), поради енормно загадениот возух.

На Фејсбук-страницата „Бојкотирам настава“ тие велат дека, ниту еден протест до сега, не помогнал во решавање на проблемот со загаденоста, па затоа и се менува начинот на искажување на револт.

„Мерните станици низ Скопје веќе две недели покажуваат оргомна загаденост на воздухот. За важноста на справување со загадувањето, како најголем и најопасен проблем, ги потсетуваме одговорните веќе четири години. Досега се обидовме со чести собири за искажување на назадоволството од непсравувањето со ниедна точка од овој комплексен проблем, за да ги потестиме службениците да си ја сработат работата за која се нафатиле да ја сработат, а за што добиваат плата од наши пари. Бидејќи досегашните форми на протест не вродија со никаков плод, отсега го менуваме начинот на искажување револт“, се вели во апелот.

Утринава скопјани се разбудија во густа магла, намалена видливост и големо загадување на амбиенталниот воздух. Мерните станици на Министерството за животна средина, во скопското подрачје покажуваат енормно загадување на воздухот. Многу високо ниво на канцерогените ПМ10-честички и ПМ2,5-честички има во Центар, Карпош, Лисиче, Гази Баба и Ректорат.


Омбудсманот реагира на забраната ученички со шамии да следат настава


Скопје, 19 септември, 2017 - 14:49 (META) 

Народниот правобранител денеска соопшти дека ја осудува постапката на Министерството за образование и наука кое, како што се наведува во реакцијата, со допис му овозможило на директорот на Основното училиште „Братство и единство“ во Охрид да им забрани на ученички да посетуваат настава затоа што носеле шамија на главата.

Омбудсманот бара веднаш да се повлече ваквата одлука и на ученичките да им се овозможи да ја следат наставата.

„Уставот на Република Македонија и Европската конвенција за човекови права предвидуваат и дозволуваат слобода на вероисповед и слобода на изразување на религијата, а според Конвенцијата за правата на детето, слободата на манифестирање на вероисповедта може да потпаѓа само под ограничувања предвидени со закон, а вакви ограничувања не се предвидени со Законот за основно образование и со другите законски прописи“, стои во соопштението од канцеларијата на Народниот правобранител.

Омбудсманот бара доследно почитување на законите и задолжителна примена на ратификуваните меѓународни акти, како составен дел на македонскиот правен поредок.


Поради несоодветни услови, ученици од Тетово учат во три смени


Тетово, 23 јануари, 2017 - 16:21 (META) 

Второто полугодие за дел од учениците од основното и од средното образование во Тетово, почна со одредени тешкотии. Во најголемото основно училиште „Лирија“ во Тетово, наставата се одвива во три смени, поради неможноста да се учи на вториот кат од училиштето, каде минатата година почна да прокиснува покривот.

– Сега часовите траат по половина час. Така ни налага законот, во вонредни околности можеме да учиме со скратени часови и наставата се одвива во просториите од приземниот кат и во подрумот. Се надеваме дека напролет ќе се почне со реконструкција на покривот и состојбата ќе се стабилизира – изјави Шпреса Исеини, директорка на „Лирија“.

Од Општина Тетово велат дека кога ќе дозволат временските услови, ќе се почне со реконструкција на покривот, но и на санитарните чворови, за што се одвоени 25 милиони денари. За овие градежни активности дополнително се предвидени и пари кои беа планирани за прославата на новогодишната ноќ, а која беше откажана.

Тетовските гимназијалци кои учат на македонски наставен јазик, пак, го почнаа второто полугодие во еден од објектите на старото медицинско училиште, кој на крајот од минатата година беше целосно реконструиран.

– Засега сите гимназијалци што следат настава на македонски јазик ќе учат во еден од објектите од старото медицинско училиште во две смени. При крај се градежните активности на вториот објект од стара медицина. Кога ќе биде готов овој објект, сите ученици ќе учат во прва смена, распределени во двата објекти – изјави Ахмед Ќазими, раководител на секторот за јавни дејности при Општина Тетово.

Тетовските гимназијалци оваа учебна година ја почнаа со многу проблеми. Поради лошите услови во објектот на Работничкиот универзитет, гимназијалците првиот училиштен ден го почнаа со протести и со марш. Држеа часови на плоштад, во зградата на Општина Тетово. На крај се најде решение, наставата да ја продолжат во објектите на старото медицинско училиште, за кои Општина Тетово одвои пари да ги реконструира.


Прв школски ден за 1.500 деца бегалци во Грција


Атина, 10 октомври, 2016 - 15:03 (META) 

Околу 1.500 деца бегалци од бегалските кампови низ Грција денеска почнуваат со часови во 20 грчки државни училишта. Децата ќе имаат часови секој ден, попладне од 14 до 18 часот, откако ќе заврши редовната настава во училиштата.

Децата бегалци со автобуси ќе бидат пренесувани од бегалските центри до училиштата и ќе имаат часови по мајчин јазик, грчки и англиски или друг странски јазик, како и предмети како математика, физичко или музичко за децата да може полесно да се интегрираат во грчкото, а подоцна и во општеството во државата каде сакаат да продолжат.

Првиот школски ден за децата бегалци не помина без проблеми. Вчера група родители ставија катанец на портите на училиштето во Лезбос каде треба да бидат примени дел од децата, во знак на протест зошто не биле навремено известени дека токму тоа училиште е одбрано да биде „бегалско“ училиште. Катанецот, сепак, беше тргнат денеска и на бегалците им беше дозволено да се приклучат на наставата.

Протест против одлуката децата бегалци да се интегрираат во училишата покрај грчките деца, денеска организираа и родителите во солунската населба Ореокастро, каде во текот на викендот се одржа и националистички протест против исламизацијата на грчкото општество, кој ескалираше со судири меѓу националналистите и група анархисти.


Тетовските гимназијалци ќе следат настава во старото медицинско училиште


Тетово, 7 октомври, 2016 - 15:31 (META) 

Наставата на македонски наставен јазик за тетовските гимназијалци ќе продолжи привремено да се одвива во двете згради на старото медицинско училиште. Децата во овие објекти ќе почнат да учат откако, најверојатно месецов, ќе заврши нивната реконструкција. Засега средношколците следат предавања во големата сала на Општина Тетово.

– Па, тука е лошо за следење настава. Ги нема потребните услови. Нема табла, има само една сала, па поради тоа цела настава ни трае час и половина, што е недоволно – изјави ученичка од гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово.

Од секторот за образование на Општина Тетово велат дека интензивно се работи на реконструкција на зградите, кои подолг период беа во рунирана состојба. Се работи и на трајно решение за просторниот проблем на тетовските гимназијалци.

– Работиме на добивање дозвола за изградба на објект во рамките на централниот објект на гимназијата, што би било трајно решение за просторниот проблем на гимназијалците што следат настава на македонски јазик. По добивањето дозвола, се надеваме дека централната власт ќе одвои пари за изградба на овој објект, изјави Ахмед Ќазими, раководител на секторот за образование при Општина Тетово.

Инаку, предлогот тетовските гимназијалци привремено да следат настава во двата објекти на старото медицинско училиште, го понуди градоначалничката на Тетово, Теута Арифи. Но, тој беше одбиен од советот на родители и професори при тетовската гимназија. По десетина дена, советот се премисли и го прифати предлогот, со образложение дека најважно е учениците да не губат настава.


Не се постигна решение за тетовските гимназијалци


Тетово, 28 септември, 2016 - 16:23 (META) 

За тетовските гимназијалци кои следат настава на македонски јазик сè уште не се најде решение. И учениците и советот на родители и на професори од гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ од Тетово, не прифаќаат да се следи настава во објектите на старото медицинско училиште, предлог кој денеска на состанок им го понуди градоначалничката на Тетово, Теута Арифи.

– И советот на родители и на професори при гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово и учениците не го прифаќаат овој предлог. Овие простории кои ни се нудат се руинирани. Остануваме на нашиот став да учиме во објектот на централната гимназија – изјави Катерина Наумовска од советот на родители и на професори.

И покрај неприфаќањето на предлогот, од секторот за образование при Општина Тетово велат дека се работи на реконструкција на двата објекти од старото медицинско училиште и се подготвуваат таму да се почне со настава.

– Јас се надевам дека учениците што следат настава на македонски јазик ќе почнат со настава во овие два објекти. Наставата тука ќе се одвива сè додека не се најде трајно просторно решение за овие ученици, односно не се изгради објект во состав на постоечката гимназија, на што се работи интензивно. Се очекува да се добие дозвола, па потоа да се почне со изградба на овој објект – изјави Ахмед Ќазими, раководител на секторот за образование при Општина Тетово.

И денеска гимназијалците од „Кирил Пејчиновиќ“ кои следат настава на македонски јазик, со протест пред Општина Тетово го искажаа незадоволството од нерешавањето на просторниот проблем, со кој се соочуваат повеќе од 10 години.

Вакви протести најавија и за наредниот период, сè додека надлежните не ги прифатат нивните барања, да учат привремено во зградата на гимназијата, а во меѓувреме да се работи на изградба на нов објект.


Наставата не почна за гимназијалците Македонци од Тетово


Тетово, 7 септември, 2016 - 15:34 (META) 

Учениците што посетуваат настава на македонски јазик не почнаа со настава во централниот објект на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово, иако таква одлука беше донесена на почетокот од оваа учебна година. Од раководството на училиштето велат дека не можат сите ученици, Македонци и Албанци, да ги распоредат да учат во еден објект.

– Беше донесена одлука да се учи во три смени, но наидовме на технички проблеми и ова решение не можеме да го спроведеме. Бараме друго решение за просторниот проблем на учениците – изјави Намикќемал Мустафа, директор на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ 0 Тетово.

Од советот на родители и професори од тетовската гимназија велат дека претпоставувале дека раководството на училиштето ќе се соочи со просторен проблем при распоредувањето на учениците, кои ги има во голем број во ова средно училиште. Апелираат што поскоро да се најде решение.

Одлуката да се продолжи со настава во централната гимназија ја соопшти градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, по завршувањето на протесниот марш, кој на 1 септември го организираа учениците Македонци, револтирани што подолг период следат настава во несоодветни услови, во зградата на Работничкиот универзитет и во основното училиште „Гоце Делчев“ во Тетово.

Во овие објекти почнаа да учат откако 14 години учеа во познатите стари медицински бараки, каде немаше никакви услови за водење на настава, а честопати се случуваа и меѓуетнички инциденти.